fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Адвокатските канцеларии, синоним за успешен бизнис

Адвокатските канцеларии, синоним за успешен бизнис

Секоја десетта фирма којашто згаснала била од дејноста ресторани и други објекти за подготовка и послужување на храна. Практично, десетина или 9,74 % од сите затворени бизниси во периодот од 2014 до 2018 година биле од оваа бранша. На второ место на оваа листа на неславни дејности се таканаречените дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место со учество од 6,38 %.

Безмалку секоја 20-та фирма што се затворила, или 4,85 %, била од групата на трговци на мало во неспецијализирани продавници кои претежно продаваат храна, пијалаци и тутун. Веднаш зад нив доаѓаат компаниите за подготовка и послужување пијалаци коишто учествуваат со 4,74 %. Не било ретко ниту затворањето објекти од трговија на мало со облека во специјализирани продавници. Бутиците учествувале со 3,29 % во вкупниот број на неактивни фирми.

ДејностБрој на неактивни фирмиУчество во %
Ресторани и други објекти за подготовка и послужување на храна9719,74%
Дејности на други организации врз база на зачленување6366,38%
Трговија на мало во неспецијализирани продавници4834,85%
Подготовка и послужување на пијалаци4724,74%
Трговија на мало со облека3283,29%

Доколку сакате да дознаете кои се најголемите стартапи во Р.Македонија притиснете овде.

Намалувањето на семејните издатоци ја принудило практично секоја триесетта фирма којашто престанала со работа да е дел од групата фризерски и салони за разубавување. За нијанса поотпорни биле автосервисите чиешто учество во неактивните фирми изнесува 2,66 %. Ниту модерниот тренд на бизниси со спорт не е гаранција дека успехот е сигурен. Тие во вкупниот број на затворени бизниси учествуваат со 2,14 %. Двесте и шест трговци на мало во неспецијализирани продавници, или 2,07 %, го затвориле бизнисот, а исто така и секој педесетти таксист. Најчести причини за пропаѓањето, според Групацијата на такси превозници, биле: нелојалната конкуренција, скапото гориво и намалениот обем на работа. Зад таксистите на оваа листа се наоѓаат неспецијализираните трговци на големо и производителите на леб и слатки, со учество од 1,98 %, односно 1,78 % од вкупниот број на неактивни фирми. Следуваат градежните компании за изградба на станбени и нестанбени згради и товарниот патен транспорт каде што затвориле 170 бизниси. Интересно е дека да го затворат бизнисот биле принудени и 0,74 % од фирмите за компјутерско програмирање, како и 0,81 % од областа на сметководствени, книговодствени и ревизорски работи, вклучително и даночно советување. Анализата покажува дека во овие 5 години бизнисот го затвориле само 54 адвокати, додека во исто време биле активни 765, односно 6,6 % од адвокатските канцеларии станале неактивни, т.е. ја затвориле дејноста. Внимание заслужуваат и податоците дека затвориле и 112 правни лица со дејности на политички организации, како и 64 маркетинг агенции. Зад нив на листата најнеуспешни бизниси, со идентичен број затворања, се наоѓаат фирмите од дејноста на завршни градежни работи и трговците со овошје и зеленчук кои учествуваат со по 0,64 % во вкупниот број на неактивни фирми.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа.

Новинар, Свето Николовски.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!