fbpx
Почетна ВЕСТИ Европската Унија и денес не успеа да најде економско решение за справување...

Европската Унија и денес не успеа да најде економско решение за справување со пандемијата

По 16 часовна телеконференција која завшри изутринава (8 Април), минситрите за финансии од еврозоната неуспеаа да се договорат за економскиот пакет кој теба да ги намали последиците врз европската економија кои ги предизвика коронавирусот.

Несогласувањата продолжија откако Холандија продолжи да инсистира на строги услови за мали заеми од фондот за справување со кризата на тешко погодените земји како Шпанија и Италија.

Мининстрите имаа и различни ставови на прашањето дали да се создаде еден заеднички долг наречен “корона обрзници” како план за закрепнување на целата Европска економија која очигледно ќе биде во рецесија по крајот на корона пандемијата.

“По 16 часовна дискусија, дојдовме поблиску до заеднички прифатлив договор но се уште неможеме да финализираме.”- објави Марио Центено на неговиот твитер. Телеконференцијата ќе продолжи во четврток.

Пред почетокот на состанокот, националните и официјалните претставници на ЕУ се надеваа дека може да се постигне договор за низа заеми и гаранции за заштита на европската економија од штетите предизвикани од коронавирусот.

Пакетот вклучува ликвидна финансиска инекција во вредност од околу 500 милијарди евра насочена кон националните економии (преку Европскиот механизам за стабилност), за компаниите (преку Европската инвестициската банка) и за работниците (преку новиот инструмент SURE на Европската комисијата).

Еврогрупата исто така треба да го дискутира планот кој ќе ја покрене економијата откако пандемијата е ставена под контрола и земјите ги подигнат своите рестриктивни мерки, ова секако ќе следи по ликвидната инекција.

Министрите не успеаа да направат чекор напред за време на долгата телеконференција која започна во вторник во 16 часот. Во неколку наврати се дискутираше за да се подготват нови предлози за да можат да се стопат големите разлики помеѓу барањата.

Италија и Шпанија ги отфрлија строгите услови што Холандија сакаа да ги наметне на земјите кои сакаат да добијат дел од фондот за закрепнување.

Австрија и Финска го поддржаа Хаг во имплементирањето услови за пристап до ЕСМ, но беа „помалку гласни“.

Германија и Франција ги дадоа последните напори во средата рано изутрина за да успеат да најдат компромис кој подоцна би можел да се презентира на лидерите од еврозоната.

Компромисот би го оставил отворено поглавјето за условеност на ЕСМ со цел да им се дозволи на лидерите на ЕУ да продолжат со дискусијата на оваа тема. Но, Шпанија се спротивстави на оваа алтернатива.

Клаус Реглинг, извршниот директор на European Stability Mechanism

Клаус Реглинг, извршниот директор на ЕСМ, ги поддржа предлозите да се издвојат 240 милијарди евра од воениот фонд за фондот за финансиска помош на земјите од еврозоната кои бараат помош, со лесни услови и правила кои ќе важат за сите.

Но, Хаг побара меморандум специјално од секоја земја членка со кој тие се обврзуваат на реформи за “зајакнување на растот” на економијата кои владите ќе мораат да ги започнат по завршувањето на пандемијата.

Министрите за финансии и лидерите на ЕУ не успеаја да постигнат договор пред две недели на темата Европски одговор на економската криза предизвикана од Covid-19. Вирусот се очекува да предизвика подлабока рецесија отколку во 2009 година, кога економијата на ЕУ падна за -4,3%.

Лидерите во Берлин, Париз и Мадрид се согласија дека коронавирусот е најголемиот предизвик со кој се соочува Европа по Втората светска војна. Но, тие продолжуваат да не се согласуваат за европските механизми на солидарност за справување со бурата наречена Covid-19.

За група од девет земји, вклучително и Италија и Шпанија, Европа не само што треба да обезбеди ликвидност преку инструменти како ЕСМ, туку и да ги сподели трошоците за закрепнување на овие земји со креирање на заеднички долг наречен „корона обврзници“.

Министерката за економија на Шпанија, Надија Калвињо изјави пред состанокот дека Еврогрупата треба да даде „јасен сигнал“ за да се работи „што е можно поскоро“ на предлогот за издавање „заеднички долг“ кој ќе биде неопходен за финансирање на закрепнувањето.

Но, „корона обврзниците“ продолжија да бидат табу тема за неколку земји, вклучувајќи ги Германија, Холандија, Австрија и Финска.

Како алтернатива за финансирањето на закрепнувањето, Комисијата работи на повеќегодишна финансиска рамка (MFF) што ќе биде претставена подоцна овој месец.

Извор:Euractiv

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!