fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Kаде престојуваат туристите во Македонија?

Kаде престојуваат туристите во Македонија?

Од голема значајност за туристичките агенции при формирање на понудата за привлекување на странски туристи е да се дефинираат преференците на посетителите во поглед на објект на сместување кога станува збор за посета на Македонија.

Според статистичките податоци во 2018 година, странските посетители во Македонија во најголем процент престојувале во Хотели сo 4* со 45%. Следни по посетеност се Хотели со 5* каде е забележано престој на туристи со 25% додека пак во Хотели со 3* престојувале со 17%. Туристите кои престојувале во Хотели со 1*, Пансиони, Мотели, Туристички апартмани, Преноќишта се движат од 1% до 2%.

Во категорија Друго која е застапена со 4,7% вклучени се: Бањски лекувалишта, Планински домови и куќи, Работнички одморалишта, Детски и младински одморалишта, Младински хотели, Кампови, Куќи, станови за одмор и соби за издавање, Привремени сместувачки капацитети, Коли за спиење и Некатегоризирани објекти за сместување. Оваа група на сместувачки објекти доколку се разгледа поединечно нема значајно учество по посетеност од страна на туристи, но од друга страна со засилени маркетинг кампањи остава простор за развој во иднина.

Доколку се анализираат посетителите според возраст во корелација со најпосетениот сместувачки објект- Хотели со 4* најмногу се посетени од туристи до 26 години и со изедначеност помеѓу посетителите од машкиот и женскиот пол.

Најчесто посетителите доаѓаат во Македонија индивидуално но со претходна резервација и како објект за престој ги избираат Хотели со 4* во најголем процент. Анализирано според останатите два начини за организација на патување односно:

  • Доколку немаат претходна резервација се сместуваат најчесто во Хотели со 1*;
  • Доколку доаѓаат во аранжман на агенција се сместуваат најчесто во Хотели со 4*.

Доколку сакате да дознаете колкав е бројот на туристи кои пресстојуваат во Р.Македонија кликнете овде.

Колку долго престојуваат странските посетители во Македонија?

Зависно од тоа од чиј државјанин е посетителот постојат разлики во должината на престојот на туристот во Македонија. Според тоа кои државјани најчесто ја посетуваат Македонија, посетителите кои доаѓаат од Грција, Турција, Србија и Бугарија престојуваат до 3 дена и посетителите од Холандија престојуваат од 4 од 7 дена.

Овозможена е и статистика според објект на сместување, па според тоа во Бањските лекувалишта во Македонија посетителите престојуваат од 4 до 14 дена, во Мотелите просечниот престој е до 3 дена и во Хотелите исто така посетителите најмногу престојуваат до 3 дена.

Според генералната поделба во светот има постојат главно 12 типови на туризам меѓутоа во Македонија како најзастапени повеќе од 4 видови меѓу кои се: Езерскиот, Планинскиот, Културолошкиот, Авантуристичкиот, Бањски (спа) туризам но согласно реалноста моментално како најразвиени се истакнуваат Езерскиот и Планинскиот туризам.

Со цел да се зголеми посетеноста на туристите препорачливо да се стави посебен акцент за развој на Бањски (спа) туризам за кој постои веќе развиена инфраструктура во Македонија и согласно горенаведените потенцијали според држава од која доаѓа туристот и должина на престој да се насочат маркетинг кампањите со соодветни понуди за привлекување на истите.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!