fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Кои компании се најголеми плаќачи на данок на добивка?

Кои компании се најголеми плаќачи на данок на добивка?

Секторот на енергетика, автомобилската индустрија, телекомуникациите, градежништвото во делот на изградба на патна инфраструктура но и изградба на станбени објекти – ова се водечките дејности кои на годишно ниво на име на државата уплаќаат највисоки износи по основ на данок на добивка. Во ова продолжение „Таргет Груп“ ги рангира компаниите, со годишен приход повисок од 244 000 евра, кои се водечки според висината на трошокот по основ на данок на добивка и кои се однесува за 2018 година.

Сектори со висока профитабилност – колку плаќаат на име данок на добивка?

Во 2018 година вкупно 100 компании во земјава кои остваруваат приход поголем од 244 000 евра на годишно ниво, вкупно плаќаат 82 000 000 евра на име – данок на добивка. Според податоците, дури 90% од овој износ го уплаќаат „големите фирми“. Конкретно, вкупно 70 големи компании на име данок на добивка во една календарска година по овој основ плаќаат 73,7 милиони евра. Со уплатен износ од 7,4 милиони евра се 26 средни фирми. На третото место според трошковниот износ за данок на добивка се три мали компании кои на име данок на добивка платиле скоро 600 000 евра а на четврто место е една микро фирма со уплатен данок на добивка во износ од 169 000 евра.

Според економската дејност, највисоки износи на данок на добивка плаќаат високо профиталбилните сектори како енергетиката, телекомуникациите, автомобилската индустрија, рударството, градежништвото.

Највисок данок на добивка во износ од 22,3 милиони евра на име на државата уплаќаат шест фирми од секторот производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, на второ место со уплатен износ од 11,7 милиони евра се вкупно четири фирми кои доаѓаат од автомобилската индустрија – конкретно производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила, на трето место со трошок по основ на данок на добивка е секторот вадење на руди на обоени метали со износ од 7,7 милиони евра кои го прокнижуваат три компании. Од дејностите на безжични телекомуникации три компании на годишно ниво прикажуваат вкупен данок на добивка во износ од 5,3 милиони евра и овој сектор е рангиран на четврто место а на петто место со годишен данок на добивка од 2,7 милиони евра е една компанија од секторот изградба на патишта и железници.

Останатите дејности и сектори прикажуваат данок на добивка понизок од 2,4 милиони евра и тука спаѓаат: производство на пијалаци, дејности на коцкање и обложување, секторот вадење на камен, песок и глина, градежништвото, конкретно изградба на станбени и нестанбени згради и трговија на мало во неспецијализирани продавници. Останатите дејности кои опфаќаат 62 компании на годишно ниво плаќаат данок на добивка во износ од 21 милион евра.

Топ 10 фирми со највисок трошок за данок на добивка во 2018 година

Компанијата која беше водечка според остварена добивка, но и според износ на добиен државен тендер е прва на листата и според износот на данок на добивка – скопски Те-То. На име на оваа фирма за производство, пренос и дистрибуција на електрична и топлинска енергија пресметан е данок на добивка во износ од 14,4 милиони евра.

На второ место со данок на добивка од 10,6 милиони евра е странската фирма за производство, трговија и услуги ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ Скопје од секторот производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила, фирма која е меѓу водечките според бројот на вработени и според износот на трошоци по основ на плати за вработените.

Рудник САСА ДООЕЛ од Македонска Каменица со данок на добивка има 5,5 милиони евра е на трето место.

Македонски Телеком – акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје на име на данок на добивка ми е пресметан износ од 3,6 милиони евра со што е рангиран на четвртото место.

На петто место со данок на добивка во висина од 3,5 милиони евра е ЕВН Македонија, акционерско друштво за снабдување со електрична енергија, Скопје.

Останатите пет компании од листата Топ 10 според данок на довика, на годишно ниво имаат имаат износ понисзок од 2,4 милиони евра и тие се : кинеската СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – Подружница Скопје, државното АД за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ на Северна Македонија – Скопје, АД за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ од Прилеп, рудникот БУЧИМ ДОО од Радовиш и скопска ПИВАРА – трговско друштво за пиво, слад, оцет, алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Анализа на податоци „Таргет Груп“

Новинарска обработка: А.Д

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!