fbpx
Почетна ВЕСТИ Младите можат сериозно да заболат од Коронавирусот

Младите можат сериозно да заболат од Коронавирусот

Нови докази од Европа и САД уажуваат дека младите лица не се толку отпорни на новиот коронавирус како што првично се мислеше на глобално ниво.

И покрај првичните податоци од Кина кои покажаа дека старите лица и оние со други здравствени проблеми се најранливи, младите луѓе – од дваесет и нешто години до оние во раните четириесетти години – се разболуваат сериозно. Многу од нив завршуваат на интензивна нега, според извештаите од Италија и Франција. Ризикот е особено сериозен за оние чии заболувања сè уште не се дијагностицирани.

„Можеби е бидејќи милениалците, нашата најголема и идна генерација која ќе нè води низ следните повеќе децении, најверојатно ќе има непропорционален број на инфекции меѓу таа нив“, рече Дебора Беркс, координатор за одговор на коронавирусот во Белата куќа ,во средата, повикувајќи се на извештаите.

Податоците ја потврдуваат нашата загриженост. Во Италија, најтешко погодената земја во Европа, скоро една четвртина од 28.000 пациенти позитивни на коронавирус се на возраст меѓу 19 и 50 години, според „Статиста“.

Сличен тренд се забележа и во САД при првите 2.500 случаи на коронавирус , според Центрите за контрола и спречување на болести 705 лица од заразните биле на возраст од 20 до 44 години,. Помеѓу 15% и 20% на крајот завршиле во болницата, вклучително дури 4% на кои им била потребна интензивна нега. Мал број од нив се починати.

Еден од помладите пациенти е Климент Чоу, доцент за генетика на Универзитетот во Јута. „Јас сум млад и не спаѓам во групата со висок ризик, но сепак сум на интензивна нега и ми потврдија дека сум еден од тешките случаи“, рече Чоу во својот твитот на 15 март. „Ние навистина не знаеме многу за овој вирус“.

Според тврдењата на Твитер, Чоу имал ниска температура и неконтинуирана треска неколку дена, а потоа и лоша кашлица што довела до респираторна слабост. Се потврди дека е позитивен на коронавирусот. Тој заврши на апарати за кислород на одделението за интензивна нега. Кога пристигна минатиот четврток, тој беше првиот пациент таму. „Сега има уште многу“, твитна тој.

Чоу не ја напишал својата возраст во твитовите, но неговата лабораториска веб-страница наведува дека тој завршил колеџ во 2003 година и има две непослушни деца. Тој не одговори на е-поштата од Блумберг, и не е во можност самостојно да го потврди неговиот статус како пациент.

Точно е дека ризикот од смрт се искачува претежно со возраста. Кога имало само 144 пациенти постари од 85 години, дури 70% биле хоспитализирани, а над 29% биле на интензивна нега, се вели во извештајот на CDC(Centers for Disease Control). Еден од четворица од заболените e починат, соопшти агенцијата во Неделниот извештај за морбидитет и морталитет.

На прес-конференцијата во средата во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп им се обрати на младите и порача да престанат со невнимателно однесување, како што се одење на забави, одење на плажа и дружење во барови.

Сепак, бидејќи универзитетите низ целата земја се затвораат и им наложуваат на сите студенти да заминат, дури и најсвесните млади се соочуваат со тежок избор. Биејќи многумина се принудени да се вратат дома со својата постапка ризикуваат да ги изложат своите родители и баби и дедовци на коронавирусот (Covid-19).

Иста е ситуацијата и со младите кои штотуку се преселиле во големите градови низ цела Америка одеднаш се соочуваат со ситуација каде тие мора да се вратат назад во родните места.

Таткото на Ливија Калари веќе неколку недели ја моли таа да се врати дома. 25-годишната и нејзиното момче кои живеат во Бруклин, Њујорк будно ги следат препораките на официјалните лица и сведочат на ситуацијата во која градот во којшто живеат се затвора. Тие сеуште се чувстуваат стабилно и сигурно барем засега.

Дури и сега да се преселат во родната куќа на таткото на Калари тие ќе мора да бидат во карантин барем 2 недели, доколку се позитивни на вирусот се зголемува ризикот да го пренесат вирусот и таму.

“Се чувстувам вознемирено, можеби тоа е ирационално но се плашам да не го донесам до него коронавирусот”- вели Калари за својот 65 годишен татко.

После неколку дена размислување за нивните опции, тие решија да останат во Њујорк и да преиспитаат дали ситуацијата може да стигне до момент кога нема да можат ни да го напуштат својот стан да прошетаат.

Останете дома!

Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергија и заразни болести, им објасни на присутните колку, е стресно избувнувањето на вирусот.

„Не можете да замислите“, рече тој. „Гледате што се случи во Кина, гледате што се случува во Италија. Го имаме вирусот во Соединетите Држави и сакаме со сите наши напори да се осигураме дека немаме таков степен на заболување и страдања што ги гледаме во други земји. “

Тој ги повика младите луѓе да ја сфатат сериозно ситуацијата и да се потрудат да се заштитат себеси и поширокото население.

Извор:Блумберг

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!