Млечната индустрија приближно една деценија се обидува да застане на ,,здрави нозе” и да ја врати довербата кај домашните млеко производители, но во претходната 2018 со проблемите настанати во ,,Здравје Радово” нема можност за смирување на ситуацијата. Малите млеко-производители и при проблем кај откупувачите односно поголемите млекарите, веднаш се обидуваат да го намалат производството преку намалување на добитокот, што на краток рок веднаш се рефлектира на целата индустрија. Дополнително, пласманот на голем број странски брендови во маркетите сериозно им го намалува просторот на домашните компании.

Генерално 8-те млекари кои се анализирани имаат вкупен раст на приходот од 0.45% од 89.37 на 89.77 милиони евра или 400 илјади евра, додека нето-добивката која ја имаат остварено сите анализирани компании е негативен -1.7 милиони евра. Сепак дел од компаниите имаат остварено раст на приходите и профитот, но според истражувачите тоа е предизвикано пред се од падот на прометот кај останатите, и префрлување на потрошувачите од едни на други производители.

Всушност падот на продажбата од “Здравје Радово” од приближно 4.5 милиони евра, во вид на промет се има ,,префрлено” во “Евро Млекара” (Суташ), Бучен Козјак и Лакталис МК, бидејќи растот на целиот сектор е приближен на 0%, што го потврдува фактот дека растот на едни е предизвикан од падот на приходот кај други. Најголем раст на приходот има Суташ (Евро Млекара) од 3.79 на 5.28 милиони евра или 39%, и Бучен Козјак со раст од 6.00 на 6.88 или 15%.

Крајниот финансиски резултат кој го имаат остварено млекарите е прилично низок, каде Сутраш (Евро Млекара), Лакталис МК и Здравје Радово имаат комбинирано загуба од приближно 8 милиони евра. Единствено Млекара АД Битола остварува добивка од 1.62 милиони евра или 4.2%. Од компаниите кои имаат прикажана добивка, истата е помеѓу 4.1% – 6.8%.

Во тековната 2019-та година, нема да има значајно поместување во однос на целокупниот сегмент. Си сигурност ќе има дополнително ,,префрлување” на потрошувачите од едни на други брендови, пред се поради намалување на асортиманот, особено од Здравје Радово кон другите достапни производи.

Сепак намалувањето на пазарниот удел на еден поголем ,,играч” овозможува раст и зголемување на продажбата кај помалите македонски млекари. Според спроведените истражување, лојалноста кај Македонските потрошувачи особено кај течниот асортиман на производи е прилично низок, што посочува дека промената на брендовите ќе биде најизразена кај јогуртот и млекото, што ја отвара можноста токму за помалите компании.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде