fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Компаниите од Скопскиот регион со најголем придонес во економијата

Компаниите од Скопскиот регион со најголем придонес во економијата

Анализите покажуваат дека компаниите остваруваат најголеми приходи од работењето. Успешни се малите стартап компании, кои за една година, оствариле приходи од 9,6 милијарди евра и земале учество од 82%, во остварените приходи на ниво на цела држава.

Компаниите од Скопскиот регион остваруваат најголеми приходи од работењето и се носители на економската активност во стопанството. Малите стартап компаниите, за една година од работењето, успеале да се вбројат помеѓу најуспешните, остварувајќи приходи од 9,6 милијарди евра и земале учество од 82%, во остварените приходи на ниво на цела држава. Стартап компаниите од останатите градови во државата оствариле приходи од само 1,6 милијарда евра, односно 14%. Овие вредности, минатата година, успеале да ги остварат 184 најуспешни компании од Скопскиот регион, додека од другите градови на државата меѓу најуспешните компании што дале ваков придонес биле 178 компании. Од демографски аспект, компаниите се лоцирани во сите градови, а од аспект на секторите доминира трговијата, исто како што е случај и кај малите компании од Скопскиот регион.

Од малите компании од Скопскиот регион, со вкупни приходи над седум милијарди денари на прво место е скопската компанија „Еуроникел“, регистрирана како фирма за стручни, научни и технички дејности. Со голема разлика во остварените приходи, зад неа е „Магнум глобал лимитед“, со 665,5 милиони денари.Со вкупни приходи над 90 милиони денари се трговските „Пејтен“ и „Хедис-здружени маркети“. Останатите компании имаат приходи околу 60 милиони денари, а лизинг компанијата „Мого“ за една година успеала да се вброи во малите најуспешни стартап компании, остварувајќи вкупни приходи од 43,5 милиони денари. Помеѓу најуспешните новоосновани компании, кои за една година успеале да остварат солидни приходи е Трговското радиодифузно друштво „1ТВ“ со вкупни приходи од 39,2 милиони денари. Од преработувачите, 18,4 милиони денари остварила компанијата „Акрон плакари“,а од транспортните „СТЕЕЛ транс“ со 20,5 милиони денари. Додека, „МИТ Логистика“ со 14,5 милиони денари. Од компаниите кои се во секторот уметност,забава и рекреација, „Илузиум“ има вкупни приходи од 4,3 милиони денари. Вкупни приходи од 3,2 милиони денари остварила компанијата „Лајконект“.

Доколку сакате да дознаете на кој начин згаснуваат фирмите кај нас притиснете овде.

Од малите фирми од внатрешноста, најголеми приходи остварила гевгелиската фирма „Дизел Ка-Ле“ со вредност од 101,5 милиони денари. Потоа, штипската градежна фирма „Актива инженеринг“ со вкупни приходи од 53,6 милиони денари.

Компанијата „Ник оил ММ петрол“ од Штип е со високи приходи од 44 милиони денари, од новооснованите компании.Од малите компании, со приходи од над 43 милиони денари се: струмичката „Вегафру пакос“,тетовската „Дуда гроуп“, како и „Фе пласт компани“. Со вкупни приходи од над 30 милиони денари се струмичките компании „Џокс премиум“ и „Агро капитал“, како и кумановската „МПН логистик“. Податоците покажуваат дека преработувачите оствариле помали приходи од работењето, споредени со приходите од трговците, транспортерите, градежниците.

Податоците на Државниот завод за статистика ги поткрепува анализите за структурата на деловните субјекти, според која од сите активни деловни субјекти, најголемо учество има Скопскиот регион со 37,7 проценти во 2017 година, од 71.419 активни деловни субјекти во Македонија. Статистиката евидентира доминантост на скопските компании и во бројот на новосоздадени претпријатија, на пример, во 2016 година со 7 132, додека бројот на згаснати претпријатија во 2016 година изнесува 6 648. Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија по статистички региони покажуваат дека најголемо учество има Скопскиот регион со 36 проценти, а исто така и на згаснатите претпријатија со 34,8 проценти во 2016 година.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа.

Новинар, Марија Георгиевска.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!