fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Издадени 362 концесии за експлоатација на минерални суровини - наплатени 16...

Издадени 362 концесии за експлоатација на минерални суровини – наплатени 16 милиони евра

Мермер, варовник, песок и чакал, минерална вода, кварц, травертин, глина, јаглен, бакар и злато, олово, никел – илјадници километри Македонска земја богата со минерални суровини е под концесија на компании кои ја експлоатираат. Регистарот на Министерството за економија покажува дека до 2018 година се издадени вкупно 362 концесии за експлоатација на минерални суровини. Наплатени се вкупно 16 милиони евра за надоместоци за договорите за концесија.

И тоа за концесискиот надоместок заради вршење на детални геолошки истражувања околу 7,6 милиони евра, за тој за користење на површината на која е доделена концесијата за експлоатација на минерални суровини изнесува околу 912.000 евра, а за концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини околу 7,6 милиони евра.

Од вкупно наплатени 16 милиони евра, најголем дел или 12,5 милиони евра или 78% се приход на буџетите на општините на чија територија се врши концесиската дејност. А 22% или 3,5 милиони евра се приход на централниот Буџет.

Податоците на Министерството за економија, од регистарот покажуваат дека речиси и да нема град или населено место во земјава каде што ако ништо друго се експлоатира песок или минерална вода. Површината се мери во илјадници километри квадратни земјиште богато со минерални суровини кое е дадено под концесија, а најдолгите завршуваат на крајот на далечната 2049-та година. Податоците покажуваат дека има фирми кои држат по повеќе концесии во различни делови од земјава.

Така фирмата „ГД Гранит“ – Скопје има 9 концесии. Има ископи за варовник, дијабаз, базалт и тоа во 8 подрчја на земјава. Има во Демир Хисар, Демир Капија, Чучер Сандево, Охрид, Куманово, Дебарца, Валандово и Делчево. Дел од договорите за концесија траат до 2024 година, но има и такви до 2030, 2042, 2045 година.

Рекордер по површина која ја експлоатира е „Силген ресурсис интернешнл“, од Кратово со 16.881.778 километри квадратни површина во Кратово и Пробиштип за експлоатација на бакар, злато, сребро.

Втора е токму компанијата „Еуромакс Ресорсис“, во Иловица со над 13.739 528 километри квдратни, концесија за ископ на бакар и злато, за која неодамна Владата еднострано го раскина договорот. Малку помала површина пак од 9,771 014 километри квадратни има рудникот „Бучим“ во Радовиш.

Новинарска обработка: Ф.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!