Од овие институции, кои треба да спроведат сериозна образовна програма, постојат и такви кои пријавиле само еден вработен, во средното образование и 6 вработени, во високото образование.

Приватните образовни институции, во високото и средното образование, вработуваат околу 1.500 лица. Во средните училишта има околу 500 вработени, а во приватните универзитети и факултети околу 800 вработени, бројка во која не спаѓаат сите институции од овој сектор, но доволна како податок да се види состојбата.Податоците покажуваат дека, некои од нив, ја извршуваат својата дејност со тимови од вработени, кои имаат минимален број, од еден до три вработени, во среднотот приватно образование,односно 6 или 9 вработени во високото образование. Малку од нив и во двата сегменти на образование, имаат бројки кои се движат над 100 вработени, доминираат над 20 во средните и околу 50-60 вработени, во високото образование. Интересно е што еден дел од овие институции, кои треба да спроведат сериозна образовна програма, имаат мал број вработени,некој од нив само еден вработен. Тоа создава дилема околу квалитетот на наставата која ја изведуваат.

Од расположливите податоци за 15 средни училишта, од вкупно 20, има 419 вработени.Лидер, по бројот на вработени во средното образование, е „Јахја Кемал“ со 255 лица, иако помеѓу „најголемите“ се вбројува и Меѓународното училиште НОВА. Помеѓу средните училишта со најголем број на вработени е „Маариф интернационал скулс“ Д.Седларце,Брвеница со 81 вработен. Исто така, „Прва приватна гимназија“ Битола со 27 вработени.Од средните приватни училишта со најмал број на вработени се, Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, кое има само еден вработен, а три вработени фигурираат кај средното училиште „Св.Лука“ и четири вработени „Прва приватна гимназија“ Битола.Реалната слика на вработени, во приватните училишта сигурно е поразлична, бидејќи голем дел од кадарот е ангажиран хонорарно, зошто реални не може да се сервисира една ваква институција со еден или неколку вработени.

Доколку сакате да дознаете повеќе за приходите и расходите на приватните универзитети притиснете овде.

Во државата работат околу 20 средни приватни училишта, во кои се запишани, во просек околу 3.000 ученици.Минатата година, бизнисот на овој сегмент од образовниот сектори, донел приходи од 335,9 милиони денари.

Кога се анализира, пак, високото приватно образование од 18 приватни универзитети, според податоците за 15 од нив, има 714 вработени.Бизнисот на овие приватни субјекти донел 788,8 милиони денари, вкупни приходи, остварени минатата година.

Најголем број на вработени има Прв приватен универзитет ФОН со 144 вработени, минатата година. Најмал просечен број на вработени има „Еуро колеџ 2007“ Струга со 6 лица, а по него е „Бизнис Академија Смилевски“ со 9 вработени.

Помеѓу високообразовните институции, кои се најголеми, се наоѓа „Европскиот универзитет“ со 98 вработени, кој има и најголем обем на работа, ценејќи според вкупните приходи, кои лани достигнале 123,2 милиони денари.

„Приватен меѓународен Балкански универзитет“ е меѓу поголемите по број на вработени, со 95 лица во наставен и останат кадар, со кој го извршува тековното работење.Солиден број на вработени има и МИТ со 65 лица, потоа „Меѓународниот славјански универзитет“ со 60 лица, „Универзитет Американ колеџ“ со 59 лица. Од останатите, „Универзитет за туризам и менаџмент“ има 50 вработени, а 33 вработени има пријавено „Меѓународниот универзитет во Струга“.

Во последните 10-15 години се создаде голема хиперпродукција на професорски кадар, откако се разви приватното образование и се отворија многу универзитети и средни училишта. Особено, високото образование стана атрактивно за да се добие звањето професор. Во јавноста се стекна впечаток дека масовно се создаваат универзитетски професори како кадар, со што повторно на испит се става квалитетот на наставата во овие образовни установи. Се создадоа и големи разлики во платите на професорите, кои се движат од 500 до над 2.000 евра во некои факултети.

Трката за повеќе ученици и студенти е разбирлива на малиот македонски пазар и големата конкуренција, надополнета со големите трошоци за сервисирање на ваква установа, која владее и во двата сегменти на приватно образование.

Според последните статистички податоци, во приватните универзитети во 2017 година има околу 10.000 студенти, а во државните над 51.000 студенти.Секако, овие бројќи сега се далеку поразлични. Воедно, ако се направи споредба, државната статистика евидентира дека бројот на наставници и соработници во високообразовните установи, приватни и државни, во академската 2018/2019 година изнесува 4.323. Од вкупниот број, 3.101 или 71,7 проценти се насатвници, 1.222 или 28,3 проценти се соработници во наставата.

Новинар, Марија Георгиевска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде