Аналитика Медиум

Идентитет – Која е „Аналитика“?

Идејата за „Аналитика“ се роди од потребата за магазин кој ќе ја дава реалната слика за македонскиот бизнис. Приказната што „Аналитика“ ќе ја раскажува ќе содржи ексклузивни елементи, податоци кои ќе зборуваат за тоа како се развива и како се одржува македонскиот бизнис, а ќе нуди и насоки за тоа како тој да биде подобар во иднина.

Токму затоа, „Аналитика“ ќе има мисија да генерира уникатна содржина која ќе биде базирана врз квалитетни, прецизни и полезни информации преку кои ќе влијае врз креирањето на ефикасно и високопродуктивно општество.

Така, „Аналитика“ ќе ја оствари својата визија со што ќе прерасне во реномиран бренд кој ќе биде симбол за квалитет и кој ќе го поттикнува економскиот развој преку медиумска, корпоративна и едукативна промоција.

Проблеми во општеството

Недоволно достапни информации за компаниите, немање насоки во однос на тоа што е потребно за да се роди една компанија, да опстои и да успее.

Какво решение ќе понуди „Аналитика“?

„Аналитика“ ќе биде пријател на приватните компании, како и на државните институции со тоа што првично ќе ги информира за бизнис-настаните во Република Македонија, а потоа ќе има за цел да прави општо добро, односно ќе има за цел да ја подобрува економијата во државата.

Кој ќе и помогне на „Аналитика“?

„Аналитика Медиум“ склучи партнерства со веќе искусни компании во делот на анализите, деловните информации и истражувањата. Поконкретно со Таргет Груп ДОО од Скопје и Инсајдер ИД ДООЕЛ од Скопје. Исто така, во својот тим „Аналитика“ има експерти од секоја област кои со една иста мисија ќе ја водат приказната на „Аналитика“ до остварување на своите цели и остварување на визијата на магазинот.

Која е нашата предност?

Предноста на „Аналитика“ е искуството на нејзините партнери, нивните ексклузивни и уникатни информации кои би сакале да бидат достапни за граѓаните преку содржините на магазинот. „Аналитика“ нема да објавува политички текстови, иако сме свесни за тоа дека бизнисот и политиката се тесно поврзани.

„Аналитика“ ќе стави акцент на успехот, на напредокот, на анализите, на бизнис-компарациите со компаниите од поразвиените земји, на младите и нивното насочување во светот на бизнисот, на амбициозните и колку тие можат да создадат за себе и за нашето македонско општество.

Таргет група

Таргет на „Аналитика“ ќе бидат сите читатели, особено оние кои се интересираат за бизнисот во Македонија, без оглед на тоа дали се сопственици или менаџери на приватни компании или, пак, се вработени во државните институции во земјата. Исто така, тимот на „Аналитика“ ќе се труди да ги привлече и оние кои сѐ уште не учествуваат активно во бизнис-секторот, но се негова иднина. Затоа, „Аналитика“ ќе информира и ќе едуцира, а тоа се однесува особено на младите. „Аналитика“ ќе им посочува литература која ќе им даде шанса за напредок. Ќе им понуди простор за објавување на нивните научни трудови. Нашата цел е „Аналитика“ да биде извор на квалитетни информации за сите, без оглед дали се студенти, сопственици, вработени или невработени.

Како „Аналитика“ ќе им се обраќа на своите читатели?

Во векот во којшто живееме, за жал или за среќа, интернетот речиси целосно го окупира нашето слободно време и внимание. Читателите најчесто се зад своите компјутери, таблети или телефони. Затоа нашите анализи покажаа дека „Аналитика“ првенствено треба да биде електронски магазин, поткрепен со можностите што ги нудат социјалните мрежи. Доколку се роди потреба „Аналитика“ да прерасне и во печатен медиум, ние со задоволство ќе понудиме едно креативно и квалитетно решение – „Аналитика“ да биде и физички достапна во секој дом и во секоја канцеларија.

Одговорен уредник, Теодора Клинчарова Стојевска.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде