fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Колку заработуваат приватните болници во Македонија?

Колку заработуваат приватните болници во Македонија?

Приватното здравство во Македонија од пред неколку години е избор на многу пациенти во државата, но и од странство, па дури нескромно е ако се каже дека има одреден вид на здравствен туризам од пациенти во регионот кои се одлучуваат за некоја од приватните болници во Скопје. За тоа колку се успешни приватните болници во овој бизнис ќе покаже анализата на трите приватни болници од Скопје, Ре-Медика, Клиничка болница Жан Митрев Скопје и Клиничка болница Аџибадем Систина Скопје од аспект на брзината на нивното развивање, иновативноста, квалитот, професионалноста и финансиските индикатори кои се доказ за успешноста.

Ре-Медика Скопје

Првата приватна општа болница, основана на 7 април 2005 година и притоа е првата општата болница која ги има добиен и ги одржува сертификатите за квалитет ИСО 9001-2008, подоцна ИСО 9001-2015 и сертификатот за управување со животна средина согласно ИСО 14001-2015. За иновативноста на Ремидика говорат следните интересни факти: Во Ремедика е родено првото дете во Република Македонија од смрзната јајце клетка, Ремедика е првата болница која применува стеротаксична биопсија, Ремедика го формира Центарот за едукација на родилки со успешност 98%. За професионалноста и квалитетот говори прогласувањето за национален шампион за 2013/2014 од страна на Евроспка бизнис комисија. За успехот на Ремедика говорат финансиските индикатори за профитабилност а тоа се вкупните приходи кои за 2018 се околу 490 милиони и се зголемување за нешто повеќе од 6% во однос на 460те милиони во 2017. Вкупната добивка за 2018 е 59 милиони што е за дури 29% во однос на 46те милиони денари во 2017 година. Во однос на просечниот број на вработени во 2014 и 2015 има ист број на вработени – 204 вработени, 206 во 2016, големо зголемување во 2017 од 206 на 224 и намалување на просечен број на вработени во 2018 за 4% или вкупно 216 вработени.

Клиничката болница Жан Митрев

Основана во 1999 година како специјализирана болница по хирушки болести “Филип Втори”, но официјалниот почеток е со првата бајпас операција изведена во Македонија на први март 2000 година. Иновативноста континуирано е дел од развојот на оваа болница, па само две години подоцна е изведена и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Во 2003 има отпочнување на третман за вродени срцеви мани, а во 2008 се отвара нов дијагностички центар кој што работи 24/7, за да во 2010 година на десетгодишнитата има изведено вкупно 10.000 операции. За професионалноста и квалитетот говорат многу признанија од Македонија и странство од кои најпрестижната е од Europe Business Assmbly и Сократ комитет од област на здравство за Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница а во 2017 го добива златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International, најпрестижна организација за акредитација на болници во светот. Во 2016 се отвара нов објект со пет пати поголем капацитет од постоечкиот и болницата Филип Втори се преименува во Жан Митрев Клиник. Финансиските резултати најдобро го отсликуваат успешното работење на оваа приватна болница. Во 2018 година во однос на 2017 година оваа болница ја има зголемено добивката повеќе од два пати или за 116%, односно околу 95 милиони добивка за 2018 година наспроти 44 милилиони во 2017 година. Но, истовремено има намалување на вкупните приходи за 8% или од околу милијарда денари во 2017 на 974 милиони во 2018 година, што сепак немаат негативен ефект на нето добивката и на позитивниот финансиски резултат на оваа здравствена институција. Кај оваа приватна болница во последните пет години се бележи само зголемување на просечниот број на вработени. Според анализата зголемувањето изгледало вака: 189 во 2014, 208 во 2015, 215 во 2016, 254 во 2017 и 265 во 2018 што е за 4.3% повеќе во однос на претходната година.

Аџибадем Систина

Основана во 2001 година како Специјална болница за Гинекологија и акушерство “Мала Богородица – Систина”, а во 2010 со потпишуање на договор за афилијација станува Аџибадем Систина. Една година подоцна “Аџибадем Систина” станува дел и од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. За квалитетот и професионалноста доказ се реномираниот тим на 140 специјалисти, од кои 15 универзитетски професори, персоналот кој зборува четири јазици, базата од дури 450.000 пациенти, прва болница во Македонија со акредитацијата од Joint Commision International и.т.н. Финасиските податоци за оваа болница ги отсликуваат горенаведените факти. За 2018 година оваа болница има нето добивка од 253 милиони денари, што е за 0.4% зголемување во однос на 252 милиони во 2017. Во однос на вкупните приходи во 2018 се остварени 947 милиони што е за 8% намалување во однос на околу една милијарда денари во 2017 година. Кај оваа приватна болница просечниот број на вработени бележи постојано зголемување. Па така од 705 во 2014 година, до 841 во 2015, 897 во 2016, 941 во 2017 и денешните 943 што е минимално зголемување на бројот на вработени во однос на претходната година.

Анализата на трите приватни болници ги дава следните заклучоци:

  1. Брзината на развој, иновативноста, квалитет и професионалноста се вредности кои ги поседуваат сите три приватни болници;
  2. На прво место според нето добивка и просечен број на вработени за 2018 година е приватната болница Аџибадем систина;
  3. Овие три болници заедно има вкупен приход од околу 3 милијарди и 622 милиони денари за 2018 година или за 59 милиони евра е збогатена домашната економија;
  4. Овие три болници имаат вкупна нето добивка од 407 милиони денари или околу 6.6 милиони евра за 2018 година;
  5. Вкупен просечен број на лица што ги вработуваат во 2018 година е 1424, односно речиси 1500 медицински лица кои не ја напуштиле државата и се активни чинители во домашната економија.

Бизнисот со приватните болници е во раст и се очекува ваквите трендови да продолжат и наредните години.

Име на болница Нето добивка во 2018 година (милиони денари) Приходи во 2018 година (милиони денари) Просечен број на вработени во 2018
Аџибадем Систина 253 2.158 943
Жан Митрев 95 974 265
Ре-Медика 59 490 216

Подготвила, Марта Куковска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!