fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а вработуваат 12.832 луѓе.

Германските компании во земјава вртат бизниси што само лани им донеле приходи од 504,3 милиони евра, покажуваат податоците на Таргет Груп. Анализата покажува дека досега во Македонија има регистрирано 322 компании што се во делумна или целосна сопственост на германски газди и минатата година сите заедно оствариле профит од 21,8 милиони евра. Вработуваат вкупно 12.832 луѓе од кои дури половина само во една компанија.

Најголем дел од овие фирми се мали и микро бизниси, а само осум се големи компании. Лоцирани се претежно во Скопје и тоа дури 203 компании, а останатите се распоредени низ повеќе градови во земјава.

Кои се најголемите германски компании во земјава

Кај најголемите пет германски компании во земјава е сконцентриран повеќе од половина од бизнисот што сите тие го водат овде. Па така, нивните вкупни приходи изнесуваат 287,3 милиони евра.

Прва на листата со најголеми приходи лани, со што е и најголема германска компанија во земјава е МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА, која што во индустриската зона Караслари во велешко отвори фабрика за производство на автомобилски делови. Оваа компанија лани инкасирала 74 милиони евра.

Втора на листата според големината на приходите лани е компанијата ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ која што има фабрика за производство на кабелски инсталации за автомобилската индустрија. Оваа фабрика е лоцирана во индустриската зона Телот во Кавадарци и е еден од најголемите работодавачи во земјава. Лани компанијата остварила приходи од 67,8 милиони евра.

Потоа со приходи од 66 милиони евра на оваа листа се појавува компанијата ЗЕГИН која што е позната домашна компанија од фармацевтскиот бизнис но се јавува на оваа листа бидејќи еден од сопствениците има германска адреса.

Меѓу најголемите германски компании во земјава е и ГЕНТЕРМ која што во технолошко индустриската развојна зона во Прилеп отвори фабрика за производство на термални системи за автомобили. Оваа компанија лани инкасирала вкупно 56,2 милиони евра.

Во првите пет најголеми компании со германски капитал влегува и КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА којашто во индустриската зона во Охрид има фабрика за производство на електронски компоненти за автомобилската индустрија. Оваа компанија минатата година инкасирала вкупно 23,4 милиони евра.

Ако се анализираат најпрофитабилните германски компании, тогаш меѓу нив секако влегуваат и дел од најголемите. Па така најголема добивка лани пријавила компанијата што е прва и на листата најголеми, МАРКАРТ, со профит од 6 милиони евра. Потоа следуваат ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ со добивка од 3 милиони евра, ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС која што има фабрика за производство на компоненти на фиберглас во индустриската зона во Штип и лани остварила профит од 2,8 милиони евра, ГЕНТЕРМ минатата година прикажа добивка од 2,5 милиони евра, а меѓу првите пет најпрофитабилни е и компанијата ЊУ ЈОРКЕР МАКЕДОНИЈА со добивка од 717 илјади евра.

Од германските бизниси во земјава, најмногу работни места отвори компанијата ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР којашто вработува дури 5.991 луѓе, што е половина од вкупниот број на македонски работници за германски газди. Потоа како најголеми работодавачи следуваат ГЕНТЕРМ со 1.631 вработени; МАРКАРТ со вкупно 554 вработени; компанијата од текстилната индустрија ОКИ ТЕКС со 483 вработени; и ОДВ ЕЛЕКТРИК која што во Охрид отвори фабрика за производство на електрична и електронска опрема за автомобили, со вкупно 315 работни места.

Германија меѓу најголемите инвеститори во земјава

Од Германија секоја година доаѓаат милионски инвестиции, па така оваа земја се вбројува меѓу најголемите странски инвеститори. Според статистиката на Народната банка за првите три квартали годинава, од Германија влегле 25 милиони евра, минатата година се евидентирани 46,6 милиони евра; во 2017 година 47,6 милиони евра; годината претходно 48,5 милиони евра. Тоа значи дека за нецели четири години во Македонија влегле инвестиции во вредност од 167,7 евра.

Германските инвеститори што работат овде секоја година ја оценуваат бизнис климата во земјава одговарајќи повеќе прашања во посебна анкета што ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во земјава, и резултатите веќе неколку години покажуваат одреден напредок во условите за водење бизнис. Иако медиумите годинава известуваа сензационалистички дека германските инвеститори ја оцениле економската политика на земјава со нула, сепак, се покажа дека медиумите погрешно го пренеле одговорот на тоа прашање. Директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс, подоцна објасни дека никој од инвеститорите не дал највисока оценка за економската политика, но не и нула.

Доколку сакате да дознаете кои се фирмите со 1 вработен кои вртат најголеми средства со Македонија притиснете овде.

Во изјави за медиумите, Мартенс истакна дека анкетата за деловната клима воопшто не била негативна.

„ Дури 70% од анкетираните компании одговорија дека повторно би инвестирале во земјата.Во однос на перспективата на земјата за 2019/2020 година, компаниите ја оценија со голем оптимизам. Она што пројави скепса и беше оценето како негативно е отстапувањето што се направи во однос на рамниот данок. Би рекол дека во Северна Македонија деловната клима е поделена, различно ја чувствуваат домашните компании и странските инвеститори, односно германските компании во случајов. Германските инвеститори што произведуваат овде имаат сигурни пазар надвор од земјава, таму се нивните купувачи, и нив не ги засега толку деловната клима, освен правната сигурност, предвидливоста на законите што нив ги засегаат и како се одвиваат трошоците на пазарот на трудот. Засега сите овие услови се оценети како позитивни“, истакна Мартенс.

„Од она што ние засега го знаеме, доаѓаат многу нови инвестиции, а и компании кои што се подолго време присутни овде, годинава најавија реинвестирање и проширување на нивните капацитети. Тоа е показател дека има доверба во земјата“, додаде тој.

Германија е и најголем извозен партнер на земјава, каде што завршува повеќе од половина од целиот македонски извоз.

Анализа на податоци: Таргет Груп

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

Новинарска обработка: А.Ј

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!