169 Македонски компании ги задоволуваат строгите критериуми за да го уживаат врвниот бонитет ААА. “Таргет Груп“ ги објавува показателите за овие компании кои доаѓаат од различни сектори, со различна големина и со различен број на вработени. Овие компании во три последователни финансиски години, 2016, 2017 и 2018 година испорачале исклучително позитивни и успешни и надпросечни финансиски резултати кои упатуваат на стабилна ликвидна позиција на компаниите.

Вообичано на листата бонитетни А компании годишно има повеќе од 400 компании од различни дејности и сектори, но само оваа група од 169 фирми успеала да се оддржи на “врвот“ според бонитетот А во тригодишен период во континуитет. Заедничко за овие фирми е минималниот финансиски ризик во работењето а клучни индикатори според кои се креира бонитетниот рејтинг се ликвидноста, обртот, ефикасноста и задолженоста на фирмата. Влијание врз комплетирање на оценката може да има и дејноста и секторот од каде доѓа фирмата, но и податоците за тоа дали некогаш била во стечај или ликвидација.

Според големината на фимата, со бонитет ААА има 124 мали фирми, 30 средни и 15 големи компании. Дел од нив дополнително покажуваат уште посилни финансиски резултати мерено преку тековен и брз показател над 5, што значи дека кај овие компании со ваков показател тековните средства со кои располагаат се пет пати повисоки од тековните краткорочни обврски, што укажува на високо ниво на ликвидност а низок праг на ризик. Дополнително овој параметар ја покажува способноста на компанијата преку најликвидните тековни средства да ги покрие краткорочните обврски а како солидно ниво на показателот се смета вредноста над еден.

Така, во ваква исклучително јака ликвидносна позиција се наоѓаат 90 мали, 22 средни и 10 големи компании.

Според бројот на вработени во овие високо ликвидни компании, 28 имаат повеќе од 50 вработени, 50 фирми се со помалку од 10 вработен а 91 компанија имаат од 10 до 50 вработени со што оваа последна категорија на фирми со ААА бонитет доминираат според критериумот “број на вработени“.

Трошоци, приходи, добивки на најбонитетните компании …

Кај скоро половина од фирмите, или точно 44,3% од оние кои го имаат ААА бонитетниот рејтинг, учеството на трошоците во вкупните приходи надминува 85%. Кај само 4 компании учеството на трошоците во вкупните приходи е пониско од 50%.

Конкретно, 94 фирми се со тековен показател ( тековните средства да ги покријат тековните обврски ) кој се движи од 2 до 10 додека 75 компании имаат тековен показател над 10.

Според “брзиот показател“ од 1,5 до 9 се 92 компании додека 77 фирми имаат брз показател над 9 , што значи дека сите овие компании покажуваат исклучително високо ниво на ликвдност со оглед на тоа најликвидните тековни средства на фирмите неколку кратно ги надминуваат тековните краткорочни обврски.

Анализирано според сектори, односно дејноста, најголем број на високо бонитетни компании има во трговијата, транспортот и угостителствто, во индустријата и административните дејности. Воедно од трговијата, транспортот, угостителството и од административните дејности доаѓаат и најголем борј на компании во кои учеството на трошоците во вкупните приходи надминува 80%. Линк – дејност ( бр компании, врабитени, добивка… )

ДејностБрој на компании (вкупно)Вработени (вкупно по дејност)Добивка над 10.000.000 МКДУчество на трошоците во вкупните приходи (над 80%)
Земјоделство38512
Индустрија282,3251612
Градежништво1222871
Трговија, Транспорт и Угостителство681,2943246
Информации и Комуникации181,294104
Административни дејности22453114
Финансиски дејности и дејност и на осигурување517941
Друго (државни дејности и приватизирани установи)1386995

Според податоците на “Таргет Груп“ од сите компании со бонитетен ААА рејтинг, 91 фирма имаат добивка повисока од 163 000 евра, а наголем дел од компаниите со овој износ на прикажан профит се од дејноста транспорт, трговија, индустрија, информации и комуникации, административни дејности.

Финансиската кондиција, ликвидноста, солвентноста на компаниите се мери преку шест различни оценки кои го покажуваат нивото на ризичност. Највисока бонитетна оценка е А која ја добиваат ликвидносно најсилните компании, најниска бонитетна оценка е Ф која ја добивка компанијата што е високоризична за соработка и заради тоа на таквите компании не се доделува кредитни лимит.

Бонитетните оценки што го одразуваат ризикот на фирмата преку мерење на финансиските резултати се значајни и за позицијата која ќе ја имаат фирмите во поширока рамка, не само на домашниот пазар туку и на регионалните, на европскиот и на светскиот пазар.

Анализа на податоците: Таргет Груп

Новинарска обработка: А.Д

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде