fbpx
Почетна ВЕСТИ Дел од Европските земји одбија да им дадат финансиска помош на компаниите...

Дел од Европските земји одбија да им дадат финансиска помош на компаниите кои се поврзани со оф-шор даночни прибежишта

Некои европски земји решија да ја блокираат финансиската помош за бизниси кои се поврзани со оф-шор даночни прибежишта.

Франција, Полска, Белгија и Данска најавија мерки со цел да се исклучат некои компании од програмите за помош од даночните обврзници.

Пандемијата ги принуди светските лидери брзо да применат финансиски мерки и агресивни стимулативни пакети во обид да избегне уништувачки економски колапс.

Црната Листа на ЕУ

На почетокот од овој месец, Белгија стана четвртата земја на Европската унија што воведе законодавни мерки што ги спречуваат компаниите кои имаат офшор сметки да земаат финансиска помош од државата.

Законот, донесен на 7 мај, предвидува дека сите бизниси кои имаат допирна точка со некаков вид на офшор даночни засолништа преку акционер или подружница нема да може да добијат државна помош.

Полска, Франција и Данска предложија слични измени за да го запрат финансирањето на фирми кои работат надвор од Европска надлежност и кои според ЕУ се некооперативни за даночни цели.

Таканаречената „црна листа“ на ЕУ идентификува 12 држави кои не успеаја да го исполнат стандардот на унијата за отворена и континуирана размена на даночни информации.

Ниту една од земјите на списокот не е членка на ЕУ, бидејќи унијата тврди дека сите земји-членки се целосно усогласени и истите тие се држат на повисоко ниво на преглед отколку другите земји низ целиот свет.

Портпаролoт на Европската комисија, извршната рака на ЕУ, изјави дека земјите-членки сами одлучуваат доколку сакаат да дадат на таквите компании државна помош или да наметнат мерки во согласност со правилата на ЕУ, „како што се спречување измама и затајување данок“.

Исто така тој изјави дека земјите-членки „мора да бидат во согласност“ со основните права загарантирани со Договорот на ЕУ, вклучително и на слободното движење на капиталот и на слободното движење на лица.

„Ова значи дека тие не можат да ги исклучат компаниите од шемите за помош врз основа на седиште или даночен престој доколку едно од овие две се наоѓа во ЕУ“, додаваат тие.

Алекс Кобам, главен извршен директор на Мрежата за даночна правда, која го следи избегнувањето на данок на корпорации, смета дека пандемијата „ги открила големите трошоци на меѓународниот даночен систем програмиран за да му се дава приоритет на интересот на корпоративните гиганти пред потребите на луѓето“.

Кон крајот на минатиот месец, Мрежата за даночна правда објави пет-чекори за да утврди дали владите треба да им помогнат на деловните субјекти кои бараат помош.

Проверките се состојат од откривање дали една или повеќе подружници на корпоративната групција се наведени на Индексот за финансиска тајна (систем кој ги рангира субјектите според тајноста на нивните оф-шор активности); гледајќи дали групацијата учествувала во какви било финансиски скандали; увид дали групацијата ги објавила своите последни сметки; дали групацијата има објавено информации за тоа кои се сопствениците на сите нивни возила; и барање да се види дали групацијата се обврзала на заштита на вработените.

Ако не се исполнат кој било од условите на Мрежата за даночна правда, владата има опција да им понуди да ги исполнат сите овие предуслови до крајот на 2020 или да ги дисквалификува од правото за финансиска помош веднаш.

„Со години, засолништата на корпорациите како што се Британските Девствени Острови, Холандија и Луксембург поттикнуваа трка до дното, предавајќи го богатството и моќта на најголемите корпорации и го одземаат од медицинските сестри и вработените во јавните служби, кои ги ризикуваат нивните животи денес за да ги заштитиме нашите “, додаде Кобам.

Извор: CNBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!