fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Грчките компании го намалиле бројот на вработени за 6,17%

Грчките компании го намалиле бројот на вработени за 6,17%

Анализата на избрани 20 компании со грчки капитал во земјава , управувани од грчки државјани покажува дека според големината 8 од нив биле средни, 7 големи, а 5 спаѓаат во мали фирми.

Ако се набљудува вкупниот број на вработени во сите фирми, може да се види дека нивниот број во 2018 е намален во однос на 2017 година за 6,17 %. Како по правило, најчесто се намалувал бројот на вработени во текстилните компании, од кои само кај две вработените се намалиле за 18,18 % или за 138 лица. И во услужниот сектор бројката била помала за 18,69 %, а во градежниот само кај една за дури 81,81%. За среќа, имало и зголемување на вработеноста кај неколку грчки компании. Кај две трговски компании бројот на извршители бил скромно зголемен за 5,65 %, додека кај две производствени дури за 22,4 %. Во првиот случај причина е зголемувањето на бројот на трговски објекти, а во вториот зголемувањето на бројот на нарачки за извоз.

Извор: ,,Таргет груп“ ДОО

Според бројот на вработени, убедливо најголем бил трговскиот синџир „Веропулос“ кој имал 1043 вработени во 2018 година. За споредба, четирите наредни фирми според големината заедно имаат 1083 вработени.

Извор: ,,Таргет груп“ ДОО

Втора, според големината во 2018 е текстилната компанија „Конигтон“ која во 2018 го намалила бројот на вработени за 25,4% поради намалување на нарачките од странските партнери, бидејќи работи лон, односно врши услуги за нарачател. Слично минала и текстилната фирма „Фалко“ која, исто така, забележала намалување на бројот на извршители за 32 лица,односно за 9,4%. „Текстилна корпорација“ успеала да го сочува непроменет бројот на вработени, но „Ланд сервис“ од услужната дејност, поради намален обем на работа, го редуцирала бројот на работници за 18,7 %. Истовремено градежната „Актор“, поради завршување на договорената работа околу автопатот и необезбедување на нов договор за ангажирање, го намалила бројот на вработени за дури 81,8% во однос на 2017 година.Треба да забележиме дека најголемо зголемување на бројот на вработени во 2018 од 60% имала гевгелиската компанија ,,Стампа“, додека ,,Секе “ од Прилеп имала раст на вработеноста од 25,4%.

Доколку сакате да дознаете кои две грчки компании реализирале половина од вкупниот приход кликнете овде.

Оваа анализа покажува дека грчките компании работат во земјава со променлив успех и ги следат трендовите во дејноста. Текстилните компании го редуцираат бројот на вработени поради познатите причини, додека услужната и градежната го намалиле обемот на работење, а со тоа и бројот на вработени. Од друга страна, производните компании од металургијата и трговијата се успешни, имаат зголемен број нарачки, односно поради ширење на дејноста бележат нови вработувања. Во однос на тоа колку години се присутни во земјава, од 20-те грчки компании, избрани од ,,Таргет груп“ ДОО, за 8 нема податок за годината на основање, 4 од нив почнале со дејноста во 2006, а три во 2012 година. Другите почнувале со работа по една во секоја година што значи дека поголем влез на грчки капитал, кај набљудуваните компании, имало само во 2006 и во 2012 година.

Новинар, Свето Николовски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!