Генерално, во Хотели со 5* најмногу престојуваат странски посетители со Елементарни занимања и во најголем процент доаѓаат од Холандија, Косово и Турција и во просек престојуваат два дена во нашата земја. Следни според интензитет на престој во Хотели со 5*, се Стручни работници во земјоделство, шумарство, риболов и лов кои од најголем дел доаѓаат од Грција, Холандија и Србија и имаат малку подолг престој од претходната група односно 2.6 дена во просек. Исто така, како чести посетители на оваа класа на хотели се појавуваат Државни службеници кои доаѓаат од Србија и Холандија и за кои е евидентиран просечен престој од речиси три дена.

Во Хотели со 4*, Топ 3 посетители се лица со: Воени занимања; Експерти и научници; и Техничари и сродни професии. Лицата со Воени занимања во најголем дел доаѓаат од Холандија и Австралија и престојуваат речиси 4 дена во Македонија во просек. Експертите и научниците кои ја посетуваат Македонија во најголем процент се од Србија и Холандија и имаат просечен престој од 3 дена. Лицата кои се Техничари или сродни професии во просек престојуваат 3 дена и најчесто доаѓаат од Германија и Холандија.

Доколку сакате да дознаете чии државјани се најчестите посетители на Македонија притиснете овде.

Во македонските Хотели со 3*, најчести гости кои доаѓаат од странство се лица кои се Службеници, Работници во услужни дејности и продажба и лица кои се занимаваат со неиндустриски начин на работа во производство. Од овие три групи најголемо учество земаат Службениците кои во најголем дел се од Холандија, Србија и Турција. Работниците во услужни дејности и продажба се следни по застапеност при посета на Македонија и во најголем дел се државјани на Холандија и Србија. Третата група на туристи во Македонија кои се занимаваат со неиндустриски начин на производство се државјани на најголем дел на Холандија, Србија и Турција. Од трите анализирани групи најкратко време за престој имаат лицата кои се занимаваат со неиндустриски начин на производство, додека пак со најдолг престој се Службениците кои престојуваат во просек речиси 3 дена во Македонија.

Според горенаведените бројки за посетителите кои доаѓаат во Македонија, може да се заклучи дека Топ 3 земји чии туристи најмногу ја посетуваат земјава се Холандија, Србија и Турција соодветно според различни профили на поединците односно занимања. Генерално, како најчести занимања кај посетителите се појавуваат: Воени занимања и Елементарни занимања.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде