fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Кои компании се најголеми плаќачи на даноци на плата?

Кои компании се најголеми плаќачи на даноци на плата?

Државни фирми и јавни претпријатија како и приватни извозно ориентирани компании со голем број на вработени – сите класифицирани како „големи“ фирми – ова е профилот на компаниите од листата „Топ 10“ според износот на трошокот за данок на плата и надоместоци на плата. Сумите што се одвојуваат по овој основ се бројат во милиони евра. „Таргет-груп“ ги рангира фирмите – најголеми плаќачи на даноци на плата кои годишно остваруваат приход повисок од 250 000 евра, со опфат на првите 100 компании според овој критериум a податоците се однесуваат за 2018 година.

Сектори со најголем трошок за данок на плата….

Стоте компании со приход повисок од 250 000 евра на годишно ниво генерираат вкупен трошок по основ на даноци на плата и надоместоци на плата во износ од скоро 46 милиони евра.

Големите компании имаат и најголем трошок по основ на даноци на плата и надоместоци на плата. Висината на годишниот трошок на вкупно 79 големи фирми рангирани во првите 100, изнесува 40,1 милион евра.

Според износот што го плаќаат за даноци на плата, следуваат средните фирми. Оваа група ја сочинуваат 19 компании со вкупен трошок на годишно ниво од 5,2 милиони евра. Зад нив се 2 мали компании со годишен приход повисок од 250 000 евра и годишна издашност за даноци на плата од 534 400 евра.

Анализирано по сектори, највисок износ на даноци на плата плаќа автомобилската индустрија. Конкретно во дејноста производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила на годишно ниво вкупно 5 компании плаќаат скоро 5 милиони евра, со трошок за даноци на плата во износ од 4,8 милиони евра е секторот на производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија од каде доаѓаат 4 компании а на трето место со трошковен износ од 2,4 милиони евра се 3 фирми од градежништвото кои конкретно се занимаваат со изградба на патишта и железници. На четврто место со годишен трошок за даноци на плата во висина од 2,1 милион евра се вкупно 6 компании од секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности а петтто место е резервирано за придружните дејности во превозот каде 4 компании со приход повисок од 250 000 евра исплаќаат вкупно 1,7 милиони евра на име трошоци за даноци на плата и надместоци на плата.

Останатите дејности каде фирмите остваруваат годишен приход поголем од 250 000 евра, фактурираат трошок по основ на даноци на плата понизок од 1,6 милиони евра а тука спаѓаат патнички копнен транспорт, дејности на безжични телекомуникации, производство на фармацевтски препарати, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун и друго.

Топ 10 фирми со највисок трошок за даноци на плата …

На прво место со платен данок на плата и надоместоци на плата од 3,21 милиони евра е државната компанија ЕСМ.

Странската компанија за производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ Македонија ДООЕЛ увоз-извоз од Кавадарци е на второ место, со годишен трошок од 1,9 милиони евра по основ на даноци на плата.

На трето место со вкупен трошок за даноци на плата во износ од 1,8 милиони евра е уште една странска компанија која доаѓа од автомобилската индустрија – битолски КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ Македонија ДООЕЛ.

Според висината на трошоците по основ на даноци на плата, на високото четврто место е Јавно сообраќајно претпријатие – СКОПЈЕ. На годишно ниво ЈСП за да ги плати давачките за плата на вработените одвојува скоро 1,4 милиони евра.

На петто место со трошок за даноци на плата во висина од 1,3 милиони евра е компанијата “ ФАКОМ АД – Скопје“ за производство на метални конструкции.

Останатите пет компании од листата Топ 10 според висината на трошокот за даноци на плата, на годишно ниво плаќаат износ помал од 1,2 милиони евра и тука спаѓаат: АЛКАЛОИД АД Скопје, клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје, ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ, АД Водостопанство на Република Македонија и ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

Анализа на податоци „Таргет-груп“

Обработка: А.Д

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!