Иако во нашата земја аудио книгите сѐ уште не се многу популарни, во светот овој бизнис бележи значителен раст  како тренд во последните неколку години. Зголемената употреба на електронските уреди ја става печатената книга во сенка, но тоа не значи дека истата исчезнува, туку дека ѝ се дава нов „електронски“ живот. Други причини за растотна овој бизнис, покрај употребата на паметните електронските уреди е и заштедата на време која ја овозможуваат, а истите може да се слушаат и додека се извршуваат други активности. Особено се популарни и аудио книгите за деца кои имаат предност поради тоа што нивната публика сѐ уште нема стекнато вештини за читање.

Состојбата со аудио книгите во Македонија и на Балканот

Во Македонија, во изминатите неколку години има иницијатива за промоција на бесплатни аудиокниги чија целна група се лицата со оштетен вид и тоа конкретно со проектот „400 аудиокниги за лицата со оштетен вид“. Овие аудиокниги се достапни за слушање на официјалната интернет страна на Сојузот на слепи (www.nssrm.org.mk). Но ова е само мал дел од публиката која би можела да ја имаат. Овој производ има и друга потенцијална публика со оглед на динамиката на темпото на живот која ни се налага. Ако не во следните 5 години, до крајот на следната декада не е исклучена претпоставката дека во голем дел дигиталните звучни книги ќе ги заменат печатените. Затоа, можеби вреди да се направат пресметки и да се размислува за проширување на дејноста на издавачките куќи со аудио книги.

Од анкетата што ја направи Аналитика на 100 активни читатели на книги, 31,3% одговорија дека слушаат звучни книги без разлика што е висок процентот од 62,6% на оние кои не слушаат. Останатите 2,9% одговорија дека слушаат поретко, или дека би слушале ако го има на македонски. Од друга страна пак, 78,8% од испитаниците ни одговорија дека книгите кои ги читатаат испечатени би сакале да бидат достапни и како аудиокниги, а дури 64,6% сметаат дека истите имаат светла иднина во Македонија. Најголем дел од испитаниците сметаат дека книгите за деца би биле најпродавани како звучни книги.

Во балканските држави истите засега не се многу популарни. Тимот на Аналитика дојде до сознание за околу десетина интернет страници или блогови на кои се слушаат аудиокниги во Србија, Хрватска, а дел од нив во Бугарија. Сепак за разлика од кај нас особено во Бугарија има страници од кои може да се купат аудиокниги на бугарски јазик, што не е за сега случај кај нас.

Аудиокнигите во светот

Како што пишува Мајкл Козловски, одговорен уредник на Good e – Reader, веб страницата за вести за аудиокниги, онлајн читатели и онлајн книги, во издавачката индустрија аудио книгите годостигнале врвот во последните три години, а освен тоа бележат поголем раст од печатените. Тој вели дека оваа индустрија на глобално ниво во 2016 година „тежела“ 3,5 милиони долари, од кои 1,8 милиони припаѓаат на Американскиот пазар,што е за 31% поголем раст од претходната 2015 година со 36.000 издадени книги. Овие бројки во 2017 изнесувале 2,6 милиони долари одпродажба самона американскиот пазар,а се зголемил и бројот на издадени аудио книги и тоа за 33,9% или 79.000 нови аудиокниги. Михаел Коб, извршниот директор на Здружението за Аудио Издавачи(Eng. APA), за Good e-Readers изјавил дека 26% од Американците истата година слушале аудио книги.

Во 2018 година приходите биле поголеми за 24,5% за разлика од претходната 2017 година според последниот извештај на Здружението за аудио издавачи, или 941милиони долари вкупно (Eng. APA). 91,4% од тие приходи доаѓаат од дигитална употреба, што значи дека најмногу се „читаат“ аудио книги на соодветни веб страници или преку дигитални апликации. Aудио книгите, очигледно одат во прилог на ИТ индустријата, што значи дека како производ кој е зависен од истата има изгледи за светла иднина. Освен веб страниците, тука е и креирањето на мобилните апликации, дизајнирањето на истите, графичкото уредување на книгите и слично. Овој бизнис секако, како и секој друг вклучува и други сектори како маркетинг или продажба, но важно е да се нагласи дека голем дел од неговото создавање зависи токму од индустрија која е во подем.

Според последниот извештај на Здружението сподменато погоре повеќе се читаат мистерии,трилери, научна фантастика и фантазија, кои за разлика од биографиите, мемоарите и книгите за самопомош, носат за 35% повеќе приходи.

Останува да видиме дали новата технологија ќе изврши доволно влијание и ќе донесе нешто ново и во сферата на издаваштвото.

Подготвила, Марта Димитров.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде