fbpx
Почетна ТЕРМИНОЛОГИЈА Какви инвестиции се гринфилд и браунфилд-инвестициите?

Какви инвестиции се гринфилд и браунфилд-инвестициите?

Странските директни инвестиции се инвестиции во кои странски физички или правни лица инвестираат средства во земја која е различна од нивната матична земја. Во зависност од тоа за каков вид на инвестиција станува збор, странските директни инвестиции може да се поделат на два сегменти: гринфилд-инвестиции и браунфилд-инвестиции.

Што се гринфилд-инвестиции?

Гринфилд-инвестиција претставува странска директна инвестиција во друга земја каде што странската компанија вложува средства со кои започнува нов проект или прави инвестиција во која започнува од нула и почнува активност или проект кој не постоел претходно. Практично, гринфилд-инвестициите се странски директни инвестиции во кои се инвестира во места кои претходно не биле развиени и се започнува од празно земјиште, а целта е одреден регион економски да се развие.

Со изградба и развој на новата компанија се ангажираат локални компании за изведувачи, се поттикнуваат нови вработувања, се влијае врз побарувачката на суровини и материјали и со целиот тој процес се поттикнува и развојот на економијата во која се реализира инвестицијата.

Што се браунфилд-инвестиции?

За разлика од гринфилд-инвестициите, браунфилд-инвестициите се, исто така, странски директни инвестиции каде што странската компанија вложува во веќе постоечка компанија преку купување или закупување на постоечкиот бизнис и најчесто овде инвестициите се во нова опрема и машини.

Со ваквите инвестиции се овозможува внес на нови технологии во земјата, запознавање со нови начини на работа за вработените во тие компании и воведување на нови практики, нови знаења и вештини како и имплементација на нови стандарди во работењето, што е особено важно за развојот на компаниите и на домашната економија воопшто.

Гринфилд и браунфилд-инвестициите се особено значајни и тие се еднакво атрактивни како во земјите во развој така и во развиените земји, бидејќи придобивките од нив се од голема полза како за компаниите така и за целокупната економија и нејзиниот развој.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!