Каде побрзо се доаѓа до сопствен дом – во Македонија или во другите европски земји?

Една од главните мисли на младите во Македонија, посебно на младите брачни парови е формирање на семејство во сопствен дом. Многумина од младите сметаат дека парите потрошени за кирија се “фрлени” пари и оние кои се кредитоспособни се одлучуваат за подигање станбен кредит и купување стан. Огромен број се одлучуваат да заминат во странство и таму да формираат семејство во надеж дека со заработената плата ќе можат солидно да живеат и што побрзо да имаат сопствен дом. Но, која е вистината? Каде побрзо се доаѓа до сопствен стан или куќа во Македонија или во некоја европска земја? Дали со една просечна плата во Македонија или просечна плата во некоја европска земја може да се заштеди или да се отплаќа рата од кредит? Каков удел имаат цените на станови кај нас и во странство? Одговорот на горенадеведените прашања не доближува до заклучот од анализата за тоа каде побрзо се доаѓа до соптвен дом во Македонија или во другите европски земји.

Во Лондон со две просечни плати не ви е доволен животниот век за да заштедите за сопствен дом

Според истражување направено на statista.com а објавено во септември, оваа година највисока просечна цена на објект за домување има Обединетото Кралство со просечна цена од 21179 евра за метар квадратен, следуваат Франција со 12796 евра за метар квадратен, Австрија 11 559, Шведска со 6991 евра за метар квадратен и слично приближно 7000 евра за метар квадратен се Холандија, Чешка, Финска и Италија. За споредба, според националните статитиски на земјите во Обидинетото Кралство просечна месечна плата е 2625 евра, во Франција 2250, во Австрија 2300, Шведска 2650 просечна месечна плата. Највисока просечна плата во Европска унија има Луксембург со 3500 евра, најниска има Бугарија од 475 евра, а просекот од земјите на ЕУ е просечна плата 1644 евра. Трошоците за живот (без кирија) кои ја даваат комплетната слика во горенаведените држави за едно четиричлено семејство за еден месец се следни: Обединето Краслство (Лондон) се 3280 евра (2832 фунти), во Франција (Париз) се 3212 евра, во Виена 2582 евра, во Шведска 3030 евра (32323 круни). Правејќи корелација на цените за живеалиште по метар квадратен со просечна плата на некои од наведените земји и животниот стандард се доаѓа до интересни заклучоци за времето потребно еден брачен пар да купи сопствен објект за домување.

Доколку сакате да дознаете кои се бенефитите од влезот во ЕУ и што се очекува од Македонија во идниа притиснете овде.

Колку време е потребно за млад брачен пар да поседува стан во Западна Европа?

Во Обединето кралство за да еден млад брачен да пар купи стан од 100 m2 кој вкупно ќе чини 2.117.900 евра, со две просечни плати на сопружниците од по 2625 евра месечно или вкупно 5250 евра и месечни трошоци од 3280 евра и 1970 евра месечна заштеда (5250-3280) би му требало 1075 месеци или околу 90 години. Со истиот начин на пресметка и за иста големина на стан од 100м2 четиричлено семејство ќе успее да купи во Париз за 82 години (993 месеци), во Виена за 48 години (573 месеци), во Стокхолм за нешто повеќе од 25 години (308 месеци).

Во Македонија за 19 години ќе заштедите за стан со две просечни плати, во Скопје за 27 години

Во Македонија просечна месечна плата според Државниот завод за статистика според последното мерење од август 2019 е 25 127 денари. Според истиот извор просечна цена на 1м2 станбена површина во 2018 изнесуваше 43 155 денари или 700 евра, додека пак минималната синдикална потрошувачката кошничка за месец септември според Сојузот на синдикати на република Македонија за септември 2019 е 32167 денари за четворочлено семејство. За да едно семејство купи сопствен дом од 100 м2 според просечна цена на стан му се потребни 70000 евра. Ако претпоставиме дека сопружниците месечно заработуваат по една просечна плата или вкупно околу 50000 денари, трошат минимално 32000 денари а останатите 18000 денари или околу 300 евра ги штедат ќе им треба 233 месеци или 19 години да заштедат за сопствен дом. Втората опција е со станбен кредит, за кој за учество ќе им треба околу 15% од износот или околу 10500 евра кои би ги заштедиле за помалку од 3 години. Меѓутоа ако земеме во предвид дека анализирајќи ги цените на градежните фирми просечната цена на станови во Скопје е околу 1000 евра, бројката на години потребни за да дојдете до сопствен стан или куќа се зголемува на 333 месеци или 27 години.

Заклучок

Анализата е правен со комбинација на три варијабли, цена на објект за домување, плата и животен стандард со употреба на просечни вредности. Бројките ја покажуваат едната страна на приказната, но поголем дел од случаите се надвор од просекот.Заклучокот од овие бројки е дека во останатите европски земји има подобар стандард на живеење, но со просечни плати побрзо се доаѓа во Македонија до сопствен дома. Фактите говорат дека во Македонија повеќето се одлучуваат за првата опција давајќи му предност на подобриот животен стандард во европските земји.

Подготвила, Марта Куковска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде