fbpx
Почетна АНАЛИЗИ На кои струмички фирми бизнисот им оди најдобро?

На кои струмички фирми бизнисот им оди најдобро?

Иако Струмица важи за град каде главна дејност е земјоделството, сепак компаниите кои имаат најголеми добивки и приходи, и кои вработуваат најголем број на луѓе се од другите сектори. „Таргет груп“ – го анализраше бизнис секторот во овој град во земјава, а анализата покажива дека најпрофитеабини се компаниите кои се од другите дејности, особено од градежиот сектор, тука е и текстилната индустрија а на листата од 20 компании со најголеми добивки за минатата година само две се занимаваат од преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Американската компанија „Адиент Аутомотив“ лоцирана во индустриска зона во Струмица има најголем број на вработени во оваа општина. Лани бројот таму работеле 1.383 луѓе. Компанијата имала добивка од 1,1 милиони евра, а приходите во оваа странска инвестиција изнесувале – 14,7 милиони евра. Аналитика веќе објави повеќе детали за оваа компанија, кои може да ги прочитате тука.

Веднаш зад „Адиент Аутомотив“, на листата на компании кои се најголеми работодавачи во Струмица се наоѓа градежната „Жикол“, каде лани работеле 483 луѓе. Веднаш зад неа, на трето место по бројот на вработени е ЈП Комуналец каде лани имало 402 вработени, но ова јавно претпријатие не се наоѓа на листите на дваесет компании со најголеми приходи и добивки. Следна компанија од Струмица која вработува најголем број на луѓе е фирмата „Ал-Мак“, која се занимава со производство на мебел и каде лани работеле 287 луѓе. Следува текстилната компанија, „Дени Компани“, која се занимава со производство на друга горна облека лани работеле 167 луѓе, потоа во „Макс“ – компанија за производство на зачини и други производи каде минатата година работеле 157 луѓе а во текстилната компанија „Единство“ биле вработени 139 луѓе.

Петте компании од Струмица кои лани имале најголеми добивки – заедно заработиле повеќе од 10 милиони евра.

Компанијата „Еленица“ е на врвот на листата компании со најголема добивка минатата година, чија добивка изнесува 2,7 милиони евра. Приходите во компанијата се 5,1 милиони евра. А во оваа компанија која е од дејноста производство на цигли и ќерамиди лани работеле 68 луѓе.

Следна компанија на листата со најголема добивка е „Сим инжинеринг“, каде минатата година е направена добивка од 2,5 милиони евра. Во оваа градежна компанија приходите лани изнесувале 5,4 милиони евра а вработени биле 12 луѓе.

Трета компанија која има најголема добивка е „Жикол“, која е на врвот на листата по бројот на вработени, но и на врвот на листата по приходите што ги имала минатата година. Оносно, лани во градежната компанија направена е добивка во износ од 2,1 милиони евра, а приходите се 22 милиони евра, а вработувала и најмногу луѓе, односно 483.

Струмичката компанија за товарен транспорт, „Јавор транс“ со 41 вработен колку што имал лани, се најде на четвртото место по однос на добивката што ја има направено во текот на минатата година, која изнесува 1,6 милиони евра а приходите во фирмата биле 4,8 милиони евра.

Компанијата „Макс“ која се занимава со производство на зачини и други производи и која високо котира и по бројот на вработени во Струмица, односно вработува 157 луѓе, лани имала добивка од 1,2 милиони евра а приходите биле 11,2 милиони евра.

Последна на листата „20 компании од Струмица“ со најголеми добивки е „Мамас фоод“, каде добивката е околу 380 илјади евра а има тројца вработени во текот на минатата година.

Во Струмица на листата компании кои имале најголеми приходи во текот на минатат година, лидер е „Жикол“, потоа следува „Металопромет“, која се занимава со трговија на мало на моторни горива и мазива во специјаизирани продавници. Во оваа компанија лани имало приходи од 15,4 милиони евра, добивка од 142 илјади евра, а работеле 62 работници.

Трета на листата според најголеми приходи е „Адиенте аутомотив“, а потоа следува струмичката „Јавор шпед оил“ која се занимава со трговија на големо со цврсти течни и гасовити горива. Во оваа компанија лани приходите изнесувале 14 милиони евра, добивката била 180 илјади евра а работеле само тројца вработени.

Тука погледнете ја листата Топ 20 компанииод Струмица кои имаат најголеми приходи

Анализа на податоци: Таргет груп

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!