fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Како недостатокот на вработени ќе го промени бизнис моеделот? Дел II

Како недостатокот на вработени ќе го промени бизнис моеделот? Дел II

Капитализмот се основа на профитниот принцип каде во сите компании постои генерално една дистинкција на луѓето кои се инволвирани, на сопственици и вработени, односно индивидуи кои го влечат главниот профит и други кои го продаваат сопственото време за плата. Подемот на претприемништвото ги насочува сите кои работат за плата да бараат начин како да бидат дел од групата која го влече профитот за на крајот доколку не се оствари некоја измена, сите индивидуалци да бидат компании самите за себеси во свет каде компаниите ќе го изгубат своето значење.

Како недостигот од вработени ќе придонесе за управувањето на бизнисите? Дел I

Кои се причините за високиот недостиг на квалитетен работен кадар и како ќе дојде до промена на бизнис моделите со цел да дојде до ретенција на истиот?

Сопствениците не се подготвени да дадат дел од уделот односно воопшто не размислуваат на отстапување на дел од профитот за мотивација на вработените, до степен кој ќе овозможи приватно продуктивен живот а со тоа и професионално продуктивен живот. Периодот во кој едни се сопственици а други само вработени со сигурност се прикажува како нефукнционален.

Сепак во предложениот бизнис модел е обработено за кои индивидуи е потребно да се вклучени во сопствеништвото бидејќи не секогаш би можело да ги даде потребните резултати.

Решение: Промена на начинот на водење на компаниите

Под претпоставка дека компанијата го има потенцијалот и можноста да привлече квалитетни индивидуалци кои имаат можност да ги исполнат високите светски стандарди на работење, на повидок е еден долг и тежок процес на промена на компаниите, кој всушност комплетно ќе го промени и начинот на структуирање и водење на бизнис. Едноставно повеќе ниту една квалитетна индивидуа нема желба да го помине сопствениот живот исполнувајќи туѓи цели и замисли како и остварување на профит за други индивидуи. Се повеќе се нагласува “работењето за себе наместо за други”.

Единствено логично решение е промена на концептот на водење на компании. Повеќе е неефикасно за самите компании да луѓето инволвирани бидат поделени на сопственици и вработени, бидејќи така се губат квалитетните вработени а остануваат тие кои само “слепо” следат наредби и исполнување на задачи. Голема е веројатноста да компаниите кои имаат строга поделба на сопственици и вработени во следната декада доживеат сериозен неуспех.

Промената ќе се забележи во следните сегменти:

  • Вклучување на вработените во сопственичката структура
  • Креирање на организациска култура на континуирано учење
  • Креирање на план за континуирано унапредување
  • Зголемување на учеството на нематеријални бенефиции

Бидејќи првиот сегмент е со најголемо значење истиот ќе биде образложен. Вклучување на вработените во сопственичката структура на промени всушност е и најтежок за имплементација, бидејќи побарува најголема “жртва” од страна на сопствениците на компаниите, а дополнително за економии како Македонската е толку револуционерен што не може да се очекува голем исчекор во следната декада. Едноставно, наместо да ја имаат цела компанија за себе, дел од неа споделуваат со вработените со што би овозможиле многу поквалитетен живот и подобар работно/приватен баланс.

Ова е главната разлика од досегашните бизнис модели, кои во сопствеништвото се поделени на вработени и сопственици и со сигурност станува сериозно неодржливо. Секогаш ќе има хиерархиска структура, во која ќе има водачи и тие кои ја движат целата компанија, но истото не посочува дека и целокупниот профит на компанијата треба да го “влечат”, бидејќи на таков начин само предизвикуваат незадоволство и пад на продуктивноста кај сите останати. Од друга страна, кога повеќе вработени би имале дел од “колачот”, значајно би се изменил начинот на управување, носењето на квалитетни одлуки и зголемување на продуктивност, бидејќи во таква една структура сите работат за збогатување на компанијата но и збогатување на самите себе си. Наместо еден или мала група да одлучува неограничено, ќе одлучуваат повеќе за доброто на сите во компанијата.

Всушност овој концепт на работење не е нов во светот, бидејќи компаниите во Сiликонската Долина веќе го применуваат. Приближно сите “Start-Up” компании работат на начин што за сите стратегиски активности и клучни вработени овозможуваат учество во сопспстеништовот, кое ја осигурува нивната лојалност и висока продуктивност во замена за идни повисоки приходи.

Подготвил, Сергеј Зафировски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!