fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Кои компании се “добитници“ на најголемите државни тендери?

Кои компании се “добитници“ на најголемите државни тендери?

Телекомуникациските компании, фирмите од нафтениот бизнис и енергетиката и медицинско-фармацевтските компании го делат „најтешкиот“ државен тендерски колач. Компании кои се водечки според бројот на добиени тендери не значи дека се во водство и според вредноста на тендерот и обратно, компанија со помал број на добиени тендери е високо котирана според вредноста на добиената зделка со државата. „Таргет Груп“ ги рангира Топ 10 те компании во земјава кои се водечки и според вредноста на договорот но и според бројот на добиени тендери.

Компании со најголем број на склучени тендери …

На прво место според бројот на добиени тендери во 2019 та година е друштвото за промет и услуги “БИОТЕК“ – ДОО експорт-импорт Скопје со вкупно 306 склучени договори со државата. Се работи за средна компанија која се занимава со лабораториски истражувања и анализи со седиште во Скопје. Вкупната вредност на тендерските зделки изнесува 7,1 милион евра.

Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги „Д-Р ПАНОВСКИ“ од Скопје со 266 склчени тендери е на второ место, а вредноста на договорената услуга е 19,1 милион евра. И оваа фирма е од медицинско-фармацевтскиот бизнис.

На трето место според борјот на склучени тендери во 2019 та е друштвото за промет и услуги „АЛКАЛОИД КОНС“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје со 236 склучени договори во вкупен износ од 23,6 милиони евра.

Скопски „МАКПЕТРОЛ“ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати е на четврто место со добиени 209 државни тендери вредни 10,6 милиони евра.

Топ 10 по број на склучени тендери за 2019

НазивГолеминаВкупен број на склучени тендериВкупен износ на склучени тендери
БИОТЕК ДООсреден 306438,976,344
Д-Р ПАНОВСКИ АДголем2661,177,939,661
АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ среден 236145,3205,775
МАКПЕТРОЛ Акционерско друштвоголем209653,880,855
МАКЕДОНИЈАЛЕКМАКЕДОНИЈАЛЕК ДООголем2091,211,220,140
ПУЦКО ПЕТРОЛ увоз-извоз ДООЕголем186927,396,448
АВИЦЕНА ДОголем174526,799,888
ПРОМЕДИКА ДООЕЛголем 154443,823,875
А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛголем151217,704,971
Македонски Телеком Акционерско друштвголем 140246,954,133
Македонски Телеком Акционерско друштвоголем140 217,704,971

На петто место со 186 склучени државни тендери е уште една комапнија од нафтениот бизнис – друштвото за производство, трговија и услуги „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ увоз-извоз ДООЕЛ с.Пласница Пласница а вредноста на договорената зделка е 15,1 милион евра

Според бројот на добиени зделки од државата на листата Топ 10 се и : друштвото за промет и услуги “АВИЦЕНА “ДОО експорт-импорт од Скопје со 174 тендери, уште една фарамацевтска компанија е во оваа група – друштво за трговија, производство и услуги “ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ од Скопје со добиени 154 тендери, следува друштво за комуникациски услуги “А1 МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Скопје со 151 тендер во календарската 2019 та, на деветто место со 148 тендери е друштво за промет “МАКЕДОНИЈАЛЕК“ ДОО од Скопје и на десетто место со 140 договорени државни зделки е “Македонски Телеком“ – Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје.

Не секогаш компаниите кои склчиле најмногу државни зделки добиваат и најголемо парче од “државниот колач“. Според податоците на “Тарегет груп’ ова се компаниите кои се водечки според износнот на поединечниот тендер што го добиле од државата:

Според бројот на добиени зделки од државата на листата Топ 10 се наоѓаат, Друштвото за промет и услуги „АВИЦЕНА“ ДОО експорт-импорт од Скопје со 174 тендери, уште една фарамацевтска компанија е во оваа група – друштво за трговија, производство и услуги „ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ од Скопје со добиени 154 тендери, следува друштво за комуникациски услуги „А1 МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Скопје со 151 тендер во календарската 2019 та, на деветто место со 148 тендери е друштво за промет „МАКЕДОНИЈАЛЕК“ ДОО од Скопје и на десетто место со 140 договорени државни зделки е „Македонски Телеком“ – Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје.

Компании со “највредни“ тендери ….

Не секогаш компаниите кои склучиле најмногу државни зделки добиваат и најголемо парче од „државниот колач“. Според податоците на „Таргет Груп“ ова се компаниите кои се водечки според износот на поединечниот тендер што го добиле од државата:

На прво место со 21,6 милиони евра износ на тендер е друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД-Скопје со добиен само еден тендер. Еден тендер во износ од 12,6 милиони евра склучила градежната фирма „ПЕЛИСТЕР“ Битола ДОО со што таа се наоѓа на второто место. Зад неа на трето место друштвото за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“ ДОО експорт-импорт Скопје со добиени седум тендери со поедничен износ на тендер во висина од 11,6 милиони евра. На четврто место со склучени 121 државен тендер со износ на тендер е 9,5 милиони евра е друштво за трговија, производство и услуги „ФЕНИКС ФАРМА“ ДООЕЛ Скопје а на петто место со пет склучени тендери во износ на поединечен од 9,4 милиони евра е компанијата „Окта“.

Останатите фирми кои се водечки според износот на поединчениот тендер се: Трговското друштво за производство проектирање и инженеринг „ВАРДАРГРАДБА“ ДОО с.Трубарево – Скопје со износ на тендер од 8,5 милиони евра, друштво за изградба и одржување на топлотехнички постројки,трговија и услуги ВАТРОСТАЛНА Михајло и останати со тендер во износ од 6,8 милиони евра, АД за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги Д-Р ПАНОВСКИ Скопје со поединечен тендер во висина од 6,6 милиони евра но со склучени 266 државни зделки и Македонски Телеком – АД за електронски комуникации – Скопје со добиени 140 државни зделки при износ на тендер од 5,7 милиони евра.

Топ 10 по износ на тендер за 2019

НазивНазивИзнос на тендерВкупен број на склучени тендери
ТЕ-ТО АДголем 1,330,278,474 1
ПЕЛИСТЕР Битола ДООголем 776,440,000 1
НИКОБ ДООголем 714,108,529 7
ФЕНИКС ФАРМА ДООЕЛголем 586,219,305 121
ОКТА Рафинерија АДголем 580,833,333 5
ВАРДАРГРАДБА ДООсреден 520,993,600 10
ВАТРОСТАЛНА ДООмал 421,260,000 2
Д-Р ПАНОВСКИ АД Скопјеголем 407,730,942 266
Македонски Телеком АДголем 354,000,000 140

Анализа на податоци: “Таргет-груп“

Новинарска обработка: Д.А

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!