fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Mалите универзитети доминираат по број, големите по остварени приходи

Mалите универзитети доминираат по број, големите по остварени приходи

Во приватниот високообразовен ситем има 12 мали универзитети, кои оствариле 57,3 проценти од вредноста на вкупните приходи. Но, најголемите приходи одат кај три поголеми универзитети. Интересно е што во групата на универзитети со најголеми приходи има и еден од малите, кој успеал да оствари речиси исти приходи со големите универзитети.

Бизнисот со високото образование на приватните универзитети достигнал 788,8 милиони денари, минатата година. Од регистрираните 18 универзитети и високи школи, средните по големина оствариле највисоки приходи, но меѓу нив има и мали универзитети. Тие учествуваат со 57,3 проценти во вкупните приходи на приватните универзитети, со приходи од 451,8 милиони денари.

Според податоците од „Таргет груп“, најголеми приходи во вредност од 123,2 милиони денари остварил „Европскиот универзитет“, по него е „Прв приватен универзитет ФОН“ со 112,2 милиони денари, а со приходи од 103,4 милиони денари е „Приватен меѓународен балкански универзитет“ , како мал универзитет. По него, според вредноста на остварени приходи доаѓа „Универзитет Американ колеџ“ со остварени 101,4 милиони денари. Бројките покажуваат дека и малите универзитети успеваат да остварат приходи, со кои се блиску до поголемите и се голема конкуренција за нив.

Приватните високообразовни институциии покажуваат дека функционираат според принципите на бизнисите, да се ефектуираат вложените средства, со цел остварување на поголема профитабилност, што претставува главен критериум во нивното управување со активностите кои ги реализираат како високообразовни институции. На приватните универзитети остануваат 13,9 проценти од вкупната бројка на запишани студенти, од кои треба да наплатат за реализираната образовна програма и да си обезбедат одржливост.

Универзитетите, ако се гледаат демографски, во најголем број се лоцирани во Скопје, но има и во внатрешноста на државата, во Свети Николе,Гостивар,Струга, Куманово, Прилеп.

Од универзитетите, три се микро: Друштво за едукативни услуги „Еуро колеџ“, „Франклин универзитет Охајо –САД-Подружница во Македонија“, Трговско друштво за образование, трговија, и услуги „Еуро колеџ“ Струга.

Извор: „Таргет Груп“ и „БизнисМрежа.мк“

Од вкупната бројка на регистрирани универзитети, најголем дел отпаѓа на малите кои се вкупно 12, а тоа се: „Меѓународен универзитет во Струга“, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“,Свети Николе, МИТ Универзитет,ПВПУ „Еуро Колеџ“, Приватен меѓународен „Балкански универзитет“ Скопје, ПВУ „Универзитет за туризам и менаџмент“ Скопје, Друштво за интелектуални услуги и едукативни дејности „Меѓународен Славјански институт“, Приватна високообразовна установа Меѓународен универзитет „Визион“ Гостивар, Факултет за исламски науки, Приватна високообразовна установа – Висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ Скопје, „Бизнис Академија Смилевски“, Универзитет за аудиовизуелни уметности, Европска, Филмска, Театарска и Танцова Академија „ЕФТА“ Скопје.

Доколку сакате да дознаете повеќе за МИТ универзитетот кликнете овде.

„Приватен меѓународен балкански универзитет“ остварил најголеми приходи од малите универзитети со вредност од 103,4 милиони денари.Тој, воедно и во групата од универзитети со најголеми приходи.Останатите мали универзитети се далеку зад него според вредноста на остварените приходи, кои се движат од 74,6 милиони денари на Универзитетот „Гаврило Романович Державин“, како еден од подобрите според приходите, до „Меѓународен универзитет во Струга“ со 58,7 милиони денари, „Универзитет за туризам и менаџмент“ со 54,8 милиони денари. Останатите Меѓународен универзитет „Визион“ Гостивар со остварени приходи од 40,1 милион денари, МИТ Универзитет со 34,9 милиони денари. Другите универзитети имаат приходи во вредност над 14 милиони денари.

Извор: „Таргет Груп“ и „БизнисМрежа.мк“

Бројките покажуваат дека приватните универзитети и високи школи водат жестока битка, конкурирајќи меѓусебно како да придобијат од малиот „колач“ кој останува за нив. Сепак, покрај ваквата состојба на статистиката, број на универзитети е голем. Праксата покажува дека, иако државата е лидер на светско ниво, според процентот на запишани средношколци во факултетите, сепак квалитетот на знаење, што го стекнува завршениот кадар е на многу ниско ниво. Младите кадри со завршен факултет не се воопшто подготвени да одговорат на работните позиции, по завршеното образование, во компаниите. За ваквите состојби особено алармираат работодавачите, алудирајќи итно да се направат промени во наставните програми на универзитетите и повеќе да се обрне внимание на практичната настава, за да може да се добие квалитетен стручен кадар.

Инаку, според статистиката, во академската 2017/2018 година се запишани вкупно 56. 941 студент, што претставува намалување за два проценти, во однос на академската 2016/2017 година.Најголем број студенти, 85,7 % се запишани на државните високообразовни установи, додека 13,9 % се запишани на приватните високообразовни установи. Инаку, според податоците на државната статистика, бројот на дипломираните студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во 2018 година во споредба со 2017 година, е намален за 10 %. Бројот на наставници и соработници во високообразовните установи во академската 2018/2019 година изнесува 4.323.

Новинар, Марија Георгиевска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!