fbpx
Почетна ВЕСТИ Дали сте позитивни на коронавирусот? На социјалните медиуми кружи тест за самопроверка...

Дали сте позитивни на коронавирусот? На социјалните медиуми кружи тест за самопроверка кој треба да го избегнувате!

Спротивно на многу мислења, не е се што ќе прочитате на социјалните e медиуми точно.

Во случајов: Тест за самопроверка од коронавирусот, за кој медицинските експрети тврдат дека е целосно погрешен.

Напишан на белешки во iPhone, објавата тврди дека можете да проверите дали сте позитивни на коронавирусот со задржување на здивот од 10 секунди. Доколку по овие 10 секунди не се закашлаате или задишате тоа значи дека сте негативни на вирусот.

Објавата која почна да кружи по социјалните медиуми (Twitter, Facebook) па дури последната недела и по меилови беше испратена на голем борј луѓе, заслугата за овој текст беше лажно препишана на „Одборот на болницата Стенфорд”. Портпаролот за здравствената заштита на Стенфорд, Лиза Ким, за Си-Ен-Ен изјави дека „опасниот“ пост не е поврзан нa ниеден начин со катедрата за медицина во Стендфорд и „содржи неточни информации“.

За да ги отфрли сите лажни информации вклучени во горенаведениот постот, Си-Ен-Ен разговараше со д-р Роберт Легар Атмар, специјалист за заразни болести на Медицинскиот колеџ Бајлор.

1.МИТ: Често пиење на вода може да ве заштити од коронавирусот

Тврдење: Aко не конзумирате често доволно вода, вирусот може да влезе во вашиот душник и бели дробови.

Кој и да го напишал овој пост, тврди дека треба да се пие вода на секои 15 минути за вирусот да отиде во желудникот каде што желудочната киселина ќе го уништи вирусот.

Вистина: Атмар вели дека не постојат докази дека ваквиот пристап е функционален врз било кој респираторен вирус.

„Дури и да функционален овој пристап, што не е така, луѓето дишат и од носот, не само од устата“, рече Атмар за Си-Ен-Ен. „Овој начин на превенција би бил функционален само за устата, а не и за носот“.

2.МИТ: Ако можете да го задржите здивот 10 секунди не сте позитивни на коронавирусот

Тврдење: “Земете длабок здив и држете го здивот повеќе од 10 секунди. Ако успешно издишите без кашлање, без непријатност во градите, вкочанетост или стегање во градите, докажува дека немате фиброза во белите дробови, во основа укажува дека немате инфекција на дишните патишта.“

Вистина: Атмар тврди „ова едноставно не е точно”

“Кога некој има акутна вирусна инфекција, може да му биде тешко да вдише длабоко и да не кашла, бидејќи дишните патишта се изиритирани. Тоа е сè што значи. Не потврдува ништо за фиброза, иако луѓето со фиброза би можеле да имаат проблем да го сторат тоа оваа постапка не може да потврди со сигурност. Доколку можете да го задржите здивот 10 секунди, исто така, не значи дека немате коронавирус.“

3.МИТ: Доколку ви тече носот вие сте само настинати

Тврдење: Ако ви тече носот и имате слуз во носот, вие имате само обична настинка. Корона вирусот предизвикува сува кашлица и сув нос.

Вистина: Ова не е целосно точно, рече Атмар.Tочно е течење на носот може да биде показател за симптоми на грип, алергии и други болести.

Поголемиот дел од пациентите заболени од коронавирус имаат сува кашлица, оние со коронавирусна пневмонија имаат „влажна“ кашлица која создава слуз.

4.МИТ: Ако имате коронавирус, сигурно ќе имате и пневмонија

Тврдење: „Вирусот прво се меша во назална течност што влегува во душникот, а потоа и во белите дробови, предизвикувајќи пневмонија“. Во постот, исто така се вели дека вирусот најпрво го заразува грлото, што предизвикува болно грло кое трае три до четири дена ,пред да се измеша со носната течсност.

Вистина: Ова исто така не е целосно точно. Временската секвенца за појавување симптоми на коронавирусот варира од пациент до пациент и не e правило дека сите пациенти мора да имаат болно грло доколку се заболени од коронавирусот, рече Атмар.

Не секој со болно грло има коронавирус, и сите пациенти заболени од коронавирус не значи дека ќе имаат пневмонија.

5.МИТ: Пациентите заболени од коронавирус ќе доживеат чувство на давење.

Тврдење: Затнатоста на носот и дишните патишта не е како кај обична настинка туку ќе се чувстувате како да се давите.

Вистина: Ова едноставно не е точно

„Голем број од позитивните коронаслучаи воопто не ни имале назална инфекција“, рече Атмар за Си-Ен-Ен.

6.МИТ: Во моментот кога едно лице е веќе хоспитализирано неговите беди дробови веќе се во фиброзна состојба

Тврдење: „Во моментот кога ќе отидете во болница а имате температура и кашлица, обично е веќе предоцна бидејќи вашите бели дробови се веќе во 50% фиброзна состојба“.

Фиброзата предизвикува неповратни лузни на белите дробови што може да доведе до прекин на работата на респираторниот систем.

Вистина: Ова тврдење е целосно погрешно

„Оваа информација е алармантна“, рече Атмар. “Фиброзата се развива само кај мал број пациенти, 80% од пациентите со коронавирус доживуваат само благи симптоми на болеста, така што ова е неточно.”

Периодот на инкубација за коронавирус, рече Атмар, е од два до четиринаесет дена. Симптомите обично започнуваат од пет до шест дена по изложеност на вирусот, при што првата недела започнува да се појавуваат: кашлица, болки во грлото, треска и болки во мускулите.

Само кај мал број на пациенти се влошува состојбата во втората недела со сериозни респираторни симптоми и само тие пациенти може да бидат изложени на ризик од добивање фиброза.

Коронавирусот е проблем што секој треба сериозно да го сфати во светот, ширењето лажни информации може да биде опасно и смртоносно.

Ако не сте сигурни дали она што го читате за коронавирус е точно, најдоброто нешто што треба да направите е да проверите кај Центрите за контрола и превенција на болести или вашиот локален здравствен оддел – не социјалните медиуми.

Извор:CNN

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!