Иако има
значителна разлика во дејноста, како
градежни фирми, „Гранит“
и „Цементарница УСЈЕ АД“ овојпат се
цел на компарација на Аналитика. Како
што е познато, „ Цементарница УСЈЕ АД
“ се занимава со производство на цемент,
а „Гранит“ со изградба на патишта и
автопати. И двете претпријатија играат
значајна улога во создавањето на бруто
домашниот производ, активно се вклучени
во инфраструктурната изградба на
Македонија, а работат и надвор од земјата
(особено „Гранит“).

„Цементарница
УСЈЕ АД“ се најде на деветото место по
вкупна добивка на листата на најдобри
фирми направена од Аналитика. „Гранит“
пак, е подолу на оваа листа. Што велат
бројките за новонастанатата ситуација?

Гранит во
изминатите 2 години, 2017 и 2018 бележи пад
на вкупните приходи, а следствено и на
расходите, како и на бруто и нето
добивката. Така, вкупните приходи
во 2017 година изнесувале 4.694.454.968
денари, а следната 2018 тие изнесуваат
3.986.221.636
денари, или пад за цели 15,1%. Вкупната
нето добивка од 218.904.651
денари, паднала на 155.756.690
денари во 2018 година, која изразена во
проценти изнесува 28,8%.

За
разлика од неа, „Цементарница УСЈЕ АД“
во 2018 имала вкупен профит од 4,611,800,373
денари, што е раст за 0,33%. Очигледно е
дека оваа градежна компанија со право
ќе ја земе лидерската позиција на
„Гранит“ од пред некоја година.

Но, значителна
разлика имаме во бројот на вработени.
Компанијата „Гранит“ брои 2080 вработени
и е со 74,883 денари профит
по вработен, а „Цементарница
УСЈЕ АД“ со 267 има 3,927,153
денари профит по вработен.
Ова значи дека покрај тоа што разликата
во вкупниот профит е 625 милиони денари,
бројот на вработени и влијае на профитот
по вработен. Ова го потврдуваме со фактот
дека, дури и да го задржел профитот од
2017 година „Гранит“ не би имал поголем
профит по вработен од „Цементарница
УСЈЕ АД“. Истиот би изнесувал приближно
105.242 денари.

Од друга
страна пак, „Гранит“ располага со
поголем капитал и тоа за 14,7%.

Што друго е карактеристично за овие градежни компании?

Кога станува
збор за бизнис, секогаш на прво место
главна улога играат бројките и тоа оние
кои се однесуваат на вкупните финансии,
на пад или раст на приходите и слично,
или како што веќе наведовме погоре. Но,
понекогаш добро е да се погледне и од
еден друг агол кога станува збор за
вакви огромни компании. Вреди да се
спомене дека „Цементарница УСЈЕ АД“
ги следи разните влијанија врз средината,
како емисиите во воздухот (прашина, SO2,
NOx), бучавата,
можните ефекти врз биодиверзитетот,
потрошувачката на електрична енергија
итн. Како што е објавено на нивната
интернет страна, во 2003 и
2005 година „Цементарница УСЈЕ АД“ ги
добива меѓународните сертификати, за
квалитетот на нејзините производствени
процеси и нејзиното дејствување во
Животната Средина, Систем за Квалитет
ИСО 9001:2000 и Систем за управување со
Животната Средина ИСО 14001:2004. „Гранит“
пак, можат да се пофалат со поунапредени
сертификати. Така, компанијата
успешно го комплетира процесот на
сертификација за стандардот BS
OHSAS 19001:2007 – Окупационо
Здравстен и Безбедносен Советодавен
Систем, ISO 14001:2004 – Менаџмент
Систем на Животната Средина и ISO9001:2008
– Менаџмент Систем на Квалитет.

Секако не може да се гарантира дека една компанија ќе го задржи приматот во одредена индустрија подолго време. Така, иако овојпат „Цементарница УСЈЕ АД“ се најде на врвот, а „Гранит“ бележи пад на профитот во последните години, не е невозможно тоа да се промени идната година. Освен тоа, игра улога фактот дека едните произведуваат, а другите градат. Профитот зависи од потребите во градежништвото воопшто како на домашен терен, така и во странство, односно на териториите каде што се присутни компаниите.

Подготвила, Марта Димитров

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде