fbpx
Почетна ВЕСТИ Google ќе ги открие навиките на движење на граѓаните со цел да...

Google ќе ги открие навиките на движење на граѓаните со цел да помогне во борбата со коронавирусот

Google јавно ќе ги следи движењата на луѓето во текот на пандемијата предизвикана од коронавирус.

Компанијата ќе објави јавно достапни податоци за местата на кои најмногу се движат луѓето во вкупно 130 земји.

Планот е да се вршат редовни ажурирања на бројките што се однесуваат на активности од два или три дена пред тоа.

Компанијата вети дека приватноста на корисниците ќе биде зачувана.

Податоците за најпрометните места ќе се собираат преку апликацијата Google Maps и преку сите други алатки кои Google ги има на располагање.

Фирмата обично го користи овој начин на собирање податоци за да открие кога некои музеи, продавници и други места се најпрометни, исто така и за да даде ажурни податоци на возачите за каде има најмногу гужва во сообраќајот.

Во овој случај, податоците ќе се искористат за да се направи споредба колку биле посетени долу наведените места пред и по проширувањето на пандемијата:

  • Продажни места и рекреативни места
  • Маркети и аптеки
  • Паркови, плажи и хотели
  • Автобуси, метро и железнички станици
  • Деловни простории и други работни метса
  • Стамбени згради

Google изјави дека информациите ќе можат да ги користат надлежните во јавното здравство и секој обичен граѓанин за да помогнат во контролирањето на пандемијата.

Овие информации можат да помогнат на многу влади да ги разберат промените во основните рути на движење со што ќе можат да формираат препораки за работното време и да ги информираат доставните сервиси како да се движат.

Исто така потребите на транспортните центри ќе можат континуирано да се ажурираат со зголемување или намалување на бројот на потребни превозни средства со цел да се намалат гужви и да се задржи препорачаната дистанца помеѓу луѓето.

Компанијата тврди дека сите потадоци се анонимни и сите кои нема да сакаат да учествуваат во собирањето податоци ќе имаат можност да не учествуваат.

Овој тип на податоци ќе дадат детален увид во тоа на кој начин и како функционира вонредната состојба и колку е ефективна.

Но сепак начинот на кој ќе се одвива ова е сеуште несигурен дали ќе има позитивен ефект со тоа што ќе ги држи понастрана луѓето од гужви или пак ќе ги стимулиа да излезат надвор од кога ќе видат колку луѓе се излезени надвор сеуште не се зане.

Првиот извештај опфаќа податоци за 29 март и го споредува овој извештај со средно читање за петнеделниот период што опфаќа од 3 јануари до 6 февруари.

Податоци Објавени за движењето на граѓаните во Обединетото Кралство:

  • Продажни места и рекреација 85% пад
  • Маркети и аптеки 46% пад
  • Паркови, плажи и хотели 52% пад
  • Автобуси, метро и железнички станици 75% пад
  • Деловни простории и други работни метса 55% пад
  • Стамбени згради 15% раст

Податоци Објавени за движењето на граѓаните во Франција:

  • Продажни места и рекреација 88% пад
  • Маркети и аптеки 72% пад
  • Паркови, плажи и хотели 82% пад
  • Автобуси, метро и железнички станици 87% пад
  • Деловни простории и други работни метса 56% пад
  • Стамбени згради 18% раст

Извор:BBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!