Чест ни е да ве поканиме на хуманитарната аукција на слики на академскиот сликар Павле Кузмановски.
Аукцијата ќе се одржи во галеријата на Културно Информативниот Центар, на 27.11 во 20:00 часот. За музичкиот дел ќе се погрижат Васил Атанасов на обоа и Дарко Багески на гитара.
Средствата ќе бидат донирани на анти-канцер здружението “Животна Искра” од Скопје.

НВО Акација работи на материјално и морално подобрување на човекот и интелектуално и социјално усовршување на општеството. Своите цели ги постигнува преку организирање на хуманитарни манифестации, истражувачки проекти за човековите хуманитарни права и слободи, организирање на културни, едукативни, образовни и социјални активности, проекти за унапредување на меѓучовечките и меѓунационалните односи, проекти за унапредување на европските вредности.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде