fbpx
Почетна АНАЛИЗИ COVID-19: МОЖНОСТ ИЛИ БАРИЕРА ЗА ЕКОНОМИИТЕ ВО РАЗВОЈ (ПРВ ДЕЛ)-ПОЈАСНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

COVID-19: МОЖНОСТ ИЛИ БАРИЕРА ЗА ЕКОНОМИИТЕ ВО РАЗВОЈ (ПРВ ДЕЛ)-ПОЈАСНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

Изработено од: Инсајдер ИД | Автор: Сергеј Зафироски (sergej@insider.mk) | Дата: 22.04.2020
Анализата е изработена од консултантите на Инсајдер ИД, секое копирање или преземање (на цела или дел) без претходна писмена согласност е забрането. За повеќе информации или барање за преземање контакт на електронската адреса info@insider.mk. 

ПОЈАСНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

Сериозните економски последици од кризата и влегувањето на поголемиот дел од економиите во рецесија предизвикана од “COVID-19”, повеќе не се прашање, туку сигурна алтернатива. Тоа ја зголемува и потенцира потребата за следење и дефинирање на трендовите и сегментите каде што моментално ќе има влијание и да се дадат решенија кои што пред се нема да побаруваат високи финансиски вложувања како од компаниите така и од самата држава. “Рестарт” од ваков тип на глобалната економија и промена на начинот на игра за компаниите, поголемиот дел од населението ќе доживее еднаш во животниот век, можеби и во генерации. Како компаниите ќе го искористат овој “рестарт”, позитивно или негативно во најголем степен се сведува на тоа како истите ја перципираат кризата и каков став домашната економија ќе изгради.

Пред да се започне со анализата потребно е да се дефинира дека постојат две кризи меѓусебно поврзани. Првата е здравствената криза, предизвикана од самиот “COVID-19” и за нејзина контрола се воведуваат сите познати моментални мерки како рестрикција на движење, полициски час, забрана на масовни собири и сл. Втората е економската криза, која што е предизвикана како последица од здравствената и која според многу проценки од светски реномирани економисти ќе биде многу по деструктивна од штетата што ја има направено самиот вирус, бидејќи ќе предизвика висока невработеност, долгорочно намалување на економската активност во неколку сегменти и влегување во сериозна рецесија за многу економии, кое што пак ќе влијае директно на намалување на благосостојбата на поголем дел до населението.

Поради тоа, моментално од уште поголемо значење е одговарање на прашањето што после “COVID-19”, односно што по победа на здравствената криза и краткорочните економски шокови?

Веќе е јасно дека бизнисот, односно не само бизнисот туку и секој сегмент од општественото живеење нема да биде исто по завршување на кризата. Потребна е подготовка за новата “нормала” бидејќи само така може негативната ситуација да се искористи позитивно и во полза на домашната економија. Соодветно канализирани и управувани моменталните трендови има можност да донесат позитивен исход на среден и долг рок. Сепак, на краткорочно финансиските импликации на кризата врз бизнисите ќе биде деструктивна и ќе предизвика затворање на дел од компаниите, а уште понегативно ќе влијае на дел од секторите кои немаат соодветна стратегија а и реално ниту алтернатива во поставувањето кон кризата како туризмот и угостителство за кои кризата ќе има траење и на среден рок (во следните 2 години). Мора да се има во предвид дека и решавањето на ситуацијата со вирусот во една држава, не ја решава економската криза, бидејќи за целосна нормализација на процесите е потребно сите држави во соседството и каде постои сериозна стоковна размена исто така кризата да има поминато.

Светски економии изработуваат проекции и анализи какво ќе биде враќањето на економијата во нормала, и генерално постојат три можни сценарија, од кои што најоптимистичката (прва појаснета) во Април 2020 за дел од државите е се помалку возможна. Најоптимистички е враќањето да го има обликот на “V”, кое што се карактеризира со нагло паѓање на економската активност, брзо враќање кон нормала без поголеми последици врз компаниите и економијата со губиток на финансии и негативни стапки за раст само за определен период, но генерално позитивен раст на БДП за годината.

Второто сценарио е во вид на буквата “L” која се карактеризира со криза и намалување на економската активност на подолг временски период, зголемување на невработеноста и најчесто влегување во период на рецесија кое што всушност е моменталната состојба во Македонија. Целата економија забавува и голема е веројатноста за негативен економски раст за тековната година. Доколку кризниот период е подолг може да предизвика влегување во депресија (деструктивни последици врз државата и економијата со високи стапки на невработеност и недостаток на производи и услуги) можност која што сеуште не е возможна.

Третото сценарио, кое е негативен екстрем е падот на економијата да има облик на буквата “I” односно целосен колапс кое што е анализирано од економистите за ситуацијата во Италија, каде најмоќната провинција Ломбардија ја намали економската активност приближно на 0 кое што доколку е со траење повеќе од 6 месеци, дури и со финансиска помош од државата и ЕУ ќе се потребни повеќе години за стабилизација и враќање во нормала.

Со развојот на ситуацијата предизвикана од Ковид19, влегувањето на повеќе водечки светски економии, неконтролираното ширење на вирусот во светската економија САД, дополнето со недостатокот од искуство за тоа како да се справат економиите со ваква ситуација, влегувањето во депресија сеуште не е реална можност, бидејќи и светските лидери не би дозволиле такво деструктивно сценарио кое би однело повеќе животи отколку самиот вирус. Според досегашната состојба во економиите, со сигурност може да се потврди дека враќањето во нормала ќе биде во вид на “L”, бидејќи во поголем број од државите веќе има сериозно зголемување на невработеноста и пад на економската активност, која се проектира дека ќе трае уште минимум 1 месец (доколку се имаат во предвид препораките во Германија за нормализација на почетокот на Мај), а со тоа приближно еден квартал ќе биде целосно “стопирана” економската активност.

При анализа на локалните економии, од особено значење е да се појасни дека се разликуваат значајно Западно- Европските, како по структура на компании, производствени капацитети, јавни финансии и поддршка која ја имаат. Италија и Шпанија, иако и во ЕУ постојат несогласувања во однос на економските пакети за помош, имаат можност да се “потпрат” на Унијата или од други кредитори и партнери, бидејќи имаат високо развиена индустрија и стопанство кое може да издржи посериозни “удари”. Од друга страна, локалните економии кои најчесто се потпираат на сопствените економии и заеми од домашни и странски кредитори, но различни од тие кои се членки на ЕУ.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!