fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Колку се функционални мерките против загадување на воздухот?

Колку се функционални мерките против загадување на воздухот?

Главните причинители за загадување на воздухот во трка со мерките за заштита на истиот

Загадувањето на воздухот е проблем со кој се соочуваат градските подрачја во Македонија и тоа особено дојде до израз во последните години. Причини за загадувањето има повеќе, а најважни се: патниот сообраќај (поради азотните оксиди, јаглеродниот моноксид, бензен и суспендираните честички, тешките метали и полицикличните ароматични јаглеводороди); индустријата и производството на енергија (термоелектраните, индустрискиот сектор за феролегури, и други индустрински капацитети), греењето во домаѓинствата и од друго како земјоделство, отпад и градежништво.

Како што е наведено во последниот извештај од министерството за животна средина и просторно планирање обjавен на нивната официјална веб страна, емисиите од патниот сообраќај зависат од типот и староста на возилата, изминатиот број километри на секоја група возила, како и квалитетот на горивата кои ги користат возилата. Исто така, како што е наведено во извештајот, самиот циклус на возење има влијание врз емисиите; возењето во градското подрачје со мала брзина вообичаено произведува повеќе емисии во споредба со мирно возење на автопат со константна брзина. Очекувано, како се зголемува староста на возилата, така се зголемуваат и емисиите, бидејќи катализаторот и другите системи за преработка на издувните гасови губат дел од ефикасноста, стои во извештајот.

Од регистрираните возила во 2015 година, според последниот десетгодишен извештај (2005 – 2015) за квалитет на воздухот на министерството за животна средина и просторно планирање приближно половина од патничките возила прпаѓале на класите со високи емисии Еуро 0 до Еуро 2, овој процент кај лесните товарни возила изнесува 32%, кај тешките товарни возила е 20%, а кај автобусите е поголем и изнесува 54% од вкупниот број регистрирани автобуси во 2015 година. Една од мерките која е воведена во однос на постарите возила, е забраната за увоз на Еуро 3, но со оглед на тоа дека на патиштата се’ уште има голем број на возила што се произведени пред 2005, на оваа мерка би и било потребно многу време за да ги истисне од употреба постарите возила. Сепак од 2015, од кога е и последниот извештај, очекувано е да има промени во бројките со забраната за увоз на Еуро 3 моторните возила. Но, кои се точните проценти до 2019 година сѐ уште не е познато.

Дополнително, во град Скопје има вкупно регистрирани 173,421 заклучно со 31.12.2018 година според Државниот завод за статистика. На овие им се придружуваат возилата кои на дневно ниво влегуваат и излегуваат од Скопје и тоа најмногу во општина Центар.

Што се однесува до PM честичките, тие се најопасна загадувачка супстанца, според горенаведениот извештај. Најголем извор на овие честички е греењето на домаќинствата, но и индустријата и сообраќајот. Висината на која се испуштат емисиите е ниска, речиси во зоната на дишење на човекот. Ако направиме споредба меѓу летните и зимските месеци на средната вредност на PМ честичките во централното градско подрачје на Скопје ќе забележиме огромна разлика. Така, бројот на PМ честичките во просек во декември 2018 изнесувал 102 PМ10, а во јануари 104.5 PМ10. Овие бројки во јуни, и август изнесувале 25.8 односно 34.6 PМ честички. Може да потврдиме дека оваа разлика најмногу се должи на паузата во грејната сезона со оглед на тоа дека индустрија и понатаму работи. Автомобилите како секојдневие во центарот на град Скопје, пак, во текот на целата година може да претпоставиме дека се виновни барем за половина, а ако не и повеќе од половина од просечните 30 ПМ честички во летниот период. Но, овде би можело да се претпостави дека и бројот на возилата е намален со оглед на фактот дека се користат летните одмори и викендите за да се отсуствува од градот. Дополнително значи, тоа би можело да биде уште еден фактор кој би влијаел за намалувањето на ПМ честичките.

Од една научно истражувачка студија на град Скопје, за тоа како се загреваат домаќинствата, од 71% домаќинства во урбана средина, со 29 во рурална, најголем број од домаќинствата, 50,8% немаат никаква изолација, а 42% имаат изолација помала од пропишата со закон. Тоа би можело да биде уште една причина заради која се зголемува потребата од греење, а со тоа и се зголемуваат емисиите во воздухот. Од друга страна речиси половина од домаќинствата се со ПВЦ прозорци и врати, а 85,4 од домаќинствата имаат застаклување кое е двојно, што како е позитивен фактор во однос на задржувањето на топлината во домовите. Просекот на работни часови на грејните тела е 13,5 часа во текот на грејната сезоона утврдено според горенаведената студија. Според студијата 21% од домовите се поврзани со централното греење, со електрична енергија 31%, течен гас 1%, и 47% со цврсто гориво, со најголем процент огнено дрво во печка на дрва што е е исто така фактор за загадувањето. Оваа студија е направена 2017 година.

До сега се стимулираа граѓани со субвенции за печки на пелети, но како инвестиција, и покрај субвенциите оваа опција во старт чини повеќе. Сепак, многу домаќинства успешно ги заменија старите шпорети или друг начин на греење со оваа поеколошка опција. Најновата мерка која се воведува е замена на печката на дрва за стопостотна субвенција за инвертер клима во договор со општината во која е домаќинството. Најмногу се очекува да се намали загадувањето со доаѓањето на гасот во секој град.

Што се однесува до воведувањето на мерки за избор на најсоодветно грејно тело кое ќе биде и воедно пристапно на цена, но и примарно, еколошко, на официјалната страница на МАНУ има објавено калкулатор за греење за избор на најсоодветно грејно тело.

Освен кај греењето, во зимските месеци кога ПМ честичките се на највисоко ниво, јавниот сообраќај е бесплатен за сите. Сепак, ова се случува кога границата на загаденост е огромна, а не секогаш кога е над дозволената граница. Некои општини имаат воведено пак, и мерка субвенции за велосипеди со цел да го стимулираат граѓaаните помалку да ги користат моторните возила.

Работењето на индустриските капацитети,пак се регулира со интегрирани еколошки дозволи кои ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање (досега се издадени 113 А-ИСКЗ дозволи).

Сепак, мерките кои се преземаат може да бидат функционални само ако истовремено се подигне и свеста на секој поединец. На пример, ако некој добил субвенции за велосипед, се очекува навистина да го користи како превозно средство. За тој чекор – подигнувањето на свеста, сепак е потребен подолг период. Во наша корист е да направиме сѐ што е возможно за да го забрзаме тој процес.

Подготвила, Марта Димитров

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!