fbpx
Почетна ВЕСТИ Курц вети помал данок за работниците и зголемен данок за мултинационалните компании

Курц вети помал данок за работниците и зголемен данок за мултинационалните компании

Австрија ги олеснува рестриктивните мерки кои важеа досега. Еден од начините кои ќе се превземат за закрепнувањето на економијата ќе биде намалениот данок за австриските работници кои се наоѓаат на клучни работни позиции, додека пак за овој чекор ќе платат мултинационалните комппании кои ќе имаат повисоки даноци.

Владата на Курц и неговата коалиција ветија 38 милијарди евра помош на економијата-околу 10% од економското производство минатата година –примарната цел на оваа финансиска помош е да ги одржат фирмите во живот и да спречат отпуштања.

Во неговото обраќање на 75-годишнината од основањето на Втората Република Австрија, Курц изјави дека повеќе од 14 милијарди евра веќе биле исплатени и тој навести дека ќе следат дополнителни фискални мерки.

“Безразлика дали сте здравствен работник, дел од безбедносните сили или пак вработен во маркет сите вие што работите напорно во време на пандемијата треба да имате поголема заработка од другите. Oва е прашање на социјална правда, но исто така и во вакви времиња потребно е да се стимулира домашната потрошувачка “, рече Курц.

Тој вети намалување на даноците на приход на средната и ниската класа, додека пак мултинационалните компании ќе плаќаат повисоки даноци на државата. Австрија веќе има 5% дигитален данок на приходите од дигитално рекламирање на големи меѓународни фирми, како што се интернет гигантите Google и Facebook.

„На национално и европско ниво, ние ќе се бориме против сите форми на затајување данок и против неправедна даночна практика на големите компании, затоа што секој треба да го плати својот праведен удел во буџетот, особено во вакви времиња“, додаде Курц.

Извор:Euractiv

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!