fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Германските фирми од автомобилскиот сектор вработуваат 8502 лица

Германските фирми од автомобилскиот сектор вработуваат 8502 лица

Германија е најважен надворешно-трговски партнер на нашата економија. Според Државниот завод за статистика, во првите четири месеци од 2019 година дури 27,75 % од вкупната стоковна размена со странство била реализирана со СР Германија. Притоа извозот достигнал 1,028 милијарди евра и бил зголемен за 20 % во однос на истиот период лани, додека увозот изнесувал 306,536 милиони евра и бил за 6,5 % поголем од истиот период во 2018 година.

Извор: Државен завод за статистика

Очигледно е дека извозот во СР Германија растел три пати побрзо во однос на увозот, но и со поголема стапка во однос на вкупниот раст на извозот од земјава во првите четири месеци на 2019 година. Анализата на 18 германски компании избрани од „Таргет груп“ ДОО-Скопје покажува дека најголем дел од нив, дури 9, биле лоцирани во Скопскиот регион. Три германски фирми имале седиште во Полошкиот регион, додека по две биле лоцирани во Вардарскиот и во Југозападниот регион. По една од избраните компании имале седиште во Пелагонискиот и во Источниот регион, додека во два региона не биле присутни овие фирми.

Доколку сакате да дознаете повеќе за автомобилскиот пазар во Македонија притиснете овде.

Доколку се анализира големината на компаниите, се гледа дека најголем дел од нив, односно 11, се со средна големина, 4 биле големи, додека 3 спаѓале во групата на мали компании.

Извор: „Таргет Груп“ и „БизнисМрежа.мк“

Интересни согледувања дава анализата на дејноста во којашто работат овие 18 избрани германски компании. Најголем дел од нив, односно 5, се поврзани со производство на електрични и електронски уреди за моторни возила како и други делови и дополнителна опрема, т.е. се дел од автомобилската индустрија што доминира меѓу странските инвестиции во земјава. Во градежништвото се вклучени две компании, односно во изградба на станбени и нестанбени згради и во изградба на железница е ангажирана по една компанија. Во сите други дејности има по една од компаниите, а присутни се во: превозот и услужните дејности поврзани со овој сектор, шпедицијата, туризмот, поштенските и курирските услуги, одгледувањето живина и преработките од неа, текстилната индустрија, трговијата на големо и со хемиски производи, како и обложувањето и коцкањето.

Податоците на „Таргет груп“ ДОО покажуваат дека во овие избрани германски компании лани работеле вкупно 11.846 лица, што во однос на 2017 година е зголемување за 199 работници (извршители) или за скромни 1,7 %.

Извор: „Таргет Груп“ и „БизнисМрежа.мк“

„Дрекслмајер“ како најголем работодавач меѓу германските компании има 5991 вработен

Најголем работодавач од компаниите со германски капитал била „Дрекслмајер“ од Кавадарци. Имала работно ангажирано 5991 лице во 2018 година, но тој број бил намален за 6,11 % во однос на претходната година. Ова друштво работно ангажирало дури половина или 50,57 % од вкупниот број работници во овие избрани германски компании. Втора според бројот на вработени била компанијата „Гентерм“ од Прилеп со 1631 вработен, што е за петтина повеќе во однос на претходната година. „Маркарт“ од Велес го зголемила бројот на вработени за 34,47 % и на крајот од 2018 имала ангажирано 554 работници. На листата од петте најголеми германски компании во земјава, според бројот на вработени, се наоѓа и текстилната „Окитекс“ од Скопје со 483 вработени. Петторангираната „Геинг, Кребс унд Кифер“ од Скопје имала 260 вработени, односно бројот на извршители го намалила дури за 15 % во однос на претходната година. Тоа се должело на намалување на обемот на работење, односно завршувањето на проектите на коишто била ангажирана компанијата. За одбележување е што во набљудуваниот период охридската „Костел“ имала најголема работна експанзија, односно бројот на работници го зголемила дури за 128,32 % и на крајот од 2018 година вработувала 258 лица.

Новинар, Свето Николовски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!