fbpx
Почетна АНАЛИЗИ COVID-19: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

COVID-19: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Изработено од: Сергеј Зафироски – Извршен Менаџер на агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.

Моментално глобалната а директно и Македонската економија се соочува со сериозен потенцијал и висока веројатност за влегување во рецесија како последица на Корона (COVID – 19) вирусот. Всушност, моменталните мерки кои ги преземаат владите на Италија, Македонија, Германија, Кина и сите држави во кои е сериозно проширен вирусот како затворање на училиштата, средните школи, факултети, избегнување на групни собири, забрана за работа на трговски центри, и поттикнување на работењето од дома, директно влијаат на намалување и на продуктивноста на компаниите, трговската размена односно на целата економската активност.

Држава како Италија која е членка на “G-7” и е една од најголемите светски економии, целосно ја затвори територијата и приближно ја прекина целата економска активност. Според определени проценки Италија само од туризам како последица на Корона-вирусот ќе “изгуби” 8.3 милијарди долари. Берзата во САД е во слободен пад и загубите се споредуваат со тие за време на финансиската криза во 2008-ма година, каде “DOW Jones Industrial Average” за еден ден (Четврток 12.03.2020) губи вредност од 9.9%, S&P500 се намалува за 9.5% истиот ден и NASDAQ за 9.4% го опишуваат како најлош ден на берзата од “Црниот понеделник” (Black Monday) во 1987. Во случај кога COVID-19 врши висок економски удар во држави како Италија и САД каде вредноста на загубите ќе биде сериозно голема, какви ќе бидат последиците за економија како Македонската, која и без ваква глобална криза има проблеми во нормалното функционирање? Кои се сценаријата кои би можеле да се реализираат, и кои се опциите за македонските компании?

Се очекува успорување на глобалната економија, пред се поради претпоставката дека голем дел од државите не се подготвени како Кина да преземат драстични и ригорозни мерки за сузбивање на болеста. Според изјавите на официјалните власти во САД, доколку не се стави под контрола 150 милиони жители би биле инфицирани, додека Германија очекува 70% од бројот на жители да бидат заразени доколку не се стави контрола. Секако, посочените се екстремни сценарија кои во реалноста постои ниска веројатност да се остварат, но постоењето на такви проценки дополнително ја комплицира ситуацијата. Изјавите додека и активностите кои се преземаат во државите, дополнително ја потенцираат потребата за креирање на кризна стратегија за македонската економија и изнаоѓање на начин за надминување на моменталната ситуација.

Интересно е што дел од светските аналитичари сугерираат дека економијата нема да “забави” туку целосно ќе запре, бидејќи основниот начин за борење со болеста е намалување на социјалната интеракција помеѓу луѓето кое пак од друга страна логично е основата на секој еден бизнис.

ЗНАЧЕЊЕТО НА КРИТИЧНИОТ НАСТАН И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА

За поедноставно појаснување на “критичниот настан” и за влијанието кое се очекува да го има COVID-19 врз економиите, вклучувајќи ја и Македонската треба да се појасни терминот “Хистереза” во економијата. Oд макроекономска перспектива “Хистерезата” се однесува на краткорочен настан во Економијата чии што ефекти опстојуваат во иднина, дури и кога факторите кои го предизвикале тој настан се отстраните. “Хистерезата” може да се појави по рецесија кога невработеноста продолжува да се зголемува без оглед на зголемувањето на економијата.

Критичниот настан (краткорочен настан) е соочувањето со кризата за сузбивање на болеста предизвикана од вирусот COVID-19 (Корона), кој предизвика значајно намалување на економската активност и во зависност од времетраењето висок потенцијал за зголемување на невработеноста во државата. Според проценките, не е прашање дали светската економија ќе забави, туку дали забавувањето ќе биде до степен каде ќе влезе во рецесија. Последиците за определени индустриски гранки ќе бидат сериозни односно ќе се соочат со загуби што ќе ги финансираат неколку години за да се вратат во состојбата пред кризата. Доколку економијата во Македонија “забави” само еден квартал, сеуште до крајот на годината постои потенцијал за остварување на позитивен резултат (моменталната проекција за раст на БДП за 2020 е 4.2%), доколку се има во предвид дека уште еден квартал ќе биде потребен за стабилизација на работењето за тек потоа компаниите да продолжат со нормално водење на бизнисите.

Во моментот на анализата, во Македонија има мал број на заболени од вирусот, но државата презема засилени мерки за спречување на проширувањето, односно затворање на училишта, факултети и образовни институции, забрана за работењето на сите угостителски објекти, трговски центри, затворање на поголем број на гранични премини и забрана за собирање на поголеми групи на луѓе. Поголем дел од компаниите кај кои постои можност имаат донесено одлуки за работење од дома, скратено работно време или дел носат подрастични одлуки како намалување на бројот на вработени. Сите претходни мерки директно ќе влијаат и на целата економија, која очекувано значително ќе забави во следниот период, а во зависност од периодот и забавувањето и дали економијата ќе западне во рецесија или не. Едно од круцијалните прашања на кое треба да се даде одговор за да се проектираат последиците е колкав ќе биде периодот на “борба со вирусот”и периодот во кој ќе важат сериозните мерки.

Според проценките на аналитичарите, доколку мерките и кризната состојба се со времетраење подолго од 3 месеци, значаен број на домашни компании ќе бидат приморани да го намалат бројот на вработени, додека со времетраење од 6 месеци поголем дел од компаниите ќе бидат приморани да го затворат своите бизниси. Мал број од компаниите, располагаат со капитал кој би го финансирал бизнисот без соодветни приходи подолго од 6 месеци, додека и тие кои располагаат ќе ја разгледуваат можноста за зачувување на средствата за “рестартирање” на бизнисот. Моментално светските компании веќе ги намалуваат значително активностите или пак ги ставаат во мирување бизнис активностите и секторите кои не се основниот бизнис или пак не се дел од главните сегменти кои носат пари.

Домашните компании и економија, досега се немаат соочено со криза од ваков тип, што посочува дека ќе бараат оптимални практики во другите држави кои најчесто се темелат на претходно посочените практики. При преминувањето на 2-риот месец, поголем број од компаниите ќе започнат со размислување за вработените, додека по 3-тиот месец голема е веројатноста за значајно намалување на кадарот, за да се “добие на време” преку заштеда на средства. И по официјалното завршување на кризата, компаниите ќе бидат скептични за враќање на претходниот број на вработени, што на краток рок може да доведе до зголемување на невработеноста и покрај зголемување на економските активности и раст на економијата. Доколку се преземат соодветни мерки за компаниите, последиците од ваквото сценарио може да се ублажат, но не и комплетно да се спречат, бидејќи повторно ќе има компании кои нема да го издржат периодот или пак нема да имаат можност да го повратат брзо истиот интензитет на работење како и пред кризата и како и претходно напоменато домашниот БДП има веројатност да биде во позитива на крајот од 2020 година.

Први на “удар” ќе бидат секторите кои имаат директна комуникација (клиенти, соработници и партнери) надвор од матичната економија односно вршат увоз/извоз на производи и услуги, транспорт како и секторот туризам. Со самото тоа што на Македонија главни трговски партнери се државите од ЕУ, особено Германија каде Македонија извезува приближно 47% од вкупниот извоз (2017 година, Извор: Државен завод за статистика), Италија каде болеста зема се поголеми размери и воведуваат целосно затворање на територијата и Балканските Земји Србија, Бугарија и Грција кои допрва ќе воведуваат мерки и ќе започнува нивниот “кризен период”, се потврдува дека економската криза со непознато времетраење е неминовна за Македонската економија.

Позитивниот аспект е дека банкарскиот сектор според НБРМ е високо ликвиден и е подготвен да го поддржи бизнис секторот во комбинација со поддршката од државата, кое што може на краток рок да ги намали последиците од самата криза.

Доколку кризата има пократко времетраење од 3 месеци, може да се очекува брзо закрепнување на поголемиот дел од стопанските сегменти пред се поради зголемената побарувачка која би се појавила по завршување на краткиот кризен период. Сепак, анализирајќи ја моменталната состојба и проекциите дека кризата приближно сигурно ќе биде со подолго времетраење од еден квартал, нормализацијата за краток временски интервал нема да биде остварливо и повторно е потребна стратегија за поедноставно надминување.

ПЕРИОДОТ НА СПРАВУВАЊЕ СО БОЛЕСТА

“COVID-19” со сигурност може да се смета за “критичен настан” поради кој постои висока веројатност македонската економија да западне во рецесија. Според консултантите, критични точки се неколку настани кои ќе ја продлабочат кризата и ќе го зголемат јавното мислење дека периодот во кој донесените мерки важат треба да се пролонгираат се со цел сузбивање на ширењето, чие што моментално траење е од 14 дена но постои голема веројатност за нивно продолжување за дополнително време. Од аспект на јавното здравје и контрола на болеста, Македонските власти се поажурни споредбено со други држави од Европа како Холандија која по преминувањето на 1,000-тиот пациент започна со воведување на сериозни мерки за контрола на “COVID-19”.

Критични точки за дефинирање на периодот: Првата точка е првиот пациент, кој што веќе е појавен и започнато е ширење на болеста, втората е проширување на поголем број на луѓе, третата е влошување на здравствената состојба на дел од пациентите, додека четвртата и која ќе има најголеми социо-економски последици е починување на пациент кое е неминовно, доколку се анализираат сите држави каде вирусот е проширен. Петата која иако не е во директна контрола на домашните власти е ширењето на вирусот во земјите од ЕУ и Балканските држави кое што директно влијае како на бројот на заразени во Македонија така и врз работењето на самите компании.

Доколку како пример се користи проширувањето на болеста во Кина, првиот случај е забележан на 17 Ноември 2019 година, додека помеѓу 10 – 12 Март државата објавува “победа” над болеста или приближно 4 месеци по нејзината појава иако сеуште има голем број на заболени и доколку не се продолжи со рестриктивните мерки повторно постои веројатност за ескалација на ситуацијата. Во Италија првите неколку случаи на болеста се регистрирани на 15.02.2020 додека моментално кризата е во големи размери и нема изгледи дека ќе биде решена минимум во следните 2 месеци, бидејќи секојдневно се зголемува бројот на пациенти и починати за повеќе од 20%. Имајќи ја во предвид организацијата, решителноста и буџетот на Кинеската влада која надополнета со дисциплина и ригорозни мерки за борба им било потребно 4 месеци за сузбивање, на држави со организација и пониски буџети како Македонија со сигурност времетраењето може да се очекува да биде подолго. Дополнително проблематично е што контролата на болеста не зависи само од домашните власти, туку и од сите држави во Европа, бидејќи доколку една држава ја контролира, а друга не, голема е веројатноста за пренесување на болеста од една во друга, а со тоа и повторно ширење. Иако македонската Влада рано воведе строги рестриктивни мерки за контрола на ширењето што се очекува да даде позитивни резултати и успее да ја сузбие болеста на локално ниво, експоненцијално ширење на болеста во останатите Европски држави особено Италија и Германија кои се значајни трговски партнери повторно економски ќе влијае на домашната економија.

Проблематично е и што по официјалното завршување на кризата (настанот), потребно е време на стабилизација и доведување на компаниите на нормална “работна температура”. Таквиот период е особено потребен кај услужните дејности, кои поради губитокот на проектите и договорите, по завршување на кризата приближно од почеток ќе ги работат и склучуваат нови договори, пред се поради тоа што и фирмите кои што соработуваат ќе бидат во период на стабилизација на нивните бизниси.

Според анализите, времетраењето на кризата во најдоброто сценарио каде освен во Македонија и во останатите Европски држави би било 3-4 месеци додека критично би било времетраење кое надминува 6 месечен период. Во алтернатива над 6 месеци, компаниите ќе бидат приморани за многу подрастични мерки како намалување на бројот на вработени, намалување на капацитетите или во крајност затворање на бизнисите.

ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Ситуацијата во глобални рамки е сериозна, поголемите држави како САД и ЕУ и во целина и поединечно земјите членки изработуваат калкулации за тоа кои е вистинскиот начин за помош на компаниите на кои со сигурност им е потребна. Европската комисија до крајот на месец Март ќе донесе одлука за висината на средствата кои ќе бидат ставени на располагање 37 милијарди евра. За изнесување предлог мерки кои што државата може да ги преземе за помош на домашните компании е потребно да се имаат неколку аспекти во предвид, бидејќи давање на предлог како “Државата целосно треба да го финансира работењето на компаниите во кризниот период” или “Финансирање на платите на вработените во приватниот сектор” се неодржливи поради јавниот долг, буџетскиот дефицит и со таква мерка дополнителното нарушување на пензискиот фонд.

Моменталната криза, ги “фати” поголемиот дел од државите прилично неподготвени, бидејќи Европската Комисија пред еден месец во проекцијата за 2020 година, воопшто не предвидува глобална пандемија на “COVID-19” туку само како локализиран проблем со регионално лимитирани жаришта глобално, со времетраење само во првиот квартал од 2020-та година. Успешни економски мерки за справување со конкретната пандемија сеуште не се дефинирани.

Сепак и да бидат наведени конкретни успешни мерки во другите држави, самото воведување во Германија и Македонија и нивните ефекти значајно ќе се разликуваат, пред се поради степенот на развиеност како на компаниите така и на целата економија.

Од една страна е потребно да се ублажи ударот врз државниот буџет и ќе се наплатат дел од средствата во вид на даноци кои моментално се потребни на државата, но и од друга ќе се помогне на компаниите да го “пребродат” периодот кој сериозно влијае на нивниот бизнис. Алтернатива во која сите страни во економијата ќе бидат задоволни во тековната ситуација приближно и да не постои. Единствената алтернатива е да се изработат предлози според кои сите би направиле одредени отстапки се со цел да по завршување на кризата сеуште постојат компании кои ќе бидат во можност да се стабилизираат и продолжат со нормално работење. Барањата треба да бидат балансирани помеѓу трите страни вработените, компаниите и државата. Се разбира тоа е и во директна зависност од времетраењето на кризата како во Македонија така и во останатите Европски држави.

Во продолжение Табела X2 се прикажани мерките кои можат да дадат соодветни резултати за намалување на влијанието на кризата врз македонските компании.

Табела Х1- Аспекти на Македонската економија кои е потребно да се земат во предвид при креирање на мерките
Јавен долг Тековниот јавен долг на државата е на прилично високо ниво кој според податоците на “Министерство за Финансии” изнесува 48.8% од БДП во Јануари 2020, што посочува дека за финансирање на работењето на стопанството во време на криза од 3 месеци со сигурност би се преминал прагот од 55% (приближно 700 милиони кои би биле во вид на помош за еден квартал);
Зависност од увоз на енергенси Македонија е високо зависна од увоз на сите типови на енергенси, аспект кој со сигурност ќе биде соодветно менаџиран, но при затворање на граѓаните може да се очекува зголемена консумација на струја и со тоа издвојување на поголем буџет за увоз на енергенси;
Зависност од увоз на готови производи Македонија е зависна на увоз на готови производи и суровини за производство од кои најголемиот дел се набавуваат од земјите во ЕУ или соседните држави Србија, Бугарија и Грција;
Долг период на наплата на побарувањата Компаниите имаат долг период на наплата на побарувањата, кој што дополнително ќе се вложи при стопирање на економијата;
Најголеми партнери за трговија ЕУ и соседните држави Најголем процент од македонските компании соработуваат со земјите од компании од ЕУ кои се или моментално засегнати или допрва ќе воведуваат мерки за справување со “COVID-19”
Директно влијание врз проекциите за растот на БДП за 2020 година Според фискалната стратегија на “Министерството за Финансии на Северна Македонија” очекуваниот раст на БДП во 2020 година би изнесувал 4.2%;
Загуба на потенцијалната добивка кај компаниите Како загуба е потребно да се има во предвид и добивката која домашните компании би ја оствариле во 2020 година. Не само тековната туку и следната година би се намалиле инвестициите поради

Од една страна е потребно да се ублажи ударот врз државниот буџет и ќе се наплатат дел од средствата во вид на даноци кои моментално се потребни на државата, но и од друга ќе се помогне на компаниите да го “пребродат” периодот кој сериозно влијае на нивниот бизнис. Алтернатива во која сите страни во економијата ќе бидат задоволни во тековната ситуација приближно и да не постои. Единствената алтернатива е да се изработат предлози според кои сите би направиле одредени отстапки се со цел да по завршување на кризата сеуште постојат компании кои ќе бидат во можност да се стабилизираат и продолжат со нормално работење. Барањата треба да бидат балансирани помеѓу трите страни вработените, компаниите и државата. Се разбира тоа е и во директна зависност од времетраењето на кризата како во Македонија така и во останатите Европски држави.

Во продолжение Табела X2 се прикажани мерките кои можат да дадат соодветни резултати за намалување на влијанието на кризата врз македонските компании.

Табела Х2 – Предлози за намалување на ефектите од кризата врз компаниите
Нефинансиска помош за продолжување на нормалното работење Помош на компаниите при интерната организација на работењето и спречување на ширењето на болеста, без прекин на работењето на компаниите.

За конкретната мерка се претпоставува дека компаниите ќе продолжат со нормалните секојдневни активности, но државата преку физичко присуство на своите служби ќе обезбеди висока безбедност на вработените, насоки за соодветно управување и едукација за избегнување на ширење на болеста.

Компензација или пролонгирање на годишниот одмор на вработените Доколку кризната ситуација е во времетраење подолг од 1 но не подолг од 1.5 месеци, да се скрати годишниот одмор за вработените, со што би се компензирала загубата во време и средства за компанијата или одложување на искористувањето 6 месеци по официјалното завршување на кризата.
Можност за исплаќање на 50% од платата на вработените Доколку кризната ситуација е со времетраење подолгo од 1 месец, овозможување да се исплати 50% од вкупната исплатена бруто-плата во последните 3 месеци. Државата во вакво сценарио нема да има потреба да интервенира дополнително со сопствени средства за “доплаќање” на разликата на нето-износот, но ќе се откаже од наплатата на 50% од придонесите на плата и персоналниот данок.

Ваков тип на мерка ќе биде особено поволна за компаниите од производниот и преработувачкиот сектор каде просечните плати го надминуваат законскиот минимум за мал процент, со што со ваквата мерка ќе можат да исплаќаат 2ца вработени за претходна плата од 1 и да ги задржат подолг временски период на работа без разлика на траењето на кризата;

Намалување на цената на режиските трошоци Намалување на електричната енергија, горивата и други енергенси на цена на чинење, односно обврзување на компаниите кои работат во посочениот сегмент да изработат крајна цена која ги покрива сите нивни трошоци, без остварување на добивка. Втората опција е нивелирање на цената на “индустриската струја” со таа на домаќинствата со што би се намалил вкупниот трошок;
Поддршка од банките за исплата на ануитети и други банкарски обврски

 

Пролонгирање на роковите за исплата на ануитети за кредити до официјалниот крај на кризата. Една од мерките кои е потребно да се добие поддршка од банките кои ќе ја одложат наплатата се до официјалното прекинување на кризата или неколку месеци по него за да се овозможи соодветно закрепнување на економијата. Посочената мерка, доколку кризниот период е со поголемо времетраење од аспект на комерцијалните банки може да биде неатрактивна, пред се поради фактот што постои веројатност за затворање на дел од правните субјекти со што се губи можноста да се наплатат и дел од средствата.
Исплата на дел од јавниот долг кон поголемите претпријатија Исплата на делот од јавниот долг кон компании кои вработуваат поголем број на лица и се критични за целиот економски систем. Како целни се за исплата на долговите примарно се компании кои вработуваат повеќе од 100 лица и чии што приливи би овозможиле одржување на подолг временски период и поголем број на семејства со константен приход;
Простор Микро и Мали компании кои не можат да ги сервисираат трошоците за рента и режиските трошоци, а во претходната година остварувале позитивни финансиски резултати, овозможување на простории без надомест за определен временски период.

Наведените предлози ќе го намалат влијанието кое што го има кризата врз македонската економија, но со сигурност нема да ги отстранат. Пред се потребно е детално калкулирање на времетраењето за секој стадиум од кризата што во најголем степен ќе го дефинира и типот и времетраењето на марките и во кој период и зашто ќе бидат понудени.

Дел од претходно посочените мерки, можат да бидат имплементирани со помали финансиски средства што и при само обид за подобрување на ситуацијата нема да предизвика дополнителна штета. За останатите како намалување на режиски трошоци или плати под дозволениот минимум, потребно е големо планирање и инволвирање на поголем број интересенти во нивната реализација.

Анализата е изработена од Инсајдер ИД, секое преземање или споделување парцијално или целосно на дел или целиот текст без претходно писмено одобрување е забрането. За повеќе информации контактирајте на info@insider.mk или sergej@insider.mk.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!