fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Инструменти за откривање на сивата економија

Инструменти за откривање на сивата економија

Кога зборуваме за сива економија, без да имаме посебен увид во истата со точни бројки, може да претпоставиме дека е присутна околу нас и тоа сé повеќе. Што е сива економија? Таа е всушност вршење на легални економски активности кои не се оданочени, односно за кои не е платен данок на додаток од групи или поединци. Се среќава повеќе во дејности во кои плаќањето е во готово, како угостителството, зелените пазари, услуги по домови од страна на разни мајсори, занаети, преведувачки услуги, издавање на објекти под наем и слично.

Овој избор, поединци или групи го прават од разни причини: една од најголемите е секако плаќање на ДДВ, данок на доход и други даноци; потоа, да се избегнат плаќања за придонеси и социјално осигурување, да се избегнат административни обврски, како и следење на законите во однос на мининална плата, работни часови, услови за безбедност при работа и слично.

Во земјата, Управата за јавни приходи има едни од поважните улоги за контрола и борба против истата. Таа собира информации за идентификување на нерегистрирани даночни обврзници; врши проверка на информации; воведува посебна евиденција за нерегистрирани даночни обврзници; ги повикува нерегистрираните даночни обврзници за доброволна регистрација; врши посета на нерегистрирани даночни обврзници; презема посебни мерки за нерегистрирани даночни обврзници кои не одговориле на повикот и не се регистрирале доброволно; врши надворешна контрола кај нерегистрирани даночни обврзници; врши регистрирање на нерегистрираниот даночен обврзник кој доброволно се пријавува за регистрација; врши службена регистрација на сите нерегистрирани даночни обврзници кои доброволно не се регистрирале за даночни цели, им доделува Единствен даночен број (ЕДБ) и ги евидентира во посебна евиденција; го задолжува даночниот обврзник со соодветен данок и презема и други мерки согласно законската регулатива.

Покрај УЈП, со свои задолженија за сузбивање на сивата економија може да биде и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Трудовата инспекција, Министерството за финансии, Царинската управа, Министерството за економија и други надлежни институции. Така, Министерството за труд и социјална политика може да биде вклучено преку Подобрување на регулативата за сезонски вработувања, Активација и тестирање на активноста (барање на работа) на регистрираните невработени лица, Унапредување на регулативата за воведување надлежност за утврдување на непријавени работници од страна на пазарната инспекција и  УЈП и слично. Министерството за финансии би можело да води Национална кампања за зголемување на даночниот морал односно јакнење на свеста на населението за придобивките од плаќање на обврските кон државата. Министерството за образонание може да даде придонес во едукацијата на учениците за последиците од сивата економија и слично. Ова се всушност дел од мерките кои биле дел од Акцискиот план за намалување на сивата економија од 2014 година.

Сите студии и проценки, како што се вели во Стратегијата за формализирање на неформалната економија  во Македонија, 2018-2022, покажуваат дека неформалната/сива економија во државата е многу висока и изнесува од 20 до 40% од Бруто домашниот производ. Сепак, позитивен податок е фактот дека неформалната вработеност континуирано опаѓа.

Намалувањето на неформалната економија претставува клучен чекор во воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување и рамноправни услови за работа и здрава конкуренција. Нејзиното поддржување штети на сите. Оние кои го избегнуваат плаќањето на даноци се неправедни кон даночните обврзници. Таа им дава неправична „предност“ на оние кои не ги исполнуваат законските обврски. Освен тоа го поткопува интегритетот на даночниот систем. Ако се тргне пак од еден потрошувач, доколку не добиете фискална сметка или друг доказ за купен производ, не можете да се пожалите и да ги остварите правата како потрошувачи.

Сивата економија е казнива со закон. Доколку ги повредите законите освен што ќе ја платите казната, би можеле да ја изгубите работата, домот, па дури и да добиете казна затвор.

Подготвила Марта Димитров.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!