fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Компаниите од пазарот за широка потрошувачка со 7% раст во 2018 година

Компаниите од пазарот за широка потрошувачка со 7% раст во 2018 година

Во публикацијата изработена од агенцијата Инсајдер ИД и Таргет груп се анализирани вкупно 69 компании од секторот на широката потрошувачка, односно обработени се малопродажни ланци, дистрибутери, производители (кондиторски производи, месо и месни производи, млечна индустрија и леб и бели пецива) кои што овозможуваат да се донесат релевантни заклучоци за стопанскиот сегмент.

Доколку сакате да дознаете повеќе за приходите на локалните маркети притиснете тука.

ГЕНЕРАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ИНДУСТРИЈАТА

Претходната 2018-та година беше одбележана со голем број на интересни случувања и промени во бизнис окружувањето. Целата македонска економија бележи раст во 2018 од над 3%, којшто тренд се очекува да продолжи и во 2019-та година. Растот од 3% за економија која е сеуште во развој е прилично низок, каде истиот би требало да е повисок од 10% за да се очекува сериозен развој на среден или долг рок.

Секторот за широка потрошувачка е еден од најдинамичните во државата и веќе со години бележи раст кој го надминува тој на БДП. Како потврда, приходите на 63-те компании кои се дел од публикацијата, оствариле вкупен обрт од 1,14 милијарди евра во 2017 и 1,22 милијарди во 2018 година со просечен раст од 7%.

Во него и покрај етаблираните компании, кои бележат милионски промети како до пред извесен период СП Маркет, само во рок од неколку години повеќе не е во бизнисот, а на нивно место се појавуваат нови компании со различни одлични бизнис модели и стратегии. Особено е позитивно што со моменталната поставеност, истите се конкурираат и на интернационално ниво.

Состојбата во сегментот на широка потрошувачка е најкомплексна кај малопродажните ланци. Во 2018 година е забележано отворање на голем број маркети (продажни локации) од сите вклучени во сегментот како локални така и национални ланци. Пазарот е веќе презаситен од една страна, но од друга маркетите сеуште продолжуваат со агресивната политика на преземање на потрошувачи преку нови продажни места и ценовни војни со своите конкуренти.

Подемот на тврдите дисконти како Кам Маркет, Стокомак и Киппер кој со години е многу сериозен, не влијае само кон нивните директни конкуренти, класичните ланци на маркети/супермаркети, туку на цел синџир од производител до самиот потрошувач. И покрај сериозната дисторзија, приходот на седумте национални ланци на маркети Кам, Тинекс, Веро, Рамстор, Кит-Го, Стокомак и Жито Маркет со дополнување на Киппер како сериозен претендент за национален ланец како по приход така и по број на продажни локации, се зголемил за 9% од вкупно 523 милиони во 2017 на 571 милиони евра во 2018 година или раст од приближно 50 милиони за само 1 година.

Проценка на Инсајдер ИД според приходите од анализираните компании и бројот на активни продажни места на територија на цела Македонија во сите канали е дека вкупниот приход на сите канали на продажба (национални, локални ланци и традиционалниот канал) остваруваат помеѓу 1.4 – 1.5 милијарди евра годишно.

На страната на дистрибутерите, неколку компании ги дистрибуираат најголемиот дел од производите кои се позиционирани во Маркетите, како Нелт СТ, Атлантик Група, Колид Фудс, Колид С Тим, АВТ Интернационал, Орбико, Кола и уште неколку други. Очекувано е дека со самиот раст на маркетите да се зголеми и продажбата на тие кои ги произведуваат и дистрибуираат производите. Приходите на 13-те анализирани дистрибутери се зголемиле од 262 на 282 милиони евра или за 7.6% од 2017 во 2018-та. Помалите дистрибутери најчесто ги работат брендовите кои имаат помали пазарни учества или пак се директни претставништва на компании кои се обврзани за дистрибуција на сопствените производи.

Истото го забележуваме и кај производителите, каде во претходниот период забележани се две поголеми аквизиции, “Витаминка” ја презема фабриката за масло за јадење “Брилијант” и “Макпрогрес” ја презема “Дониа” (последен квартал 2017-та). Забележително е и зголемување на приходот кај поголемиот дел до производителите не само во кондиторска индустрија туку и млечната и месната кои се едни од најглавните производи во секој маркет. Од бизнис аспект Млекара “Здравје Радово” се соочи со проблеми кои резултираа со намалување на економската активност, што од една страна е негативно за самата компанија и воопшто за млечната индустрија во државата, но останатите млекарници истото го гледаат како можност за проширување на позициите и продажбата. Приходите на обработените 32 производители во Кондиторски производи, Млечна Индустрија, Алкохол и Пијалаци и Месна индустрија сегменти го зголемиле вкупниот приход од 500,3 на 529 милиони евра или за 5.8% од 2017 во 2018-та година.

Тековната 2019-та година може да се очекува повторно раст на целиот индустриски сегмент за широка потрошувачка со поголем интензитет во однос на 2018, посебно кај производителите и дистрибутерите кои треба да го поддржат зголемувањето на продажбата кај трговските ланци.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!