fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Компании – должници на државата !

Компании – должници на државата !

Со “долга“ должничка листа на компании кои по различни основи имаат неподмирени обврски кон државата заврши 2019 та година. Во декемвриската листа на УЈП, според податоците на „Таргет Груп“ регистрирани се 1 994 компании кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, царини и акцизи. Најголем дел од компаниите кои имаат долгови кон државата се концентрирани со Скопскиот плански регион, а вкупниот износ на долг генериран во овој регион изнесува 115 милиони евра.

Највисоки долгови – по основ на ДДВ и Данок на добивка!

Вкупниот долг на компаниите по земјава по основ на „државни давачки“ во последниот месец од лани изнесува 172 милиони евра. Анализата на податоците покажува дека најголем дел од долгот или 107,6 милиони евра е по основ на неплатен ДДВ, а според износот на долгот предничат и обврските по основ на данок на добивка и персоналниот данок на доход.

Најголем дел или 43% од компаниите – должници се концентрирани во Скопскиот регион, каде има 865 фирми со регистрирани долгови по основ на давачки кон државата во износ од 115 милиони евра. Во Југоисточниот регион има 263 фирми со обврски од 10 милиони евра, во Вардарскиот регион има 198 компании со обврски по основ на давачки во износ 9,5 милиони евра, во Југозападниот регион се лоцирани 173 компании кои должат на државата скоро 11 милиони евра, во Полошкиот има 142 фирми со регистриран долг од 11,7 милиони евра. На последните три места според бројот на компании – должници се Пелагонискиот регион каде има 136 фирми, Источниот плански регион со 106 фирми и Североисточниот регион со 93 компании – должници на државата. Податоците покажуваат дека одредени плански региони се водечки според бројот на фирми-должници, но не и според износот на долгот што го имаат.

Профил на компании – должници

Компании од енергетскиот сектор, трговијата, производството, но и Јавни претпријатија се вбројуваат во листата на десет најголеми должници на државата по основ на даноци, давачки на плата, акцизи, царини.

На прво место според висината на долгот е друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД-Скопје, фирма која на крајот од декември 2019 та година има долг од 20,1 милиони евра со што целиот износ отпаѓа на неплатен данок на добивка.

На второ место според вкупниот долг е друштвото за производство,трговија и услуги ЕЛ ДОН КАСТИЛЛО Ангел ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, компанија која долги години е на оваа должничка листа со 7,6 милиони евра долг кој речиси целосно е по основ на неплатен ДДВ, а незначителен износ и по основ на данок на добивка.

Друштвото за производство и трговија ИНДУСТРИЈА ЕЛ АЗТЕКА ДОО Скопје со вкупен износ на долг од 7,6 милиони евра, и речиси сите по основ на ДДВ е на третото место на должничката листа.

На четврто место со исто така должничкиот износ од 7,6 милиони евра, речиси сите за неплатен ДДВ е друштвото за производство и трговија МОТОР КОАЧ ИНДУСТРИЈА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДОО Скопје.

Повеќе од 1,5 милиони евра долг кон државата по основ на давачки имаат и државната 11 Октомври-Еурокомпозит од Прилеп, Друштвото за производство, трговија и услуги Блек си метал Трејдинг Дооел од Скопје, Јавно комунално претпријатие Тетово, Друштво за градежништво трговија и услуги Мил-Давит Дооел Скопје, Друштво за внатрешен и надворешен трговски промет на големо и мало МАК Импорт Дооел од Скопје и Спектра Јеотек Санаји ве Тиџарет Аноним Ширкети Анкара – Република Турција – подружница во Република Македонија – Кратово.

Во групата 20 најголеми должници, долг по основ на персонален данок на доход имаат шест компании, меѓу нив и државни фирми и јавни претпријатија на локално ниво, односно државната 11 Октомври – Еурокомпозит од Прилеп, ЈП Комуналец – Гостивар, ЈП Стандард – Дебар, Спектра Јеотек Санаји ве Тиџарет Аноним Ширкети Анкара – Република Турција – подружница во Република Македонија – Кратово и Друштво за производство, трговија и услуги УНИ-М ДОО експорт-импорт Скопје и Друштво за производство, трговија, градежништво, транспорт, угостителство и услуги ПУРДЕ ДООЕЛ експорт-импорт,Гостивар.

Анализа на податоци: Таргет Груп

Новинарска обработка: А.Д

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!