fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Коронавирус: Графички преглед на влијанието кое ќе го има над економијата

Коронавирус: Графички преглед на влијанието кое ќе го има над економијата

Од појавата на пандемијата во Кина,денес бројот на заразени луѓе изнесува повеќе од 200.000. Појавата на оваа пандемија најмногу ги чини бизнисите насекаде низ светот.

Во продолжение може да погледнете десет клучни мапи и графикони кои ќе ви помогнат да го разберете влијанието на вирусот врз економијата досега.

Акциите на глобално ниво доживеаа пад

Големи промени на берзите каде акциите на компаниите се купуваат и продаваат, може да влијаат врз многу инвестиции во пензиски фондови или индивидуални штедни сметки.

Влијанието на коронавирусот врз берзата од датумот на ширењето на епидемијата

Дау и ФТСЕ забележаа најголеми падови во еден ден од 1987 година.

Инвеститорите стравуваат дека ширењето на коронавирусот ќе го уништи економскиот раст и дека акциите кои ги превземаат владите низ светот можеби не се доволни за да се запре падот.

Како одговор, централните банки во многу земји ги намалија каматните стапки.

Теоретски, тоа треба да го направи заемот поефтин и да го охрабри трошењето за да зајакне економијата.

Централната Банка и повеќе од 50 земји ја намалија каматната стапка за да ги стабилизираат и засилат своите економии

Туризмот една од најпогодените општествени гранки

Туризмот насекаде низ светот е сериозно погоден од коронавирусот, при што авиокомпаниите ги намалуваат летовите, а туристите ги откажуваат деловните патувања и одморите.

Владите ширум светот воведоа рестрикции за патување во обид да го спречат ширењето на вирусот.

Повеќе од 100 земји имаат ригорозни мерки или забрани за патување поради корона вирусот

ЕУ забранува на патници кои сe наоѓаат надвор од унијата да патуваат кон неа во следните 30 дена, ова е еден од неочекуваните потези кои мораше да ги направи унијата поради кризата со корона вирусот.

Фирмата за аналитика ForwardKeys процени дека со забраната ќе бидат погодени околу 48.200 летови кои би пренеле околку 10,2 милиони патници, со што најголемиот финансики товар падна на „Ер Франс“.

Авиокомпании кои ќе бидат најпогодени со забранта на ЕУ

Во САД, администрацијата на Трамп им забрани на патниците од европските држави влез во САД.

Експертите за туризам во Велика Британија изразија загриженост поради тоа што кинеските туристи ќе мора да останат во својата матична земја.Лани имало 415.000 посети од Кина во Велика Британија во последните 12 месеци се до септември 2019 година, пренесува „VisitBritain“. Кинеските патници, исто така, трошат три пати повеќе на просечна посета на Велика Британија по 1.680 фунти секој од нив.

Потрошувачите купуваат многу помалку

Посетите во ресторани во неколку земји скоро се целосно колабирани

Фабриките во Кина работат со намелно темпо

Во Кина, каде за прв пат се појави коронавирусот, индустриското производство, продажба и инвестиции паднаа драстично во првите два месеци од годината, споредено со истиот период во 2019 година.

Кина сочинува третина од производството на глобално ниво и е најголем извозник на стоки во светот.

Со овие стелитски слики може да се забележи стапката на намелено загадување од фабриките во Кина

Индустриското забавување на Кина дури беше видливо од вселената.

Наса рече дека сателитите за следење на загадувањето откриле значителен пад на азотниот диоксид во земјата. Доказите сугерираат дека тоа е „барем делумно“ како резултат на економското забавување предизвикано од епидемијата .Ограничувањата влијаат на ланецот на снабдување на големите компании, како што се производителот на индустриска опрема JCB и производителот на автомобили Nissan.

Продавниците и aвтомобилските салони сите забележаа пад на побарувачката.

Продажбата на кинески автомобили, на пример, се намали за 92% во текот на првата половина на февруари. Повеќе производители на автомобили, како Тесла или Geelys, сега продаваат автомобили преку интернет бидејќи клиентите сакаат да се подалеку од салоните.

Пад на пордажбата на автомобили во Кина

Кога се појавува криза, инвеститорите често избираат помалку ризични инвестиции.

Златото традиционално се смета за „безбедно засолниште“ за инвестиции во време на неизвесност.

До март цената на златото се зголеми. Но сега, при што инвеститорите се повеќе се плашат од глобалната рецесија, дури и цената на златото опадна.

Цената на златото сега е во пад

Исто така, нафтата падна на најниската цена од јуни 2001 година.

Инвеститорите стравуваат дека глобалното ширење на вирусот дополнително ќе ја погоди глобалната економија и побарувачката за нафта.

Цената на нафтата веќе беше погодена од спорот меѓу ОПЕК (ОPEC), групата производители на нафта и Русија. Коронавирусот ја намали цената уште повеќе.

Нафтата на најниска стапка слична на онаа во Јули 2001

Растот можно е да стагнира

Ако економијата расте, тоа обично значи повеќе богатство и повеќе нови работни места.

Eкономијата се мери со гледање на процентуалната промена во бруто домашниот производ или вредноста на произведените добра и услуги, обично ова се прави во текот на три месеци или една година.

Светската економија би можела да порасне со најниска стапка од 2009 година оваа година, како резултат на појава на коронавирус, според Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Предвидувањата на OECD

Тинк-тенк предвидува раст од само 2,4% во 2020 година, што е намалување за 2,9% од ноември. Исто така, се вели дека доколку епидемијата трае „подолготрајно и поинтензивно“ може да го преполови растот на 1,5% во 2020 година, бидејќи фабриките ја прекинуваат нивната активност и работниците остануваат дома во обид да го спречат ширењето на вирусот.

Извор:BBC

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!