fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на Таргет груп, направена врз база на бројот на вработени во текот на минатата година.

Акционерското друштво ЕСМ лани имало 4.757 вработени и е на врвот на листата по број на вработени, а македонски шуми или сега „Национални шуми“ се веднаш зад него со 2.250 а на трето место се македонски пошти односно сега „Пошта на Северна Македонија“ каде лани работеле 2.157 луѓе.

Трите компании, со години наназад се на удар на јавноста по однос на вработувањата што се прават.

Слична е состојбата и со ЈСП Скопје, кое е единаесетто на листата компании со најголем број вработени во Скопје, а потоа следуваат ЈП Водовод и канализација и ЈП Комунална хигиена каде има по повеќе од 1.200 вработени, а само неколку места подолу се двете железнички компании во државна сопственост ЈП Инфраструктура и АД Транспорт со по околу 1.000 вработени.

Но, иако овие јавни претпријатија вработуваат најголем број на луѓе сепак ги нема налистата на компании со најголеми добивки и приходи, освен акционерското друштва ЕСМ кое високо котира по однос на остварената добивка во текот на минатата година.

Од компаниите во приватниот сектор пак најголеми работодавачи во Скопје се Гранит со 2080 луѓе и Макпетрол со 1.770 како и Никоб, Алкалоид, Тинекс и приватната агенција за вработување Мотиви со повеќе од 1.300 луѓе.

Македонски телеком, Веропулос и Ван Хоол вработуваат повеќе од 1.000 луѓе а лани во Бетон работеле 996 луѓе.

Тука погледнете ја листата на 20 топ компании кои имаат најголем број вработени во Скопје

Минатата година, компанијата ТЕ-ТО имала најголема добивка во износ од 129 милиони ера, а токму оваа компанија сега се најде во фокусот на јавноста откако Финансовата полиција поднесе кривични пријави за лажен стечај и перење пари, но Обвинителството за гонење организиран криминал посочија дека нема простор за истрага за перење пари, а за останатите дела за лажен стечај и злупотреба на службената положба и овластување предметот е доставен до Основното јавно обвинителство. Во меѓувреме и покрај ова, Владата донесе контоверзна одлука за оваа компанија за период од девет години да го одложи плаќањето на даночниот долг кон УЈП во износ од 17 милиони евра. Ваквата одлука за најголемиот должник на државата најави дека ќе ја разгледува и Антикорупциската комисија.

Инаку во ТЕ-ТО, лани имало 51 вработен а во компанијара се свртеле 212 милиони евра.

Втора на листата компании со најголема добивка на територија на Скопје е Џонсон Мети лоцирана во индустриската зона. Таму, лани била направена добивка во износ од 97 милиони евра а биле вработени 882 луѓе. Во компанијата се свртела сума од 1,7 милијарди евра, односно толку ани изесувале приходите кај овој странски инвеститор.

Следни на листата компании кои имаат најголеми добивки лани се две во државна сопственост, односно ЈП за државни патиша и АД ЕСМ.

Во ЈП за државни патишта каде лани работеле 427 луѓе добивката изнесува 40 милиони евра и е трета најголема во Скопје. А во ова јавно претпријатие се свртеле 124 милиони евра. Додека во АД ЕСМ кое воедно е и најголем работдавач ланската добивка изнесувала 27 милиони евра а во компанијата се свртела сума од 223 милиони евра.

Македонски Телеком лани имал добивка од 25 милиони евра, приходите изнесувале 172 милиони евра.

Кинеската компанија Синехидро, односно нејзината подружница во Скопје, која работи на изградбата на автопатите во земјава и која изминатите неколку години е постојано во фокусот на јавноста и меѓусебните обвинувања на политичките партии за тоа дали со тоа што е избрано преку оваа компанија со кинески кредити да се градат автопатите Штип-Миладиновци и Кичево –Охрид земјава плаќа скапа цена за нивна изградба. Во судот се води и случај под името „Траекторија“ а кој го отвори СЈО за поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот министер Миле Јанакиески, додека за екс премиерот Никола Груевски делото за овој случај застари. Штип-Миладиновци е изграден а со неколку анекси за кои сегашната влада предводена од СДСМ е остро критикувана од опозицијата, продолжува изградбата на автопатот Кичево –Охрид и најавите се дека истиот ќе биде изгтаден до 2012 година а дел од автопатот ќе биде пуштен во употреба догодина, односно првите 30 километри од Охрид до Врбјани. Вадата при тоа се правда дека разликата меѓу тогашниот договор со кинезите и сегашниот потпишан анекс на договорот е тоа што сега цените се намалени за три пати.

Во оваа кинеска компанија лани добивката била 22 милиони евра, работеле 230 луѓе а се свртеле 105 милиони евра.

ЕВН Македонија – АД за снабдување со електрична енергија вработува 233 луѓе а ланската добивка изнесувала 17 милиони евра додека во компанијата се свртела сума од 369 милиони евра. Пред стартот на зимата во фокусот на јавноста се најде и ЕВН откако неколку дена голем дел од метрополата во неколку наврати остана без струја по што следуваат обвинувања за тоа каде е вината а иако ЕВН ја префрли на државната компанија МЕПСО, оттаму следувше остра реакција дека кај нив нема одговорност за тоа што граѓаните се оставени без струја.

Цементарница Усје со 267 вработени минатата година направила добивка од 17 милиони евра а нејзините приходи биле 74 милиони евра.

Пивара Скопје со 333 вработени лани имала добивка од 15 милиони евра а приходите во компанијата изнесувале 68 милиони евра.

Каменимост комуникации со нула вработени за кои Аналитика веќе пишуваше а текстот може да се прочита тука, лани имала добивка од 14 милиони евра а приближно толку изнесувале и приходите во компанијата.

Околу 13,7 милиони евра е и добивката на Алкалоид, каде се вработени 1.484 луѓе и пирходи во износ од 128 милиони евра.

Во Макпетрол каде минатогодишната добивка изнесувала 12 милиони евра работеле 1.779 луѓе а приходите изнесувале 357 милиони евра.

Ланската добивка на Ван Хоол изнесувала 12 милиони евра а работеле 1.030 луѓе додека во компанијата се свртеле 179 милиони евра.

Потоа во А1 Македонија лани имало добивка од 11 милиони евра, работеле 779 луѓе а се свртела сума од 126 милиони евра.

Во Веропулос лани направиле добивка од 9 милиони евра, работеле 1.043 луѓе а приходите на компанијата биле 81 милиони евра.

Компанијата Солушн центар со 135 вработени имала добивка од 8,3 милиони евра а во Државната видеолотарија каде лани имало 19 вработени имало добивка од 7,2 милиони евра.

Градежната компанија ЗСФ – КОМ на бизнисменот Фатмир Етеми, каде лани имало 21 вработен направила добивка од 7 милиони евра а се свртела сума од 21 милиони евра. Етеми последната година беше во центарот на вниманието откако реши да гради зграда скопската населба во Аеродром кај Мајчин дом на што граѓаните реагираа, но објектот е гради. Етеми влезе и во сопственичката структура на Скопски пазар.

Добивката на МЕПСО е нешто над 6 милиони евра за минатата година а вработува 585 луѓе.

И компанијата на Орце Камчев, Орка Холдинг минатата година имала добивка од 6 милиони евра а вработувала 21 лице. Орце Камчев последниите две години е на удар на јавноста откако прво беше приведен во случајот на СЈО познат како „Империја“, но потоа следуваше пресврт со што Камчев се прикажа како „жртва“, бидејќи бил рекетиран токму од оние кои требаше да го гонат, односно од специјалната обвинителка Катица Јанева, која соработувала со Бојан Јовановски и Зоран Милевски за што веќе во судот се води постапка за овој случај познат како „Рекет“.

Кои се компаниите со најголеми приходи во Скопје?

Дефинитивно во Скопје најголемите приходи ги има странскиот инвеститор Џонсон мети каде лани се свртела сума од 1,7 милијарди евра. Компанијата е лоцирана во индустриската зона во Бунарџик.

Првата фабрика во зоната Бунарџик Џонсон Мети ја отворена пред девет години и се произведуваат катализатори за контрола на издувни гасови за автомобили, наменети за извоз, а пред шест години отвора уште една фабрика и е најголем извозник од Македонија. Лани во оваа компанија работеле 882 луѓе.

Окта, Евн Македонија, Макпетрол, ЕСМ, ТЕ-ТО, Ван хоол, Македоснки телеком, Алкалоид, А1 Македонија, ЈП за државни патишта, Синехидро и МЕПСО се на листата на компании кои се најголеми одноно имаат најголеми приходи во текот на минатата година.

Уште една компанија која е од енрегетскиот сектор а каде има најголеми приходи е ГЕН –И каде се свртела сума од 147 милиони евра а вработени се двајца луѓе. Добивката во оваа компанија е 347 илјади евра.

Тука се и Кам маркетите со 849 вработени. Компанијата е во минус но лани се свртела сума од 130 милиони евра. Слична сума, односно 114 милиони евра се свртеле во Лукоил со 425 вработени и добивка од 3,5 милиони евра.

Во Макстил и Арцелормиттал се свртеле по околу 100 милиони евра. Арцелормиттал вработува 457 луѓе и нема добивка а Макстил минатата година вработува907 луѓе и има добивка од околу 70 илјади евра.

Анализа на податоци: Таргет Груп

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!