fbpx
Почетна ТЕРМИНОЛОГИЈА Гудвил – износ на добрата репутација и стекнатиот имиџ на компанијата

Гудвил – износ на добрата репутација и стекнатиот имиџ на компанијата

Во секојдневното работење и живеење опкружени сме со компании кои се препознатлив бренд за храна, облека, транспорт или најразлични услуги. Најчесто таквите компании се синоним за квалитет, доверба и сигурност.

Дали некогаш сте се запрашале како може да се измери ваквата вредност на компаниите? Дали може да се измери нивниот бренд, репутација, квалитет и сигурност? И ако може да се искаже како вредност, дали воопшто некаде е запишана во финансиските извештаи на овие компании?

Во финансиската проблематика и сметководството, под поимот гудвил се искажува ваквата вредност на компаниите. Гудвилот ја претставува разликата на пазарна вредност на компанијата и проценетата вредност на средствата на компанијата искажана во финансиските извештаи. Износот на гудвил се евидентира само во случај кога компанијата се купува, зашто само тогаш гудвилот сметководствено може да се признае како средство на компанијата.

Гудвилот претставува средство на компанијата кое не може самостојно да се идентификува затоа што е под влијание на низа внатрешни и надворешни фактори (солиден менаџерски тим, лојални купувачи, посветеност и ефикасност на вработените, пазарна позиција, задоволството на купувачите и нивната доверба во компанијата) и затоа пазарот е тој што ја одредува неговата вредност.

Во финансиските извештаи, гудвилот како средство на компанијата се вбројува во нематеријални средства – дел од постојаните средства кои немаат физички облик, но нивната вредност за компанијата е од големо значење.

Нематеријалните средства имаат карактер на постојани средства затоа што од нив се очекува да генерираат идна економска корист за компанијата која ги поседува. Затоа и гудвилот е дел од нив – тоа е средство кое се создава при купопродажбата на бизнисот и кое му носи одреден дополнителен бенефит на сопственикот во иднина над вредноста на приносот од неговите средства. Така, гудвилот претставува износ кој се плаќа за добрата репутација и стекнатиот имиџ на компанијата на пазарот.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!