fbpx
Почетна ВЕСТИ Франција ја зајакнува финансиската помош за малите бизниси погодени од Ковид-19

Франција ја зајакнува финансиската помош за малите бизниси погодени од Ковид-19

Француската влада ќе понуди пакет мерки за спас на малите компании кои најверојатно ќе се соочат со банкрот поради принудата да ги затворат своите бизниси по појавувањето на Covid-19 пандемијата. Министерот за финансии Bruno Le Maire изјави во понеделникот дека фондот за солидарност ќе продолжи да функционира се дoдека траaт мерките за заштита на јавното здравје.

Фондот за солидарност е формиран за поддршка на малите компании кои се борат со економските предизвици кои ги донесе избувнувањето на Covid-19 пандемијата. Тоа е дел од пакетот за финансиски спас, воспоставен од владата за да ја спаси својата економија и да им помогне на компаниите кои се борат да ја преживеат кризата.

„Овој фонд е наменет за многу мали компании и независни претприемачи чии активности или беа запрени или значително намалени од економската криза на коронавирусот“, изјави Le Maire.

Тој додаде дека повеќе компании сега имаат право на месечна финансиска помош од владата.

Пакетот од 1.500 евра месечно до сега беше распределен на компаниите кои мораа да престанат со работа поради пандемијата, или изгубија повеќе од 70 проценти од нивниот обрт, во споредба со профитот во март 2019 година.

Сега, прагот е спуштен на 50 проценти загуби од прометот.

Министерот за финансии, исто така, рече дека е подготвен да го „надмине“ месечниот грант од 2.000 евра што им беше достапен на малите компании кои се соочуваат со банкрот.

„Свесни сме дека 2.000 евра, дури и кога ќе се додадат на 1.500 евра, не се доволни за некои компании што би можеле да банкротираат затоа што мораат да ги платат платите и даноците за социјално осигурување“, рече Le Maire.

Извор:Radio France Internationale

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!