fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Каде повеќе се пазарува, во класични маркети или во хард дисконти?

Каде повеќе се пазарува, во класични маркети или во хард дисконти?

Конкуренцијата кај националните ланци е екстремно висока, приближно сите компании имаат агресивна стратегија која се базира на постојано проширување на продажните локации, ценовни војни и превземање на потрошувачите најчесто од локалните ланци. Интересно е што со исклучок на Тинекс кој ја лансираше електронската продавница ниту еден од останатите национални ланци не се обидува да настапи користејќи го тој канал. Единствено дел од локалните трговски ланци како Рептип, Зур Маркет и Гранап се обидуваат да превземат дел од потрошувачите на останатите во сегментот.

Вкупниот обрт на седумте национални ланци на маркети Кам, Тинекс, Веро, Рамстор, Кит-Го, Стокомак и Жито Маркет со дополнување на Киппер како сериозен претендент за национален ланец, се зголемил за 9% од вкупно 523 милиони во 2017 на 571 милиони евра во 2018-та година или раст од приближно 50 милиони за само 1 година.

За разлика од претходните години каде во категоријата тврди дисконти постоеше еден главен “играч” а тоа е Кам Маркет, сега веќе Стокомак и Киппер се на ниво каде би биле во можност да го предизвикаат лидерот и во оваа година ќе може да се забележи поголемо ценовно конкурирање и помеѓу нив. Со тоа дополнително ќе се намалат цените за определени категории на производи и ќе се зголеми притисокот кон класичните ланци на супермаркети.

Приближно сите национални ланци на маркети имаат раст на продажбата во 2018-та година во споредба со 2017 година. Во апсолутен износ, Кам Маркет има раст од 15 милиони евра за 1 година или раст од 13% на вкупните приходи, од прикажаните ланци. Од целата листа како најстабилни маркети во последните неколку години се Кам Маркет, Тинекс, Веро и Жито Маркет кои континуирано имаат високо приходи и стабилен профит.

Од претходно посочените ланци, 5 имаат двоцифрен раст на продажбата односно Киппер, Кит-Го, Кам Маркет, Стокомак и Рамстор. Единствено мал пад бележи Тинекс од 3%, но поради големината на приходот кој го има (93 милиони евра) падот не е значаен. Киппер има најголем раст од 22% на приходите од 39 милиони на 47 милиони евра кој е прилично значаен раст бидејќи ланецот е најмногу позициониран во Западна Македонија и во последните неколку години и во Скопје.

Од друга страна забележливо е дека зголемувањето на вкупниот приход директно не означува и зголемување на профитот на компанијата. И покрај растот на приходите, бележат пад на профитот. Жито Маркет има прилично сериозен раст на приходот од 53% во 2018 во однос на претходната 2017та година, додека идентичен раст на приходот и профитот има Рамстор со 12%.

Во однос на нето профитната маржа која ја имаат националните ланци на маркети, забележливо е изедначување помеѓу најголемиот дел од нив помеѓу 3.1% – 3.7%, каде Веро значајно отстапува со 11.3% и Кам Маркет со 2.6%.

Со ова може до одреден степен да се потврди проблемот на континуирано отворање на нови маркети, каде од една страна се зголемува приходот, но обемот на истиот не е доволен за остварување или зголемување на профитот. Тоа е и главната причина зашто во следните неколку години се проектира стагнација на сегментот и оптимизација на работењето на маркетите. Стратегијата е која компанија може повеќе да “издржи” финансиски во однос на конкуренцијата.

Три од пет маркети кои имаат двоцифрен раст се “тврди дисконти”. Зашто истите маркети во претходните неколку години се конкурентни и во тековната 2019 се очекува уште повеќе да влијаат на сите компании инволвирани во широката потрошувачка?

Бизнис моделот им овозможува (наложува) следните активности да ги извршуваат самостојно: 1. Го извршуваат увозот на дел од понудениот асортиман; 2. Се повеќе користат приватни трговски марки (private labels) кои се произведени од истите производители кои имаат сопствени брендови, на кои имаат пониски цени; 3. Располагаат со сопствено складирање и дистрибуција. Помалата големина на маркетите, помалиот број на вработени и самиот концепт на маркетот со ниска инвестиција во опрема, се обезбедува можноста цените на производите да бидат прилично пониски во однос на конкуренцијата.

Со сериозното зголемување на продажбата кај тврдите дисконти се зголемува и продажбата на нивните приватни трговски марки, кое придонесува за намалување на продажбата кај воспоставените брендови, а со тоа помала продажба кај производителите и дистрибутерите. Токму поради овој тренд, Инсајдер ИД (публикација: Иднина на малопродажбата во Македонија) предвидува двоење на два нови канали за продажба односно здружување на дистрибутерите и производителите од една страна и малопродажните ланци од друга. Сепак тоа нема можност да биде остварено целосно во следните 3-4 години.

Забележливо е дека сите национални малопродажни ланци имаат зголемување на бројот на вработени во 2018 во споредба со 2017-та година. Вкупно 8-те национални ланци на маркети вработуваат 6,235 лица во 2018 во однос на 5,592 во 2017 или имаат раст од 11% во бројот на вработени. Најголем број лица вработува Тинекс со 1,350 во 2018-та и Веро со 1,043. Процентуално најголем раст на вработени има во Киппер со 47% зголемување на бројот и Кит-Го со 22% раст.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!