fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата на фирми кои делат највисоки плати. Од друга страна, компании кои се рангирани високо според висината на платите не значи и дека котираат високо според трошоците за вработени. Голем „јаз“ во исплатениот износ на високите плати покажуваат компаниите што се таргет на анализата. Највисоката месечна плата од скоро 42 000 евра, најниската околу 900 евра – суми кои сепак се сметаат за исклучитено високи во однос на републичкиот просек.

Водечки фирми според бројот на вработени, висина на платите …

Охридската фирма „НО.МА.МЕТАЛ“ Дооел со исплатена плата по вработен во износ од дури 41 800 евра е на врвот од листата Топ 10 фирми со највисоки плати во преработувачката индустрија. Оваа компанија се занимава со производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и според големината е средна фирма.

На второ место со месечна нето плата од 3 315 евра е трговско друштво за производство трговија и инженеринг “ДОНИЛ ДООЕЛ“ од Скопје, компанија според големината е средна а се занимава со производство на машини и уреди.

Со месечна плата по вработен од 2 800 евра, штипската фирма “ЛАРС ДООЕЛ“ е на третото место. Се работи за компанија која е од групата на „средни фирми“ и се занимава со производство на прехранбени производи.

На четврто место со 1 500 евра месечна плата е скопското друштво за производство и завршни работи во градежништвото “ИСИГЛАС ДООЕЛ“ увоз-извоз Визбегово. Оваа фирма со високи плати е од групата на мали компании а се занимава со производство на други неметални минерални производи.

Со месечна плата по вработен од околу 1 000 евра фирмата „ВИНДООР ИНГ ДООЕЛ“ експорт-импорт од Гостивар за производство на производи од гума и производи од пластични маси се наоѓа на петтото место.

Во останатите пет фирми од ранг – листата, плата по вработен е пониска од 1000 евра а најниската плата од оваа ранг листа е во износ од 840 евра.

РангНазивПлата по вработен (месечно,во денари) - 2018
1НО.МА.МЕТАЛ ДООЕЛ2,573,071
2ДОНИЛ ДООЕЛ 203,885
3ЛАРС ДООЕЛ171,239
4ИСИГЛАС ДООЕЛ91,428
5 ВИНДООР ИНГ ДООЕЛ59,903
6Империал Тобако ТКС АД57,870
7УСЈЕ АД56,026
8НЕОКОМ АД55,661
9БОНУМ М ДОО 53,861
10ФЕРО - ПРОДУКТ ДОО51,471

На листата Топ 10 компании со најголем број на вработени се наоѓаат големи фирми кои не котираат високо според висината на платите, но се рангирани високо според вкупните трошоци за вработените.

Така, со 6 473 вработени на прво место е друштвото за производство, трговија и услуги „КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА“ – ДООЕЛ од Битола. Оваа фирма во странска сопственост, кој се вбројува и во една од најзначајните странски иневстиции кои апсорбираат голем број на вработени, се занимава со производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

На второ место со 5 991 вработен е уште една голем странски инвеститор, друштвото за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила „ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ“ – Македонија Дооел увоз-извоз од Кавадарци, исто така со дејност производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Штипската “АДИЕНТ СЕАТИНГ“ Дооел со 2 153 вработени е на трето место. Се работи за странска компанија која е од дејноста производство на текстил.

На четврто место со 1 631 вработен е друштвото за производство, трговија и услуги “ГЕНТЕРМ“ Северна Македонија дооел увоз-извоз од Прилеп. И ова аголема компанија е од сегментот на автомобилската индустрија – се занимава со производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

На петто место со 1 567 вработени е кочанската фирма – друштво за производство, трговија и услуги “АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ“ Македонија Дооел, уште една странска инвестиција , но оваа од областа на производство на компјутерски, електронски и оптички производи.

Останатите пет компании кои се дел од листата Топ 10 според бројот на вработени се и : АЛКАЛОИД АД Скопје, ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС од Кичево, АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ од Струмица, ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН од Тетово и ВАН ХООЛ од Илинден.

Останатите компании од оваа ранг листа имаат помалку од 1 500 вработени. Во последното продолжение на анализите посветени на состојбата во преработувачката индустрија, „Таргет Груп“ ќе ја објави листата на земји од каде доминира странскиот капитал во овој сектор, но ќе ја објави и ранг листата на фирми кои реализирале највисок износ на инвестиции во материјални средства и имаат нависоки трошоци за вработените.

Анализа на податоци: „Таргет Груп“

Новинарска обработка: Д.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!