fbpx
Почетна ТЕРМИНОЛОГИЈА Која е разликата помеѓу “Задоволство на вработените” и “Вклученост на вработените”?

Која е разликата помеѓу “Задоволство на вработените” и “Вклученост на вработените”?

Изработено од: Ирена Хорват, Аналитичар во Инсајдер ИД

Забележливо е дека работното место во последната декада значајно се менува до степенот да вработените на своите работни места прават дејствија кои до пред некое време би било сосема неразбирливо и чудно да се практикуваат во текот на работното време. Компаниите се почесто да организираат разни забавни активности за вработените како, правење специјална храна која им е омилена на вработените како поединци, играње разновидни друштвени игри и спортови, организирани излегувања, платени концерти и многу други активности се со една заедничка цел, вработените да се чувствуваат исполнето и среќно додека се на работа. Сето ова се добро обмислени стратегии за зголемување на задоволството на вработените, поврзување со компанијата и зголемување на ефективноста и ефикасноста на работното место.

Што всушност значи терминот “Задоволство на вработени”?

Што всушност значи терминот “Задоволство на вработени”? До кој степен компанијата и работното место ги пресретнува очекувањата и желбите на вработениот за себе-исполнување и себе-реализација. Задоволниот вработен не е само лице кое успешно е задржано на одреденото работно место туку е целосно посветен амбасадор на брендот кој го застапува како интерно така и надвор од своето работно место и време. Мотивираните и задоволни вработени се најважниот дел на секоја компанија компанијата и идеологиите кои ги застапува, би отстапиле од шаблонот за да постигнат повисока цел , горди се на својата работа и своите достигнувања како и на своите колеги и тимот со кој работат.

Некои од главните фактори кои придонесуваат до задоволството на вработените се вработениот да се третира со почит, да се обезбедува редовна и доволна плата, да се препознава работата која вработениот ја завршува, да се обезбедени бенефити и компензации кои одговараат за индустријата во која е вработен/а, да се организираат разни активности во и вон работната организација како и пријатни и исправни менаџерски способности , задачи и очекувања од самиот вработен.

Со сето ова кажано навидум изгледа дека доколку кај вработените има високо ниво на задоволство кон работата, од нив се очекува дека мора да ги завршуваат работните обврски и задачи на оној начин на кој што самиот работодавец решил и обмислил дека е потребно. Во спротивно доколку вработените не ги завршуваат потребните обврски и задачи сите активности кои работодавецот ги замислил со цел да се зголеми задоволството кај вработените е контрапродуктивно и на некој начин само прави штета на самиот бизнис. Па така, од тука можеме да заклучиме дека задоволството на вработените колку што може да биде позитивна алатка, доколку се тестира сама по себе и истата не е контролирана, може да почне да претставува проблем, кога просечни вработени кои не се толку посветени на самата компанија остануваат да работат во истата бидејќи се среќни и задоволни со работната атмосфера која ја нуди.

Имајќи ги во предвид сите бенефити кои се придобиваат со задоволството на вработените, мора да има начин да се разграничи реалното задоволство на посветените вработени и задоволството на оние кои сакаат да се “провлечат” во мнозинството и да ги уживаат активностите кои ги нуди компанијата без нивни реални придонеси и чувство за припадност во истата. Искусните истражувачи секогаш покрај истражувањето за ниво на задоволство на вработените во компанијата секогаш ја тестираат и инволвираноста на вработените во реалните и главните работни цели на компанијата. Тоа се постигнува со испитување на терминот “Employee engagement”.

Што претставува терминот “Employee engagement” ?

Во буквална смисла односно буквален превод терминот “Employee engagement” означува ангажираност односно инволвираност на вработените. Нивото на ангажираност на вработените ја означува емоционалната поврзаност и посветеност кон организацијата и истата може да се измери преку потсвесниот (или свесниот) труд кон остварување на целите на компанијата. “Employee engagement” значи да вработениот своеволно прави планови како да се подобри во својата работа, размислува однапред што ќе изработи во текот на денот, има идеи како да изработи нешто како што треба со цел да помогне на задачата и целта која му е доделена. Инволвираноста на вработените се мери на тој начин на кој се дознава до кој степен вработениот ја разбира и знае својата улога во организацијата, и колку истиот работи со љубов и посветеност во самата компанија. Посветениот вработен не секогаш ги извршува задачите само затоа што мора да ги заврши, туку се чувствува исполнето и одговорно кога ќе го заврши она кое му е зададено.

Како ставка во разгледувањето на однесувањето на вработените кон работата, која не треба да се изостави е и самата мотивација на вработените да работат и да бидат продуктивни. Мотивацијата на вработените го претставува нивото на енергија, посветеност и лична креативност која вработените ја нудат на својата работа. Мотивираните вработени се чувствуваат пријатно додека се на работа, сакаат да ги завршуваат задачите и имаат повеќе идеи кои можат да ги придонесат во својата компанија каде се вработени.

Кај голем број лица, често може да се случи да дојде до мешање на терминот на “Задоволство на вработени” и “Вклученост на вработените”. Иако овие термини се навидум и површински слични од огромна важност е да се знае разликата за да може успешно да се имплементираат како стратегија за подобрено функционирање на работната динамика во една компанија. Важноста на знаењето на разлика помеѓу самото задоволство од работата и посветеноста на истата е клучна во осознавањето на работната атмосфера на еден систем од вработени во одредена организација. Задоволството на вработените е една од најбитните алатки кои може да се дознаат и манипулираат со цел за поуспешен исход и финален производ, но само по себе не би можело да обезбеди онакви податоци кои би ја прикажувале вистинската слика.

Безбедно може да дојдеме до заклучок дека комбинацијата на високи нивоа на задоволство на вработените, високо ниво на нивната ангажираност како и високи нивоа на мотивација и даваат шанса и предност на компанијата да има зголемена продуктивност на вработените, повисоко мислење од сите клиенти и партнери, зголемена профитабилност како и целосно подобрено функционирање на самата фирма.

Со спроведувањето на тестирање на задоволството на вработените пред се на самите вработени ќе им даде чувство на грижа и заинтересираност од страна на авторитетите во самата компанија, вработените ќе добијат чувство дека самите работодавци не се грижат само за вработените цели туку и за добросостојбата и задоволството на нивните вработени, секогаш се спроведува анонимно со цел самите вработени да ги дадат своите најискрени и точни одговори, се дознава за многу сегменти од работењето за кои воопшто не се ни размислувало дека е проблем, се обезбедува помал обрт, компанијата ќе добие посреќни потрошувачи и ќе се заштедат средства кои ќе можат да бидат употребени за вистински и реални потреби во фирмата.

Со сето ова може да се забележи дека иако навидум “Задоволството на вработените” делува како нешто кое може да се измери и дознае многу лесно сепак е развиен систем на повеќе сегменти од доживувањето и функционирањето на вработените.


Инсајдер ИД изработува целосно персонализирани анализи за “Задоволство на вработените”. Во нашите анализи го дефинираме генералното задоволство кај вработените, организациските единици, инволвираноста во работата на вработените според релевантни и значајни параметри. За дополнителни детали околу анализите, тестовите како и останати истражувања може да не контактирате на info@insider.mk .

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!