Недостаток од квалитетен кадар е моментално најголемиот проблем и предизвик со кој се соочуваат компаниите. Во регионот е уште поизразен поради големиот број на млади лица кои се иселуваат од државите, а всушност се истите кои треба да ја движат економијата напред. Следната декада ќе биде обележана со неколку различни трендови, дел позитивни дел негативни за постојаните компании. Дисрупцијата на нормалните деловни процеси кои ги прави нагласувањето на претприемништвото и ИТ индустријата, “влече” огромен број на потенцијални вработени, кои наместо вработување се поголем број основаат компании или пак “работат од дома” или пак се насочуваат кон ИТ сегментот. Во регионот исто така подемот на услужниот сектор кој се копира од развиениот свет, при непостоење на сериозен производствен сектор, дополнително го усложнува и онака комплицираната потрага по квалитетен кадар.

Како недостатокот на вработени ќе го промени бизнис моеделот? ДЕЛ II

Периодот во кој едни се сопственици а други само вработени со сигурност се прикажува како нефукнционален.

Најголемиот процент на компании дејствуваат во различни сегменти и сеуште имаат потреба од квалитетен и разновиден кадар кој се разликува од обучениот за услужната дејност или пак ИТ. Од друга страна квалитетот на новите потенцијални вработени кои се до 25 години е значајно опаднат и обуките кои треба да се преземат за нивно усовршување се зголемени и покрај тоа што најчесто се високообразовани индивидуалци, а дополнително интерперсоналната инертност кон промени, дополнително образование и преземање на одговорност и ризик ги прави новите потенцијални вработени екстремно ниско ефикасни.

Интересен е фактот што во Македонија и регионот има висок степен на невработеност кај младата популација до 30 години, но и висок степен на продуцирање на неквалификуван кадар кој уште при изборот на факултетот за високо образование е осуден како невработен.

Состојбата за квалитетен кадар во производство, дистрибуција, занаетчиски работи, градежништво, здравство започнува да е очајна од аспект на задоволување на долната прифатлива граница за продуктивност, а во иднина има голема веројатност за нејзино вложување до степен каде солиден дел од компаниите се заканува да бидат затворени.

Веднаш, по споменување на задоволство на вработени, се исповетува платата со задоволството на вработените, и секако таа има високо влијание, но не секогаш е пресудна за останување на определена работна позиција.

Предложениот бизнис модел не е е прашање дали ќе биде туку кој ќе биде точниот облик на концепт со кој ќе се одржуваат квалитетните вработени. Предлогот е тоа што може да го направи бизнисот, но за целокупно унапредување на државата потребна е структурна реформа, која на долг рок ќе ги задржи моменталните и продуцира кадри кои ќе ги водат сите сегменти на македонското општество.

Постојат неколку причини поради кои состојбата со кадар во државата е на работ на егзистенција. Во продолжение најпрво ќе се обработат причините за високиот недостиг, додека во вториот дел е појаснето како ќе дојде до промена на бизнис моделите со цел ретенција на квалитетен кадар. Дадените причини не означуваат дека квалитетен кадар не постои, но карактеристиките се генерални во Македонија со што го усложнуваат процесот за воопшто за пронаоѓање на соодветните вработени кои брзо ќе одговорат на работниот предизвик.

Несоодветно и преценето формално образование

Прв и клучен проблем е дискрепанција која се појавува помеѓу формалното образование и реалните потреби во случајот на бизнис секторот. Книгите и програмите кои се користат во поголемиот дел од факултетите во Македонија се застарени до степен што и самите автори на книгите се дискредитираат самите себе. Теоријата која била валидна во 2000-те, во 2018 најчесто воопшто нема никаква примена. Како пример, интернет мрежата проширува масовно масовно по 2005-та, социјалните мрежи по 2006/7. Само Facebook го промени и сеуште го менува начинот на кој маркетингот функционира, YouTube начинот на споделување на видео содржина, додека во Македонија сеуште се истражува Филип Котлер кој е еден од основоположниците на маркетинг, но неговиот начин на размислување е солиден за 20-тиот век, во денешницата применлив само до основен степен. Теоријата и праксата во последната декада се менуваат секојдневно и потребно е годишно следење на промените и нивна имплементација во формалното образование.

Дополнително, професорите не ги соочуваат студентите со реалноста која ги очекува и креираат комплетно погрешна слика за тоа што се случува по завршувањето на образованието, и по излегувањето на кадарот од факултет во реалниот свет се соочува со нешто што воопшто не го очекува.

Од друга страна студентите завршеното високо образование го сметаат за врвно достигнување и поради тоа избегнуваат доусовршување и дополнително образование. Всушност реалноста е дека образованието започнува со завршување на факултет, каде се стекнуваат вистинските вештини за секојдневниот бизнис.

Ниска продуктивност, желба и проактивност

Конкретно за Македонија висока е изразена ниската продуктивност на вработените, ниска желба за доусовршување како и ниска проактивност во активностите кои ги извршуваат. Со промена на бизнис окружувањето, едноставното извршување на работните задачи со работно време од 8 часа е комплетно нефукнционално. Доколку не се менува и самата компанија со промените во глобални рамки е осудена на пропаст. Според истражувањата, домашниот работник е на последна позиција во Европа според продуктивната која ја остварува.

Главниот двигател, односно прифаќач на промените се токму вработените кои апсолутно се главниот стожер на една компанија. Доколку вработените не дадат свој придонес за тоа каде треба да се движи одреден процес или одредена компанија, менаџментот и сопствениците можат само да претпоставуваат кој правец да го постават. Сепак во Македонија, вработените изразено повеќе имаат желба да им биде дадена конкретна работа со почеток и крај, со ниско ниво на одговорност и преземање на ризик.

Како и претходно наведено, платата влијае при избор на работата и е апсолутно еден од највлијателните фактори со влијание кај вработените, но платата со сигурност не овозможува долгорочна одржливост и не осигурува висока продуктивност со самото нејзино зголемување.

Финансискиот мотиватор е краткорочен, односно моменталното зголемување на платата, ќе има влијание определен временски период, по кој повторно ќе се бара зголемување и тој циклус нема почеток и крај. Проблемот е што како македонски менаџери од една страна не се обидуваат да пронајдат начин на подобрување на состојбата, но и од друга вработените немаат фокус за тоа што ги мотивира, немаат желба за повисоко остварување отколку само краткорочниот фокус на финансиите.

Кои се причините за ниската продуктивност е комплесно да се дефинира. Дел од нив се културолошки, други се етички и третата е самата традиција во бизнисот (капиталистичкото општество). Културолошките и традицијата за бизнисот, се една од најголемите причини, бидејќи Македонија со исклучок во последните 10 години, никогаш не функционирала во капиталистичко општество. Од 1900-те до до 1991, била дел од империја, кралство, социјалистичка република чие што општествено уредување не било капиталистички фокусирано. Едноставно, дражавата немала пазар каков што бил западниот за да ги “научи” принципите на работа. Во социјалистичкиот систем работел “кој колку можел”, што се провлекува до ден денес, каде сите работат колку можат, а со секој поминат ден се помалку.

Всушност, социјалистичкото однесување сеуште “живее” кај постарите генерации, но негативно е што и солиден дел од младите генерации го прифаќаат како свое, особено во делот дека државата е таа која треба да обезбеди сигурна и долгорочна работа. Државата треба да обезбеди услови во кои компаниите треба да растат и да се развиваат, со што помало “мешање” на пазарот за компаниите да ги искористуваат ресурсите оптимално. Проблемот се комплицира дополнително, бидејќи државата наместо оградување, продолжува со исполнување на очекувањата преку постојани вработувања во администрација и директно обезбедување на работа за голем број компании.

Етичките причини се од поново време кои особено доаѓаат до израз со порастот на претприемништвото и концептот на “сам свој газда”. Вработените не сакаат да работат со друг, но секогаш “забораваат” дека кога ќе отворат компанија треба да вработуваат лица кои исто така немаат желба да работат за друг. Во тој круг се појавува големо незадоволство од двете страни и кај работодавците и кај вработените.

Сето тоа предизвикува да потрагата, евалуацијата и вработувањето на квалитетен кадар да биде премногу тежок процес, особено за малите и средните компании кои имаат се помал број на опции. На дел од трендовите воопшто и не можат да влијаат, освен да ги прифатат како такви и да се обидат некако да го компензираат недостатокот.

Проблемот со индиферантност и егоцентричност на новите генерации

Растот на влијанието и користењето на социјалните медиуми, придонесе за тектонски промени во однесувањето на индивидуалците. Со сигурност, интернетот и социјалните медиуми имаат повеќе позитивни отколку негативни.

Континуитет во социјалистичкото однесување

Социјализмот како општествено-политичко уредување во Македонија е завршено во 1991 година со распадот на Југославија…

При анализа на темата, голем дел од индивидуите кои живееле во СФРЈ, изјавуваат дека “Тогаш се живеело”.

Подготвено од Сергеј Зафировски.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде