fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Македонските банки ја завршија минатата година со профит од 114 милиони евра

Македонските банки ја завршија минатата година со профит од 114 милиони евра

Македонските банки минатата година направиле профит од 114 милиони евра, покажуваат последните податоци на Народната банка. Тоа е за 21,5 милиони евра помалку од ќарот кој го имаа во 2018 година кога прикажаа добивка од 135,8 милиони евра, што беше рекордна од кога постои банкарскиот систем во земјава. Психолошката бариера од профит над 100 милиони евра банките ја надминаа во 2017 година кога остварија добивка од 106,5 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека лани домашните банки само од камати наплатиле речиси 313 милиони евра, од кои 163,4 милиони евра се камати наплатени од домаќинствата. Додека пак од провизии и надоместоци кои ги наплатуваат од компаниите и граѓаните банките наплатиле 123,6 милиони евра. Или за 12 месеци лани банките наплатиле вкупно 436,6 милиони евра само од камати и провизии. Сума што е за 7,8 милиони евра поголема од 2018 година. Тогаш наплатата од камати изнесувала 318,8 милиони евра или за над 6 милиони повеќе од 2019 година, но лани пак убедливо појака била наплатата од провизии па ако 2018 година изнесувала 110 милиони евра, лани се искачила на 123,6 милиони евра или лани биле наплатени за 13,6 милиони евра повеќе од надоместоци и провизии отколку во 2018 година.

Статистиката на Народната банка покажува дека речиси целиот ќар од профитот завршил кај големите банки. Тие лани прикажале добивка од 113,3 милиони евра. За прв пат пак средните банки во земјава се во негатива од речиси 1,2 милиони евра, а малите кои претходни години бележеа минус сега се во добивка од 2,2 милиони евра. Интересно е дека средните банки заклучно со третиот квартал лани бележеа плус или добивка од 602.000 евра, која на крајот од годината се претворила во минус од 1,2 милиони евра. А тие 2018 година ја завршиле со вкупна добивка од 5 милиони евра.

Според билансот пак на банките во земјава кој го објавуваат на Македонската берза, од големите банки најголема добивка од 38,5 милиони евра лани прикажала Стопанска Банка Скопје. Потоа следува НЛБ Банка со добивка од 30 милиони евра и Комерцијална банка со 29,5 милиони евра.

Новинарска обработка: Ф.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

 

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!