fbpx
Почетна ВЕСТИ Грција побара од Европа што поскоро да овозможи да се патува

Грција побара од Европа што поскоро да овозможи да се патува

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера (23 Април) побара од Европската комисија што поскоро да представи план со кој ќе се овозможи повторно патување и заживување на туризмот.

Обраќајки се на Советот на ЕУ, Мицотакис, изјави дека единствениот пазар на ЕУ не постои само за да служи за слободно движење и размена на стоки, туку и за движење на луѓе.

„Треба да постигнеме заеднички договор за oлеснување на начинот на движењето на луѓето“, рече тој, додавајќи дека поддршката на југот од Европа е клучна.

Наспроти нејзиниот претпазлив пристап кон средината на април, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен неодамна изјави за португалска телевизија дека е многу возможно да се отиде на одмор летово на “паметен” начин. Во Грција туризмот сочинува една петина од економијата и една четвртина од работните места.

Мицотакис исто така ја поддржа идејата за формирање заеднички буџет кој ќе служи како инструмент за решавање на заедничкиот долг на членките на ЕУ.” Обврзниците треба да бидат на многу долг период, па можеби и без датум на доспевање, поголемиот дел од долгот да се плаќа на почетокот од заемот и можеби најбитна точка е поголемиот дел од средствата да бидат грантови отколку заеми.

Шефот на ЕЦБ, Кристин Лагард, ги предупреди ЕУ лидерите дека најлошото сценарио за Еврозоната е да изгуби 15% од својот БДП, како резултат на мерките за спречување на ширењето на KОВИД-19.

Атина не може да си дозволи дополнително да го зголеми соодносот на долгот наспорти БДП со нови заеми. Мицотакис исто така рече дека Европа треба да ги истражи можните начини на „европски пристап“ кога станува збор за патентите, со цел сите да имаат еднаков пристап до вакцина кога ќе започне да се произведува.

Извор:Euractiv

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!