fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Колкав е бројот на домашни и странски туристи низ годините?

Колкав е бројот на домашни и странски туристи низ годините?

Континуиран развој на туризмот и динамика на посетеност од страна на туристи е од големо значење за секоја држава поради неколку клучни фактори меѓу кои промоција на земјата и култура низ светот но и значајното позитивно влијание врз економската активност во државата. Покрај тоа што овозможува развој на многу сектори како угостителскиот и хотелиерски сектор, во крајна линија влијае врз зголемувањето на вработеноста и зголемени приливи врз девизната сметка на државата.

Според расположливите податоци од Биро за Статистика во врска со бројот на туристи во Македонија, последниот податок покажува дека заклучно Декември 2018 година во Македонија имало регистрирано 1 126 935 туристи и 3 176 808 ноќевања. Доколку се земе генерален просек тоа значи дека еден турист во просек престојува 2.8 ноќевања во Македонија.

Доколку сакате да дознаете од каде најмногу туристи ја посетуваат Македонија кликнете тука.

Доколку се направи споредба, изминатите години се забележани помал број на туристи и пораст на приливот од година во година, но покрај ова интересен е податокот дека иако во 2016 година Македонија ја посетиле најмал број на туристи, сепак бројот на поминати ноќевања во просек е највисок (споредбено 2016-18) односно е поголем од моменталниот просек од 2.8 ноќевања.

Кои се 3-те најпосетувани региони во Македонија изминативе години?

Трите најпривлечни и најпосетувани локации според туристите за изминативе години се Југозападниот, Скопскиот и Југоисточниот регион. Така што, Југозападниот регион е во тесно водство во однос на Скопскиот со помалку од 4% , односно овие два региони заедно привлекуваат 70% од вкупниот број на туристи на ниво на цела Република.

Значајно е тоа што Скопскиот Регион и Југозападниот Регион се два најпосетувани региони, но на ниво на цела држава процентот на раст на посетеност во 2017 година во однос на 2016 година е повисок отколку растот во 2017 година во споредба со 2018 година. Анализирано подетално по регион, најголем пад на растот се бележи во Скопскиот регион каде растот во 2017 година бил 24% а за 2018 година изнесува само 12%, а за сметка на тоа посетеноста на Полошкиот Регион има зголемување од 10% за 2017/18 година.

Кој месец е исполнет со најмногу туристи , години наназад?

Согласно расположливите податоци од Биро за Статистика кои ни укажуваат дека имаме тренд на раст на посетители од година во година , иако последнава година порастот е намален за 3% во споредба на порастот на туристи од 2016/17 година.

Интересно е тоа што изминативе неколку години делат ист месец (Август) со најголема посетеност што е сосема очекувано согласно пикот на летната сезона да се рефлектира токму во Југозападниот и Скопскиот Регион. Најпосетуван регион е Југозападниот Регион кој се издвојува со ист процент на посетеност низ годините како дел од вкупната посетеност на земјава во Август , без никаква процентуална промена изминативе години (околу 40%). Скопскиот Регион бележи пораст на посетеноста од 4% во месец Август анализирано за последниве три години.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!