fbpx
Почетна Интервју со Ели Илијоска: Што е систем за менаџирање на односи со...

Интервју со Ели Илијоска: Што е систем за менаџирање на односи со клиенти CRM и зошто е неопходен за успехот на македонските компании.

Ели Илијоска е дел од тимот на codeSTREETS. Со нејзиното долгогодишно искуство како електро инженер ќе ве воведе во клучната сфера за развој на сите типови на бизнис со помош на CRM (Customer Relationship Management).

Аналитика: Да започнеме со основното прашање… Кој е/што е codeSTREETS?

Ели Илијоска: codeSTREETS е заедничка холандско-македонска компанија, основана од неколку инвеститори и искусни ИТ професионалци.

Нашиот слоган “The Digital Race is ON” го отсликува нашоит став кон новата економија, каде што географските граници стануваат неважни, а користењето на вистинските технологии за да се остане конкурентен на локалниот и глобалниот пазар, е нешто што не може да се занемари.

Во основа, имаме две цели: Првата е да им понудиме на македонските бизниси иновативен систем за менаџирање на односи со клиенти (CRM). Втората, е да ја промовираме македонската ИТ заедница како иден центар за развој на европски CRM системи кои овозможуваат економски исплатливи ИТ алтернативи за европските компании.

Аналитика: Дали може да објасните што е систем за менаџирање на односи со клиенти CRM и зошто е неопходен за успехот на македонските компании?

Ели Илијоска: Customer relationship management (CRM) e систем кој ги опфаќа сите интеракции со клиентите. Секоја компанија се стреми да има подобри односи со купувачите, да ги задржи купувачите, до допре до потенцијалните купувачи и на крај, се разбира, да ги намали трошоците и продаде повеќе и да ја зголеми добивкатa. Филозофијата на CRM е едноставна: купувачот, клиентот, добавувачот е на прво место. CRM системот е напредна алатка кој го олеснува сето ова. Поинаку кажано, системот за менаџирање на односи со клиенти им помага на компаниите да успеат со својот бизнис, да пронајдат нови клиенти, и да ги задржат клиентите или купувачите и потенцијалните клиенти, со технологија која, со софистицирано организирање на информациите, им помага да изградат силни врски со клиентите. CRM го поттикнува растот на бизнисот, ја подобрува оперативната ефикасност и ја зајакнува пазарната конкурентност за компании од сите големини. Особено е од корист за мали и средни претпријатија, каде често треба да се направи повеќе со помалку. Исто така е задолжителен и за сите компании кои размислуваат или веќе се присутни надвор од релативно малиот македонски пазар.

Продажбата, услуги (или грижа за корисниците) и автоматизиран маркетинг се клучните бизнис способности на CRM системите. Овие услуги што ги нудат CRM системите им овозможуваат на компаниите централно управување со контакт информациите на клиентите и на потенцијалните клиенти, идентификување на можности за продажба, бележење на сервисните налози, управување со маркетинг кампањи, итн. Клучниот збор е централно управување на сите активности. Идејата е од едно место да го контролираш и управуваш сите активности поврзани со клиентите во една компанија. Користа од CRM системите во голема мера е непозната за македонските бизниси, но многу добро позната во развиените земји. Оттаму, сите разговори со нашите потенцијални клиенти, едноставно започнуваат со презентирање на клучните придобивки од CRM како што е прикажано подолу на сликата.

Аналитика: Што е Salesforce и како codeSTREETS е поврзан со Salesforce?

Ели Илијоска: Salesforce е број еден CRM платформа во светот. Salesforce прв ја разви идејата за CRM “во облак” и остана водечки иноватор во доменот на CRM. Денес, Salesforce е четвртата најголема софтверска компанија во светот, која им помага на повеќе од 150.000 компании да растат како никогаш досега.

Ние во codeSTREETS длабоко веруваме во идниот напредок кој произлегува од демократизација на технологијата. Salesforce со својата број еден CRM платформа е основата зад ваквата демократизација. На секоја компанија во светот, без оглед на нејзината големина и локација ù се овозможува пристап до најиновативна CRM технологија. codeSTREETS е првиот и единствен регистриран партнер на Salesforce во Македонија. Исто така, codeSTREETS е регистриран партнер на организацијата за професионални услуги на Salesforce, што значи дека може да ги нуди своите Salesforce услуги ширум Европа. Последново особено е атрактивно за младите ИТ професионалци од Македонија кои со својот талент може да направат импакт во било кој дел на светот.

Аналитика: Кои се CRM производи на Salesforce на кои македонските компании треба да се фокусираат и зошто? Дали македонските компании можат да си ги дозволат ваквите производи?

Ели Илијоска: Македонските компании сè уште не ги познаваат доволно потенцијалите на CRM. На пример, дека CRM платформата на Salesforce им нуди моментален пристап до истите најнови CRM можности кои ги користат и најголемите глобални брендови како што се Coca-Cola, Adidas, итн. Значи, се работи за многу моќна алатка, и компаниите во Македонија полека сфаќаат дека водењето бизнис без CRM им ги зголемува трошоците и ја намалува добивката. Со CRM е обратно. Може да се рече дека CRM претставува двојна добивка. Она што го препорачуваме на македонските компании е пристап до основните CRM можности, без оглед на тоа дали претходно воопшто не користеле CRM решенија или користат некои со ограничен обем. Ние од codeSTREETS им посочуваме повеќе алатки: Sales Cloud за автоматизирана продажба, Service Cloud за автоматизирана услуга за грижа за корисниците, Pardot за автоматизиран маркетинг и Community Cloud за социјална соработка со клиентите. Salesforce е голем, развиен еко-систем каде што се достапни уште многу други апликации, кои таргетираат специфични индустрии. Уште поважно е дека Salesforce платформата е Mobile ready и лесно се интегрира со кој било вид на постоечки ERP или друг систем. Сите наши клиенти се позитивно изненадени од прифатливата цена на Salesforce производите. За македонскиот пазар посебно е интересен “Grow-With-Us” моделот, каде што нема потреба од голема почетна инвестиција во софтвер, хардвер и ИТ вработени. Ова е многу важно, особено за малите и средни претпријатија бидејќи можат да започнат со користење на само еден производ на Salesforce.

Аналитика: Како codeSTREETS помага на патот на успешност на клиентите?

Ели Илијоска: Првата средба со нашите потенцијални клиенти, започнува со внимателно слушање. Сакаме што подобро да ги запознаеме нивните амбиции и со кои предизвици се соочуваат. Ако заедничкиот увид е дека има простор за подобрување и поедноставување на менаџирањето на односите со нивните клиенти, вклучувајќи ги тука и маркетингот и продажбата, вообичаено почнуваме да ги водиме низ портфолиото на производи на Salesforce.

Последователните разговори се исклучиво насочени кон идентификување можности за создавање бизнис вредности и бизнис способности. Тоа е всушност вистинската моќ на CRM платформата на Salesforce во комбинација со експертизата на codeSTREETS. Разговорот секогаш се води со фокус на подобрување на бизнисот. Технологијата на Salesforce e алатка која му помага на бизнисот а не е цел за себе.

Ели Илијоска Salesforce Consultant at codeSTREETS eli.ilijoska@codestreets.com www.codestreets.com

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!