fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Македонските печалбари за 9 месеци лани испратиле 147 милиони евра дома

Македонските печалбари за 9 месеци лани испратиле 147 милиони евра дома

Македонските печалбари за само девет месеци од минатата година испратиле околу 147 милиони евра дома, на своите најблиски – покажува Извештајот на Народната банка за платниот биланс во делот на дознаки од работници. Ако се соберат пак годишните податоци, излегува дека за неполни 15 години македонските граѓани кои работат или живеат во странство испратиле во земјава речиси 2,8 милијарди евра, а за 17 години пак сумата надминала 3 милијарди евра. Колку Македонци се иселени во странство, односно колкава е македонската дијаспора и колку во моментов работат во некоја од соседните земји или Европа, нема прецизни податоци, освен тие на Светска банка кои покажуваат дека за 10 години од земјава си заминале половина милион граѓани.

Според експертите дознаките од печалбарите позитивно влијаат на домашната економија. Но, официјалните бројки се далеку помали од реалните пари кои влегуваат во земјава од македонската дијаспора.

„Дознаките остануваат многу важни за македонската економија. Бројката која е цитирате е конзервативна оценка, бидејќи ги потценува приливите кои доаѓаат по неформални канали. Според некои проценки, дознаките се минимим 500 милиони евра годишно и во повеќе години наназад ги надминуваа приливите од странски инвестиции. Според квантитативни пресметки тие придонесуваат за намалување на сиромаштијата за околу 3 процентни поени, што е слично со ефектот од социјалната помош.“– изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.

На макрониво го стабилизираат платниот биланс, бидејќи честопати се користат за затворање на трговскиот дефицит со што ја чуваат макроекономската стабилност. Додека пак на микрониво, влијаат врз сиромаштијата, образованието, здравството и врз распределбата на доходот, односно го намалуваат јазот меѓу богатите и сиромашните во земјава.

Податоците на Народната банка покажуваат дека лани најмногу пари на сметките на граѓаните кои имаат некој близок во странство легнале во месец мај или 18,7 милиони евра, а приближно иста сума на пари биле префрлени и во последниот месец за кој има статистика – септември. Или гледано по месеци, во јануари работниците од странство испратиле 13,3 милиони евра, во февруари 13,6 милиони евра, во март 16,3, потоа 15,6 во април, 18,7 во мај, 16,5 милиони евра во јуни. Во третото тримесечје лани во јули биле испратени 18,1 милион евра, во август 15,8 и во септември 18,6 милиони евра. Гледано пак по години најмногу пари од дијаспората во земјава стигнале во 2015 година – 208,3 милиони евра, а најмалку во последните 15 години во 2005 година – 136,6 милиони евра.

Анализата на бројките по години покажува дека во 2018 година како дознаки од работници во Македонија биле пратени 200,1 милиони евра, во 2017 година биле 193,6, потоа 192,8 во 2016 година, 208,3 во 2015 година, 203,6 во 2014 година, 191,3 во 2013 година, 198 милиони евра во 2012 година, 194,8 во 2011 година, 196,3 во 2010 година, 186,2 во 2009 година. Потоа 180,9 милиони евра во 2008 година, 174,3 во 2007, во 2006 година 157,1 и во 2005 година сумата изнесувала 136,6 милиони евра.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!