fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Кој профитираше најмногу во ИТ секторот минатата година?

Кој профитираше најмногу во ИТ секторот минатата година?

Петте најпрофитабилни ИТ компании

ИТ индустријата во Македонија константно е во раст сите изминати години. Младите се повеќе се насочуваат кон оваа област, постарите се преквалификуваат, странски компании отвораат свои претставништва на ИТ компании во нашата земја. Во морето на успешни домашни и странски компании во ИТ секторот ги аналзираме петте кои оствариле најголемa добивка минатата година.

На прво место по профит се најде Сивус со 216.5 милиони денари во минатата година, на второ Интерворкс со 104.1 милиони денари, следуваат Некст сенс со 39.1 милиони денари, И-продуктс со 35.3 милиони денари и Ендава со 35.2 милиони денари. Во вкупен износ профитот на овие пет компании е околу 430 милиони денари или околу 7 милиони евра. Интересно е што првиот по профит Сивус има дупло поголем профит од второ рангираниот Интерворкс, и вкупен профит речиси еднаков на збирот од останатите четири заедно.

Заедичко за овие компании е што сите имаат зголемување на вкупните приходи, расходи и добивка во споредба со 2017 годинаа. Најмногу пораснале приходите на треторангираниот по профит Некстсенс за 58.5%, а најмал раст има на приход од 24% има прворангираниот по профит Сивус. Од останатите Интерворкс е со раст од 54%, Ендава со 48%, И-продктс со 38%. Најголем раст на расходи има И-продуктс со речиси 70%, следуваат Некст сенс со 58%, Ендава со 43.4%, Интерворкс со 30.4% и Сивус со најмал раст на расходи од 25% што е еден параметар кој многу влијае за профитабилноста на една компанија а во случајот најпрофитабилна во ИТ индустријата во Македонија.

Растот на добивка во споредба со 2017 година е посебно интерес имајќи го во предвид рангирањето на првите пет по профит. Најголем раст на профит има Ендава со раст од 105.2 или дупло го зголемиле профитот кој бил околу 17 милиони во 2017 година. Интерворкс имал раст на добивка од 91% во 2018 година што е речиси дупло од профитот во 2017 година кој изнесувал 54.5 милиони. Некст сенс имал раст на профит од 61.5% во споредба со 2017 година, Сивус 37% и И-продуктс со 16%.

ИТ компанијаПриходи 2018 (милиони денари)Расходи 2018 (милиони денари)Добивка 2018 (милиони денари)
Сивус1.209.5984.7216.5
Интерворкс239.8123.7104.1
Некстсенс459.9416.339.1
И-продуктс75.135.835.3
Ендава405.1364.235.2

Заклучок

Анализата на најпрофитабилните пет компании по расходи, приходи и добивка води кон неколку заклучоци. Прво, најпрофитабилните пет компании во ИТ секторот бележат стапки на раст кои кореспондираат со светските трендов на раст на компаниите од овој бизнис. Второ, се работи за компании и во блиска иднина може да се очекува дека ќе бележат стапки на раст на профит, кои можеби ќе бидат со помал интензитет на раст во зависност колку години функционира компанијата, колку е иновативна и во која фаза на развој се наоѓа. Трето, самиот факт дека се работи за најбрзорастечка индустрија ќе допиринесе и во иднина отворање на нови компании кои ќе се потенцијална конкуренција на постоечките ИТ компании. Четврто, горенаведените бројки кои говорат за поголеми стапки на раст на профит како кај Ендава (петто место по добивка) и Интервокс (второ место по добивка) можат да бидат показател дека наредните години ќе има ротирања во првите позиции на најпрофитабилните пет или десет компании во ИТ индустријата. Сепак, иднината е многу динамична и непредвидлива, посебно во ИТ индустрија и бројките најдобро ќе ни ја раскажат приказната и наредната година.

Подготвила, Марта Куковска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!